Свет
Тројцата најбогати луѓе во светот нема да платат данок оваа година
По преселбата на Илон Маск во Тексас, сега сите тројца најбогати луѓе во светот живеат во американски држави каде што не наплаќаат данок на доход.
На 8 декември беше објавено дека Маск го напуштил својот дом во Калифорнија за да замине за Тексас, каде што се гради нова фабрика на „Тесла“.
Најбогатиот човек во светот Џеф Безос, чие богатство е со вредност од 183 милијарди долари, живее во државата Вашингтон. Креаторот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, кој е третиот на листата на милијардери на „Блумберг“, исто така живее во Вашингтон.
Тексас и Вашингтон се две од девет американски држави што не наплаќаат данок на доход. Другите седум се Алјаска, Невада, Њу Хемпшир, Јужна Дакота, Тенеси и Вајоминг.
Инаку, за Маск оваа година беше плодна. Неговото богатство е во пораст, како што растат акциите на „Тесла“. Пред два дена акциите на компанијата се зголемиле 6 проценти постигнувајќи ново највисоко ниво од 695 долари.
Во изминатите 12 месеци на својата нето-вредност додаде над 127 милијарди долари. Според „Форбс“, само неговата ракетна компанија „Спејс икс“ сега се проценува на 46 милијарди долари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Милтон трајно ќе го промени обликот на цела Флорида: Ураганот може да потопи до 95 отсто од плажите
Се очекува ураганот Милтон да биде толку моќен што ќе ги покрие речиси сите плажи на западниот брег на Флорида и со тоа трајно ќе го промени брегот на таа американска држава, предупредуваат експертите, пишува Њујорк пост.
Се предвидува дека најмалку 95 отсто од плажите на западниот брег на Флорида ќе бидат поплавени откако ураганот ќе падне на копно.
„Тоа е најтешката форма на промена на брегот“, предупреди федералната агенција, додавајќи дека „брановите и плимата и осеката на ураганот Милтон“ може да предизвикаат „ерозија и поплави“ на сите плажи во државата.
„Значењето на предвидената промена на крајбрежјето поради влијанието на Милтон врз западниот брег на Флорида не може да се прецени“, рече научникот Кара Доран од Американскиот геолошки институт (USGS).
Штетата е уште поголема бидејќи „заедниците се поранливи на влијанието на оваа бура поради ерозијата што се случи неодамна од ураганот Хелен“, нагласи таа.
Сликите од Националната управа за океани и атмосфера по Хелен покажаа дека западниот брег на Флорида веќе доживеал „поплавување и целосна ерозија на тие дини“, што значи дека заштитните песочни брегови долж брегот повеќе не постојат на многу места, забележа научникот.
Експертите на USGS предвидуваат сериозно ниво на промена на брегот што најверојатно ќе предизвика поплави зад песочните дини и ќе ги загрози крајбрежните заедници.
Европа
(Видео) Државен функционер од партијата на Зеленски снимен како лежи над куп пари: уапсен со мајка му
Државното биро за истраги во Украина објави видео од службеник на пензискиот фонд како лежи на кревет над куп готовина, а тој и неговата мајка подоцна беа уапсени со речиси 6 милиони долари во готовина.
Државното биро за истраги (СБИ) објави дека агенти извршиле рација во канцеларијата на шефот на Регионалниот центар за медицинска и социјална заштита Хмелницки, како дел од истрагата за фалсификување на лажни потврди за попреченост кои им дозволуваат на мажите да избегнуваат воена служба.
Агентите пронајдоа 100.000 долари во канцеларијата заедно со списоци на мажи со фиктивна попреченост. Во понатамошниот претрес на имотот на мајката и синот се пронајдени повеќе од 5,2 милиони долари, 300.000 евра и повеќе од 5 милиони украински гривни.
Наводно, станува збор за членови на партијата Слуга на народот, чиј лидер е актуелниот претседател на државата, Володимир Зеленски.
Свет
(Видео) Милтон сега е ураган од прва категорија
Околу 12:30 часот по локално време, „окото“ на бурата се придвижи кон внатрешноста, носејќи обилни дождови на североисток кон Орландо. Во меѓувреме, надворешните појаси на бурата се шират кон исток, носејќи силни ветрови во областа на заливот Тампа.
Како што тие ветрови ќе се вратат кон заливот подоцна вечерва, заливот – кој се испразни рано оваа вечер – повторно ќе се наполни со вода, рече метеорологот на Си-ен-ен, Чад Мајерс.
Неколку часа по неговото првично пристигнување, Милтон сега е ураган од прва категорија и се наоѓа на околу 40 милји (65 километри) југо-југозападно од Орландо.