Свет
Правда по 28 години: викар и калуѓерка виновни за убиство во Индија
Во едно од најдолгите судења за убиства, 28 години откако нејзиното тело беше пронајдено фрлено во бунар, Специјалниот суд на Индиската истражна агенција, Централното биро за истраги (ЦБИ), ги прогласи еден викар и една калуѓерка за виновни за убиството на 19-годишната сестра Абхаја во индиската држава Керала, пренесува „Хиндустан тајмс“.
Првично случајот беше отфрлен од локалната државна полиција на Керала како самоубиство, но вревата за ова прашање ја принуди полицијата да ја испита работата потемелно. Според упатствата на судот, случајот бил пренесен во највисоката истражна агенција во земјата, Централното биро за истраги (ЦБИ).
When truth prevails, God prevails. 2020 ain't that bad. #SisterAbhaya#abhayacase #abhayacaseverdict pic.twitter.com/0AdSm6etyM
— Renjith ravi (@Renjith70960935) December 22, 2020
Грозоморниот случај е преполн со елементи на мистерија и убиство и ја шокира нацијата во 1992 година. Само неколку дена пред Божик, викарот отец Томас Котур и монахињата сестра Сефи беа прогласени за виновни за убиство и за прикривање докази.
ЦБИ го информира Специјалниот суд дека сестра Абхаја била сведок на интимни односи меѓу Котур и Сефи на 27 март 1992 година кога одела од својата хостелска соба во кујната рано наутро во 4.15 часот.
Според ЦБИ, Сефи – плашејќи се дека сестра Абхаја може да им каже на другите и дека таа и Котур ќе бидат протерани од црквата – во лутина ја удрила сестра Абхаја со секира, а потоа Котур ѝ помогнал да ја фрлат во бунарот додека сè уште била жива.
Such a wait for justice! Nearly 28 years! #CBI court to deliver its final judgement on the death of #SisterAbhaya – a teenaged nun who was found dead in a convent well in March 27, 1992. Case was first investigated by local #Police & State crime branch. #Kottayam #Kerala pic.twitter.com/tF843RGzjA
— biju govind (@bijugovind) December 22, 2020
На судот му беше кажано дека двајцата ги уништиле доказите и ја довеле во заблуда црквата за да ги скријат своите сексуални односи.
Казната за сторителите ќе биде изречена в среда, 23 декември.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп: Земјите-членки на Одборот за мир ќе обезбедат повеќе од пет милијарди долари за Појасот Газа
Претседателот на САД, Доналд Трамп најави дека земјите-членки на новоформираниот Одбор за мир на првиот состанок в четврток же издвојат повеќе од пет милијарди долари помош за обнова на Појасот Газа.
Трамп на својата социјална мрежа „Трут соушл“ објави дека земјите-членки ветиле дека ќе испратат илјадници сили за стабилизација, одобрени од Обединетите нации и локалната полиција во палестинската енклава.
Тој наведе и дека првиот „формален состанок на групата“, ќе се одржи во Институтот за мир „Доналд Џ. Трамп“, кој Стејт департментот неодамна го преименува по претседателот.
Се очекува да присуствуваат делегации од повеќе од 20 земји, како и шефови на држави.
Свет
Во израелски напади врз Појасот Газа загинаа најмалку 11 луѓе
Во израелски напади врз Појасот Газа загинаа најмалку 11 луѓе. Израел тврди дека нападот е одговор на кршењето на примирјето од страна на Хамас.
Според палестински медицински извори, во израелскиот воздушен напад врз шаторски камп, каде се сместени раселени семејства загинале најмалку четири лица. Во друг напад врз Кан Јунис загинаа пет луѓе, а при напад во северниот дел на енклавата убиен е уште еден човек.
Портпаролот на Хамас, Хазем Касем изјави дека Израел извршил уште еден „масакр“ врз раселените Палестинци, нарекувајќи го инцидентот сериозно прекршување на прекинот на огнот неколку дена пред првиот состанок на Советот за мир на американскиот претседател Доналд Трамп.
Израелски воен претставник наведе дека нападите биле „прецизни“ и во согласност со меѓународното право, додавајќи оти Хамас постојано го крши договорот за прекин на огнот, постигнат во октомври минатата година. Според него, вооружени лица вчера излегле од тунел на израелска страна во областа Беит Ханун.
Касем ги повика учесниците на првиот состанок на новиот меѓународен Совет за мир во Појасот Газа да извршат притисок врз Израел да престане да го крши прекинот на огнот и да го спроведе договорот без одложување.
Свет
Поплави и свлечишта во јужна Италија
Јужниот дел на Италија е погодена од уште еден средоземен циклон што предизвика поплави и лизгање на земјиштето.
Поради бурата Оријана во Калабрија, Сицилија и Сардинија наредена е евакуација на населението.
Италијанската противпожарна служба соопшти дека за 72 часа добиле 2.000 повици за помош.
Оријана ја погоди Италија откако го погоди Иберискиот Полуостров. Тоа е втора бура што ја погоди јужна Италија по циклонот Хари кон крајот на јануари.

