Свет
Нуклеарна подморница на САД вплови во Персискиот Залив
Нуклеарна американска подморница помина низ теснината Ормуз и во Персискиот Залив во очигледна демонстрација на закана кон Иран откако израелска подморница наводно изведе слична екскурзија во Црвеното Море, пренесува РТ.
„УСС Џорџа“ (SSGN-729) е нуклеарна подморница од класата „Охајо“, која не носи балистички нуклеарни бојни глави, туку 154 крстосувачки ракети „томахавк“ – или 66 специјални оперативци, истакна во понеделникот морнарицата објавувајќи го транзитот на бродот во Арапскиот Залив, како што САД го нарекуваат Перисискиот Залив.
JUST IN: #USNavy's #USSGeorgia transits #StraitofHormuz with cruisers #USSPortRoyal and #USSPhilippineSea. Georgia’s presence in @US5thFleet demonstrates the fleet's ability to operate wherever international law allows. #forcetobereckonedwith
DETAILS ➡️ https://t.co/PObIHE2XC6 pic.twitter.com/ys8cBbnm7k
— U.S. Navy (@USNavy) December 21, 2020
„Џорџа“ беше придружувана од носачите на ракети „УСС порт ројал“ (ЦГ 73) и „УСС Филипин си“ (ЦГ 58), а транзитот го изврши во неделата, објави морнарицата еден ден подоцна. Тоа беше само второ такво признание во последните осум години.
По објавата, израелскиот јавен радиодифузер „Кан“ објави дека една од израелските подморници минатата недела поминала низ Суецкиот Канал со одобрение од Египет. Сепак, извештајот на Кан цитира арапски разузнавачки извори додека израелските одбранбени сили одбија официјално да коментираат.
Israel will not allow the threats of Iran to intimidate our country. This IDF Naval submarine crossing the Suez Canal with Egyptian clearance sends a clear and direct message to the Ayatollah and Iran. We will beat you back.https://t.co/crTbmcxvOF
— Benjamin Anthony (@BenAnthony1948) December 21, 2020
Поморските демонстрации на моќ доаѓаат по минатомесечното убиство на нуклеарниот научник Мохсен Фахризаде, кој наводно ја водел иранската нуклеарна програма. Техеран го обвини Израел за убиството.
Командантот на Централната американска команда (ЦЕНТКОМ), генерал Кенет Мекензи, во моментот е во посета на Блискиот Исток иако не е посочено каде точно се наоѓа. Претходно овој месец, САД испратија два атомски бомбардера во регионот како друга порака до Техеран повикувајќи се на неодредени извештаи за потенцијална закана од напади од милиции поддржани од Иран.
Низ теснината Ормуз често патролираат бродови на ИРГЦ, што во минатото доведе до спорови со американските поморски сили, кои дејствуваат во оваа област. Годишнината од нападот на американските беспилотни летала, во кој загина командантот на ИРГЦ, генерал Касем Солејмани, исто се наближува.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп: Земјите-членки на Одборот за мир ќе обезбедат повеќе од пет милијарди долари за Појасот Газа
Претседателот на САД, Доналд Трамп најави дека земјите-членки на новоформираниот Одбор за мир на првиот состанок в четврток же издвојат повеќе од пет милијарди долари помош за обнова на Појасот Газа.
Трамп на својата социјална мрежа „Трут соушл“ објави дека земјите-членки ветиле дека ќе испратат илјадници сили за стабилизација, одобрени од Обединетите нации и локалната полиција во палестинската енклава.
Тој наведе и дека првиот „формален состанок на групата“, ќе се одржи во Институтот за мир „Доналд Џ. Трамп“, кој Стејт департментот неодамна го преименува по претседателот.
Се очекува да присуствуваат делегации од повеќе од 20 земји, како и шефови на држави.
Свет
Во израелски напади врз Појасот Газа загинаа најмалку 11 луѓе
Во израелски напади врз Појасот Газа загинаа најмалку 11 луѓе. Израел тврди дека нападот е одговор на кршењето на примирјето од страна на Хамас.
Според палестински медицински извори, во израелскиот воздушен напад врз шаторски камп, каде се сместени раселени семејства загинале најмалку четири лица. Во друг напад врз Кан Јунис загинаа пет луѓе, а при напад во северниот дел на енклавата убиен е уште еден човек.
Портпаролот на Хамас, Хазем Касем изјави дека Израел извршил уште еден „масакр“ врз раселените Палестинци, нарекувајќи го инцидентот сериозно прекршување на прекинот на огнот неколку дена пред првиот состанок на Советот за мир на американскиот претседател Доналд Трамп.
Израелски воен претставник наведе дека нападите биле „прецизни“ и во согласност со меѓународното право, додавајќи оти Хамас постојано го крши договорот за прекин на огнот, постигнат во октомври минатата година. Според него, вооружени лица вчера излегле од тунел на израелска страна во областа Беит Ханун.
Касем ги повика учесниците на првиот состанок на новиот меѓународен Совет за мир во Појасот Газа да извршат притисок врз Израел да престане да го крши прекинот на огнот и да го спроведе договорот без одложување.
Свет
Поплави и свлечишта во јужна Италија
Јужниот дел на Италија е погодена од уште еден средоземен циклон што предизвика поплави и лизгање на земјиштето.
Поради бурата Оријана во Калабрија, Сицилија и Сардинија наредена е евакуација на населението.
Италијанската противпожарна служба соопшти дека за 72 часа добиле 2.000 повици за помош.
Оријана ја погоди Италија откако го погоди Иберискиот Полуостров. Тоа е втора бура што ја погоди јужна Италија по циклонот Хари кон крајот на јануари.

