Свет
Путин си обезбеди доживотна функција
Рускиот претседател, Владимир Путин, потпиша закон за измена на процедурата за формирање на Сенатот, горниот дом на парламентот.
Законот, меѓу другото, им овозможува на поранешните претседатели да бидат доживотни сенатори ако тоа го сакаат.
Според новиот закон, поранешниот претседател ќе има статус сенатор од моментот на поднесување на барањето на Советот на Федерацијата за што има рок од три месеци од денот на престанок на извршување на функцијата. Доколку овластувањата му истекле пред усвојување на законот, барањето може да се поднесе во кое било време, пренесе ТАСС.
Законот исто така дозволува сегашниот претседател да назначува сенатори, од кои може да има најмногу 30, а само седум може да имаат доживотно членство, додека другите имаат мандат од шест години.
Законот може да важи само за државјани на Руската Федерација, постари од 30 години, со беспрекорна репутација, кои трајно престојуваат во Русија, кои немаат странско државјанство или дозвола за престој или кој било друг документ со кој се потврдува нивното право на постојан престој во странска земја.
Лицата што издржале тешки затворски казни или се обвинети за сериозни или умерени кривични дела нема да може да ја извршуваат функцијата сенатор, како што е предвидено со овој закон, кој е објавен и веќе стапи во сила.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Бебето кое исчезна од породилиштето во Виена е пронајдено мртво во корпа за ѓубре, уапсена мајката
Бебето кое исчезна вчера од болница во Виена утрово е пронајдено мртво во корпа за отпадоци во близина на болницата, пишуваат австриските медиуми.
Како што соопштија истражителите, доенчето било завиткано во најлонска кеса, а мајката (29) на еднонеделното бебе е уапсена.
Вчера медицинската сестра забележала дека бебето не е во собата, а не била ниту мајката, па била повикана полиција која веднаш почнала интензивна потрага.
Ги проверувале сите автомобили, дури и ранците на велосипедистите, а во потрагата учествувале и кучиња трагачи. Во текот на вечерта мајката била сослушана во полиција. Што им кажала се’ уште не е познато.
Сослушан е и наводниот татко на детето, чие татковство мајката не сакала да го признае, велат од полицијата. Тој не е осомничен за кривичното дело.
Свет
Министерство за одбрана на Русија: Сите бојни глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта
Руското Министерство за одбрана соопшти дека сите бојни глави на балистичката ракета со среден дострел „Орешник“ стигнале до украинскиот воено-индустриски комплекс во Днепро (поранешен Днепропетровск).
„На 21 ноември 2024 година, како одговор на употребата на американско и британско оружје со долг дострел против објекти на територијата на Руската Федерација, вооружените сили извршија комбиниран напад врз еден од објектите на воено-индустрискиот комплекс. Нападот беше успешно искористен со ненуклеарна хиперсонична опрема“, се наведува во соопштението.
Рускиот претседател Владимир Путин во четвртокот вечерта објави дека Украина употребила западно оружје со долг дострел против руската држава поради што регионалниот конфликт доби елементи на глобален.
Тој исто така рече дека еден од најновите руски ракетни системи со среден дострел, балистичката ракета „Орешник“, бил тестиран во борбени услови.
Свет
Песков: Русија покажа способност да одговори на акциите на Западот
Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков денеска изјави дека Русија покажала способност да одговори на акциите на Западот со употреба на балистички ракети и оцени дека американската администрација во заминување продолжува да го следи патот на ескалација на конфликтот во Украина.
„Гледаме дека администрацијата во заминување на американскиот претседател Џозеф Бајден претпочита да оди понатаму по патот на ескалацијата и тоа го прави со прилично непромислена ескалација“, им рече Песков на новинарите.
Според неговите зборови, рускиот претседател Владимир Путин бил и останува отворен за контакти во врска со решавањето на украинскиот конфликт и транзицијата кон мирен пат.