Црна хроника
Два случаи на грабежи над имигранти во Македонија
Два одделни случаи на извршени грабежи над имигранти регистрирани се деновиве во Македонија, при што во едниот случај биле ограбени илегални имигранти од Мароко, а во другиот азилант од Пакистан.
Првиот случај бил регистриран во близина на битолското село Логовради, кога четворица Мароканци, кои илегално влегле во Македонија, пријавиле дека две лица со закана со пиштол им одзеле два мобилни телефони и 400 евра.По превземените мерки, полицијата открила дека разбојништвото го извеле двајца Битолчани, на возраст од 28, односно 20 години, против кои ќе биде поднесена кривична пријава.Вториот случај е регистриран во Скопје, поточно во центарот на Шуто Оризари, кога 10-15 непознати лица ограбиле едно лице од Пакистан, кој имал привремен престој во прифатниот центар за азиланти во Визбегово.Разбојништвото лицата го извршиле на тој начин што го пресретнале и му се нафрлиле, удирајќи го со боксови и клоци, а откако го собориле на земја му одзеле 500 евра, 1.200,00 денари и мобилен телефон марка „Самсунг .Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителите. /крај/со/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена од скопско село измамена за 95.400 денари со лажно ветување за стан и вработување
54-годишна жена од скопско село пријавила дека била измамена за сума од 95.400 денари.
Според пријавеното, во текот на изминатата година таа во неколку наврати му исплатила пари на едно лице, кое ѝ ветувало дека ќе ѝ помогне да купи стан во Скопје и да ја вработи нејзината ќерка како цариник.
Како што било пријавено, по извесно време лицето престанало да одговара на нејзините телефонски повици, по што таа сфатила дека била измамена.
Од СВР Скопје информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Тепачка во авион од Германија што слетал на скопскиот аеродром
Тепачка се случила вчера во авион од Германија што слетал на скопскиот аеродром.
Според информациите од МВР, вчера во 17:00 часот во СВР Скопје, од Граничен премин Меѓународен аеродром Скопје е пријавено дека околу 16:40 часот во авион кој слетал од Германија бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Г.Ф.(49) од Германија и 45-годишната Г.Ф. од Скопје од една страна и Ш.С.(38) од с.Лопате, кумановско, од друга страна.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
16-годишник со автомобил удрил во пешак во Скопје
Вчера околу 22:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Македонско- косовска бригада“ во Скопје, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 16-годишник од Скопје, удрило во пешакот М.И.(57) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје. По целосно дококументирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

