Црна хроника
Обвинение против жител на Крива Паланка за кражба од црква

Жител на Крива Паланка во периодот од 17 и 18 декември ја ограбил црквата „Свети Кузман и Дамјан“ во Говрлево, при што одзел 30.000 денари.
„Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен предлог против 38-годишник од Крива Паланка со престојувалиште во Скопје за кривично дело тешка кражба во согласност со член 236 став 1 точка 1 од Кривичниот законик.
Обвинетиот во периодот меѓу 17 и 18 декември ја прескокнал оградата и влегол во црквата „Свети Кузман и Дамјан“ во Говрлево, каде што забележал метална каса. Со употреба на погоден предмет – тесла ја отворил касата и одзел 30.000 денари по што избегал.
Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице за кое ценеше дека и натаму постои опасност да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон“, се наведува во соопштението на Обвинителството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Изгоре стан во Прилеп, поради вдишување чад две лица пренесени во болница

Вчера околу 13.00 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека во населба „Точила“ во Прилеп настанал пожар во стан сопственост на Т.Ј., во кој престојувала неговата неговата сестра Ц.С.(51) и неговиот зет Д.П.(40), двајцата од Скопје.
Од екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп пожарот бил изгаснат, а поради вдишување чад Ц.С. и сосетката С.П.(73) од Прилеп биле пренесени во болницата во Прилеп за укажување лекарска помош.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.
Црна хроника
Уапсен битолчанец, ја истепал својата сопруга

Вчера во 23.45 часот, полициски службеници од ОВР Крушево го лишиле од слобода 27-годишниот Ѓ.С. од Битола, со престој во крушевско село, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата сопруга.
По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Во полиција пријавен 17-годишник од установа за згрижување деца: агресивно се однесувал, се заканувал, па искршил инвентар во службените простории

Вчера во 10.20 часот во Полициската станица Карпош, од Јавната установа за згрижување деца – Организациона единица Влае било пријавено дека нивниот штитеник 17-годишниот Р.М. го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување, упатувал закани на вработено лице, оштетил дел од инвентарот во службените простории, по што се оддалечил од установата, од која и претходно се оддалечувал и бил враќан.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.