Црна хроника
Кривична пријава за сопственик на угостителски објект поради непочитување на работното време

Угостителски објект во кочанското село Грдовци не го почитувал работното време, при што синоќа, по 22 часот, полицијата затекнала гости присутни во локалот.
„Во угостителскиот објект во с. Грдовци, Кочанско, полициски службеници од ОВР Кочани затекнале неколку гости, односно било констатирано дека сопственикот не ги почитувал мерките донесени од Владата за спречување ширење на Ковид-19, односно не го почитувал работното време.
По насоки од ЈО Кочани и по целосно документирање на случајот, против одговорното лице ќе биде поднесена кривична пријава по чл. 206 од Кривичниот законик , „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Уапсен прилепчанец, возел со двојно поголема брзина од дозволената

Вчера во 15:18 часот на улицата „Карпалак“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода З.Т.(42) од Прилеп.
При сообраќајна контрола со радар, полициските службеници констатирале дека управувал товарно возило „фолксваген” со скопски регистарски ознаки со брзина од 121 километар на час на место каде брзината на движење е ограничена со сообраќаен знак на 50 километри на час.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило”.
Црна хроника
Уапсен бегалец од затвор, вратен во установата

Полицијата уапси едно лице кое избегало од затворот во Струмица и го врати во установата.
Според информациите на МВР, вчера во 20:55 часот во с. Бела Црква, општина Кривогаштани, полициски службеници го лишија од слобода С.М. (31) од Штип, кој бил баран со потерница поради бегство од Затвор Струмица.
С.М. е осуден на казна затвор во времетраење од пет години. Тој е предаден на Затвор Струмица.
Топ
Уапсени двајца турски државјани во Скопје, му се заканувале на едно лице дека ќе го убијат ако не му дадат пари

Вчера во 18:40 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од Единицата за насилен криминал и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, во координација со јавен обвинител, ги лишија од слобода Е.О.(29) и Е.А.(22), двајцата од Република Турција.
Тие се затекнати при примање 40.000 евра од Х.Џ.Ч.(26) од Република Турција, со привремен престој во Скопје, кои претходно се кримтехнички обработени.
Имено, претходно во полициска станица Х.Џ.Ч. пријавил дека неколку дена лицето Б.О. од Република Туција, кој живеее во Обединетите Арапски Емирати, постојано му се заканувал дека ќе го убие ако не му дава пари. Според пријавеното, пред да го пријави настанот во полиција, му се јавил Е.О. и го известил дека парите треба му ги даде нему и дека на договореното место ќе дојде со уште едно лице.
Двајцата се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.