Контакт

Свет

Разговорите за нормализација на Мароко и Израел почнале уште во 2018 година

Објавено пред

Шефот на мароканската дипломатија, Насер Бурита, обелодени во интервју за израелскиот канал i24 News детали за мировниот договор меѓу неговата земја и Израел, пренесува „Мидл Ист монитор“.

dobivaj vesti na viber

Бурита изјави дека разговорите за нормализација со Израел почнале во 2018 година и дека клучниот играч за поддршка на овој процес бил кралот Мохамед Шести.

„Кралот имаше верба во процесот и се погрижи тој да биде стабилен во начинот на кој се чувствуваше најудобно. По обемна работа, резултатот беше позитивен и ги исполни очекувањата и беше во согласност со визијата на Мохамед Шести“, додаде Бурита.

Мароканскиот министер продолжи:

„Од 2018 година наваму имаше многу контакти, според упатствата на неговото височество. Неговото височество разговараше со американскиот претседател и испрати делегации во САД не само за да се сретне со американски претставници туку и со Израелците“.

Бурита истакна дека односите со Израел не се косат со поддршката и застапувањето на Мароко за палестинската кауза, истовремено поздравувајќи го американското признавање на суверенитетот на Мароко над Западна Сахара и поддршката на Вашингтон за позицијата на Рабат по ова прашање.

„Одбраната на палестинската кауза не е во спротивност со нормализирање на односите со Израел. Мароко ја докажа својата ефикасна улога по ова прашање во текот на историјата и ова не е прв пат Мароко да објавува односи со Израел зашто како и секогаш овие односи треба да им служат на соработката и мирот во регионот“.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Колку плаќаат Русите за Денот на победата: Москва блокирана, таксито двојно поскапо

Објавено пред

Парадата на победата во Москва, која се одржува секоја година на 9 мај на Црвениот плоштад, е еден од најважните државни собири во Русија.

dobivaj vesti na viber

Иако официјалните податоци за трошоците за парадата не се секогаш јавно достапни, одредени извори даваат увид во обемот и трошоците за организирање на овој настан.

Илјадници војници, стотици воена опрема
Парадата вклучува поминување на повеќе од 9.000 војници, 110 парчиња тешка воена опрема, 70 авиони и хеликоптери, придружувани од воен оркестар од 1.100 музичари. Подготовките за парадата вклучуваат речиси два месеци обука на единицата во Алабин, 50 километри југозападно од Москва, каде што се наоѓа реплика на Црвениот плоштад.

Исто така, потребно е да се извршат поправки на тротоарите на Црвениот плоштад и околните области, како и да се подготват патиштата за пристигнување на воени возила. Покрај тоа, градските работници беа ангажирани за чистење на големи советски симболи, како што е црвената и златната ѕвезда, објави веб-страницата на Џејмс Таун.

Трошоци за парадата
Според достапните податоци, трошоците за организирање на парадата во 2025 година се проценуваат на околу 205 милиони рубли (приближно 6,3 милиони американски долари). Оваа сума опфаќа различни аспекти на организацијата, вклучувајќи подготовки, логистика и поправки на инфраструктурата. За споредба, трошоците за парадата во 2019 година надминаа 450 милиони рубли, според веб-страницата на „Статиста“.

Од економски ефект, според написите во странските медиуми, парадата може да влијае и на целокупната економија поради дополнителните неработни денови, затворање на сообраќајот во центарот на Москва, можните трошоци за безбедност. Проблеми со мобилната врска за време на парадата. Цените на такси услугите во Москва нагло се зголемија поради недостаток на бесплатни возила, како што објави агенцијата РИА Новости. Оваа ситуација беше дополнително влошена од проблемите со мобилната врска и интернетот, што создаде дополнителни тешкотии во функционирањето на такси услугата.

Операторите, банките и онлајн услугите веќе се информирани дека може да има тешкотии со поврзувањето, па затоа експертите препорачуваат користење на Wi-Fi мрежи во тие денови.

Претходно беше објавено и дека на 7 и 9 мај ќе бидат воведени привремени ограничувања во работењето на услугите за изнајмување, како што се електрични скутери, велосипеди, споделување автомобили и такси. Како што објасни заменик-градоначалникот на Москва, Максим Ликсутов, овие мерки се поврзани со подготовките и одржувањето на настаните по повод 80-годишнината од победата во Втората светска војна.

Според написите, парадата на победата во Москва е значаен настан што бара значителни инвестиции во подготовка и организација. Иако трошоците може да изгледаат високи, тие го одразуваат обемот и значењето на овој настан за Русија, што е многу значајно.

Прикажи повеќе...

Регион

Вучиќ за посетата на Москва: Последиците ќе ги почувствувам лично јас, Западот се заканува наместо да изрази разбирање

Објавено пред

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека неговата посета на Москва е важна од конкретни, рационални причини, вклучувајќи ги прашањата за енергијата и билатералните односи, но дека наместо разбирање од Западот, тој добива закани и обиди за заплашување.

dobivaj vesti na viber

„Не очекувам рационални одговори, туку притисок“, рече Вучиќ коментирајќи ги реакциите на западните претставници на неговото патување во Москва по повод Денот на победата.

Вучиќ нагласи дека тој лично првенствено ќе ги почувствува последиците од присуството на Парадата на победата. Тој исто така даде емотивен коментар за историските односи меѓу Србија и Западот:

„Наместо да се однесуваат благо кон нас, што би било логично, да речат – направивме неправда кон таа мала, но горда земја, кон тој бунтовен народ, што друго сакаме од нив? Да навиваат за нас затоа што ги бомбардиравме, затоа што беа убиени 2.500 луѓе?“, рече Вучиќ.

Тој ги обвини западните политичари дека не ѝ нудат на Србија разбирање, туку само закани и заплашување. Тој особено го издвои европратеникот Тонино Пицула велејќи дека и тој му испратил слични пораки.

Коментирајќи ги студентските протести во Белград и барањата за предвремени парламентарни избори, Вучиќ рече дека ќе има избори, но кога – тој ќе одлучи.

„Подгответе се за избори, тие нема да траат долго, но нема да ги распишат оние што се сметаат за неспособни, туку јас“, рече претседателот на Србија.

Вучиќ исто така упати низа прашања до Западот забележувајќи двојни стандарди кон Србија.

„Дали мислите на Јасеновац? Одземањето на Косово? Воените сојузи што ги направивте – Хрватска, Албанија, како велите Косово? Значи, сакате да ги проширите кон Бугарија?“, рече Вучиќ коментирајќи ги пораките што, како што вели, младите луѓе во Србија ги добиваат од западните дипломати.

Зборувајќи за неговата неодамнешна посета на САД и престојот на Флорида, Вучиќ ги отфрли тврдењата дека бил запрен или дека бил непосакуван гостин. Тој рече дека неговата цел не била да се фотографира со Доналд Трамп, туку да разговара за конкретни теми важни за Србија.

„Веќе петпати сум бил со Трамп. Не ме интересира имиџот. Ме интересира што можам да направам за мојот народ. Го почитувам американскиот претседател и мислам дека тој прави многу добри работи за светот“, рече Вучиќ.

Тој додаде дека му е особено жал што не можел да присуствува на настанот организиран од Скот Бесент и Ричард Гренел бидејќи нивните царини се одлучуваат таму.

Вучиќ ја прекина посетата на САД минатата недела поради наводни здравствени проблеми и итно се врати во Белград, потсетуваат медиумите.

Прикажи повеќе...

Свет

Повторно црн чад над Ватикан, не е избран нов папа

Објавено пред

Најголемата конклава во историјата на Католичката црква продолжува денеска за избор на нов папа. Црн чад е забележан над Ватикан, што значи дека не е избран нов лидер. Денеска може да се одржат четири круга на гласање бидејќи синоќа, очекувано, по првиот круг гласање, не беше избран новиот папа.

dobivaj vesti na viber

Сега за кардиналите следува ручек во Куќата на Санта Марта, а во 15.45 часот во апостолската палата.

Гласањето продолжува во Сикстинската капела од 17.30 до 19.30 часот.

Црковниот историчар Ребека Рист во интервју за Би-би-си изјави дека очекува одлука за новиот папа до сабота.

„Мислам дека Црквата токму сега сфаќа дека треба да ги зближи луѓето, дека не сакаат таа да изгледа поделено“, рече професорот по средновековна историја на Универзитетот во Ридинг.

За изборот на папа е потребно двотретинско мнозинство или 89 гласа. Кога ќе се појави бел чад од оџакот, тоа е сигнал дека е избран нов црковен поглавар.

Во тајното гласање учествуваат рекордни 133 кардинали од 70 земји наспроти 115 од 48 земји на последната конклава одржана во 2013 година.

Овој раст е одраз на напорите на починатиот папа Франциско да го прошири досегот на Црквата за време на својот 12-годишен понтификат.

Нема јасни фаворити за новиот папа иако италијанскиот кардинал Пјетро Паролин и филипинскиот кардинал Луис Антонио Тагле се сметаат за фаворити.

Паролин служеше како државен секретар, втора највисока позиција во Ватикан, за речиси целиот понтификат на папата Франциско.

Неговата улога и умерените ставови за многу општествени прашања укажуваат дека, доколку биде избран за папа, тој ќе ја продолжи политиката на својот претходник. Во исто време, изворите тврдат дека тој би можел да помири разни фракции во Црквата.

Фаворитот за новиот папа од Азија, филипинскиот кардинал Луис Антонио Тагле, е харизматичен и умерен, кој често го нарекуваат Франциско од Азија.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Економија10 минути

Дурмиши ги предупреди трговците: Ако има енормно зголемување на цените, ќе има поригорозни мерки

Нови поригорозни мерки ќе бидат воведени доколку државниот пазарен инспекторат утврди енормно зголемување на цените на производите откако се укинаа...

Македонија20 минути

Димитриевски: Цел на лагите на СДСМ не сум јас, туку ЗНАМ како најбрзорастечка партија во Македонија

Претседателот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски денеска одржа прес-конференција. „Од моментот на влез во политиката до...

Македонија48 минути

Апасиев од Москва: „Нашите дедовци, партизаните, се бореа рамо до рамо со народите на Советскиот Сојуз“

На покана на претседателот на Комунистичката партија на Руската Федерација (КПРФ) Генадиј Зјуганов, претседателот на Левица, Димитар Апасиев заедно со...

Македонија2 часа

Филипче за можната коалиција со ДУИ и со Таравари: Ќе разговараме со сите политички партии

Лидерот на опозицискиот Социјадемократски сојуз (СДСМ) не ја исклучи можноста за коалиција со Демократската унија за интеграција (ДУИ) и со...

Македонија3 часа

30-годишник призна вина за ширење омраза: коментирал објави за Парадата на гордоста во Скопје и повикувал на насилство

Постапувајќи по поднесен обвинителен предлог од Основното јавно обвинителство Скопје, Основниот кривичен суд Скопје донесе пресуда со која осуди едно...

Топ3 часа

Изгоре стан во Кичево, загина жена

Жена загина синоќа во пожар во својот стан. Пожарот избил на улицата 4 Јули во Кичево, а починатата е 72-годишна...

Македонија4 часа

„Влен“: Таравари украде пратенички мандати на граѓаните во име на промената, а сега се обидува да ги фрли во казанот на ДУИ

ДУИ не може да се дефинира поинаку освен како казан во кој вријат кражби, криминал и корупција. Токму во тој...

Македонија5 часа

ДУИ разочарана: Преку самопонижување албанските партнери од коалицијата „Влен“ ги понижија сите Албанци

„Демократската Унија за Интеграција изразува длабоко разочарување од однесувањето на албанските коалициски партнери на ЛЕН во власта. На јавна сцена...

Свет6 часа

(Видео) Речиси 80 студенти уапсени на пропалестински протест во САД

Полицијата, на барање на службеници на Универзитетот Колумбија, вчера уапси десетици студенти кои окупираа дел од главната библиотека на колеџот...

Регион6 часа

Вучиќ објасни по кој пат стигнал во Русија: Наместо да ја разберат позицијата на Србија, некои западни претставници испраќаат закани

Српскиот претседател Александар Вучиќ вчера пристигна во Москва. Вучиќ утре ќе присуствува на одбележувањето на Денот на победата во руската...

Свет6 часа

„Њујорк тајмс“: Трамп денес ќе го објави трговскиот договор со Велика Британија

Американскиот претседател Доналд Трамп денес треба да објави дека САД ќе се согласат на трговски договор со Обединетото Кралство, изјавија...

Европа7 часа

Студент со секира упаднал во универзитет во Варшава, убил вработена

Жена е убиена со секира на универзитет во Варшава, соопштија полските власти. Инцидентот се случил вчера околу 18:40 часот. по...

Свет7 часа

Нетанјаху: Со сигурност знаеме дека 21 заложник се живи, за тројца постои сомнеж

Израел со сигурност знае дека 21 заложник што ги држи Хамас во Појасот Газа се живи, објави израелскиот премиер Бенјамин...

Европа7 часа

Зеленски: „Украина стои зад својата понуда за 30-дневен прекин на огнот“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина стои зад својот предлог за 30-дневен прекин на огнот со Русија, иако официјална...

Македонија20 часа

Македонија да не биде жртва на притисоци и да не трпи изнуди за ЕУ, порача Милановиќ

Македонија да не биде жртва на притисоци и да не трпи изнуди кога е во пршање членството во Европската Унија,...

Македонија22 часа

Движењето ЗНАМ до СДСМ: Крадецот вели – држете го крадецот, ние сме дома и градиме за нашите граѓани, а не во Дубаи

Ја разбираме очајната состојба во која се наоѓа СДСМ, во својата безидејност, во својот слободен пад како партија на македонската...

Македонија22 часа

Сиљановска – Давкова со Милановиќ: Ветото ќе предизвикува проблеми, ние инсистираме и си го бараме местото во ЕУ, да речам дека се надевам утре да наидеме на разбирање – ќе згрешам

Во рамки на официјалната посета на хрватскиот претседател на нашата земја беше одржана заедничка прес-конференција на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и...

Економија23 часа

Со 90 отсто сигурност кај нас нема да се случи прекин на струјата како во Шпанија и Португалија, вели министерката Божиновска

Прекин на струјата како оној што ги парализира Шпанија и Португалија минатата недела со 90 отсто сигурност нема да се...

Македонија1 ден

Крупен град, силен ветер и пороен дожд: невреме го зафати Дојран

Пред 20-ина минути Дојран беше зафатен од невреме проследено со обилен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и крупен град, информираат...

Македонија1 ден

(Видео) Кумот на Максим Димитриевски со поддршка на ДУИ си спечали 350.000 евра, велат од СДСМ

Денес јавно го презентираме во детали најголемиот урбанистички корупциски скандал што го видел Куманово во последните децении – организиран, координиран...