Забава
Објавени нови фотографии од кралското бебе на Луксембург, малиот принц Чарлс
Поминаа седум месеци откако новородениот принц Чарлс донесе радост за кралското семејство на Луксембург. Принцот Чарлс на принцот Гијом и принцезата Стефани се роди во мај, родителите првпат објавија фотографија од својот син.
Фотографиите се направени внатре во нивната палата. На една од нив малиот принц е фасциниран од елката и украсите на неа, а друга го покажува тричленото семејство.
Првото дете на принцот Гијом и принцезата Стефани е второ по ред до тронот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Не, ова не е Џек Николсон на модната недела во Париз
Снимки од „Џек Николсон“ во бадемантил и со пура во рака на ревијата на Баленсијага во Париз станаа вирални на социјалните мрежи.
@thealexisstone Alexix Stone as Jack Nicholson for Balenciaga #balenciaga #alexisstone #jacknicholson ♬ original sound – THEALEXISSTONE
На многумина им требаше долго време за да сфатат дека, се разбира, тоа не е Џек Николсон на видеото.
@thealexisstone Becoming Jack Nicholson for Balenciaga #alexisstone #balenciaga #fyp ♬ original sound – THEALEXISSTONE
Имено, станува збор за Алексис Стоун, британски шминкер познат по неверојатните трансформации. Стоун на ревијата пристигнал со лимузина, а кога излегол настанал хаос. Тој објави на TikTok како се одвивала трансформацијата.
Забава
Обожавател побара потпис од Анџелина Џоли, и даде постер со Бред Пит на него
Анџелина Џоли беше на филмскиот фестивал во Њујорк, каде и пријде обожавател и побара автограм. Но, тој сакаше да го потпише плакатот за филмот Mr. & Mrs. Smith, во која играше заедно со нејзиниот поранешен сопруг Бред Пит.
Според Page Six, Џоли добро се справила со тоа обидувајќи се да не го погледне делот од постерот со лицето на Пит на него.
Многумина се налутија од ваквиот потег на нејзиниот обожавател.
„Замислете да тврдите дека сте обожавател на Анџелина Џоли, а потоа да и дадете постер од нејзиниот злоставувач да потпише“, беше коментарот на социјалната мрежа Икс.
„Веројатно тоа е некој што само сака да го продаде нејзиниот потпис за многу пари, луѓето го прават тоа цело време“, коментира друг.
Анџелина Џоли и Бред Пит се заљубија во 2005 година на снимањето на филмотMr. & Mrs. Smith. Тие се венчаа во 2014 година, а добија шест деца, од кои три посвоија. Медокс, Пакс и Захара се посвоени, а Шајло, Нокс и Вивиен се нивни биолошки деца.
Забава
Поранешниот сопруг на Моника Белучи и го честиташе роденденот, објави фотографии со ќерките
Францускиот актер Винсент Касел и го честиташе 60-тиот роденден на својата поранешна сопруга Моника Белучи.
Тој сподели постара фотографија на која Моника ја држи нивната помала ќерка Леони во раце додека постарата ќерка Дева ѝ спие во скут.
„Среќен роденден Моника“, напиша тој во описот.
Тој објави и стара, црно-бела фотографија на која Моника и нејзината ќерка се гледаат во огледало. „Семејство“, напиша накратко.