Свет
Европол: Злоупотребата на деца на интернет значително се зголеми за време на пандемијата

Бројот на случаи на злоупотреба на деца значително се зголеми за време на пандемијата на коронавирусот, објави денеска Европол.
Од почетокот на пандемијата во март годинава сторителите поинтензивно пребаруваат на интернет содржини и материјали, изјави директорката на Европол, Кетрин де Боле.
„Гледаме големо зголемување на овој вид злоупотреба“ нагласи таа, предупредувајќи дека сторителите најверојатно ќе се обидат да стапат во директен контакт со деца кои, поради затворањето, поминуваат многу повеќе време на интернет без надзор.
Директорката на Европол е особено загрижена за зголемувањето на бројот на деца сексуално злоупотребени на интернет за време на пандемијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Две години од масовното убиство во „Рибникар“: Тешка трагедија која Србија никогаш нема да ја заборави

Поминаа две години од страшното масовно убиство кога 13-годишно момче уби девет деца и училишен чувар во ОУ „Владислав Рибникар“. Убиени беа Мара Анѓелковиќ, Бојана Асовиќ, Ангелина Аќимовиќ, Ана Божовиќ, Адријана Дукиќ, Ема Кобиљски, Катарина Мартиновиќ, Софија Негиќ, Андрија Чикиќ и чуварот Драган Влаховиќ.
Минатата година, во декември, беа осудени Владимир и Миљана Кецмановиќ, а првостепено беа осудени родителите на момчето.
Владимир Кечмановиќ е осуден на 14,5 години затвор, а Миљана Кечмановиќ на три години затвор. Инструктор на стрелиште е осуден на 15 месеци затвор поради лажно сведочење.
3 мај е. Пристигнува вест за пукање во близина на училиштето „Владислав Рибникар“, по што веднаш се појави информација дека е убиен училишниот чувар. Сепак, глетката надвор од училиштето укажува дека се случило нешто многу пострашно.
Пред училиштето имало голем број амбулантни и полициски возила, учениците биле евакуирани, родителите трчале од сите страни кон училиштето за да ги земат своите деца. Учениците зборуваа за тоа дека ученик на „Рибникар“ пукал во училиштето. Според првите информации, во училиштето имало повредени, но не и загинати деца. Имаше вест и дека е ранета учителка. Околу половина час по објавувањето на веста за пукањето, полицијата го извела момчето со лисици и јакна преку главата за да го заштити неговиот идентитет како малолетник. Влегол во автомобилот, кој потоа се оддалечил.
Следните часови се претворија во мачно чекање за родителите. Децата ги изнесоа на вториот влез, класа по класа. Ги чекаа нивните вознемирени родители. Оние кои не ги пречекаа децата, прашуваа по болниците. Паника владеела и кај учениците. Некои виделе школски другари како лежат таму и не знаеле дали се живи.
По сите настани во мај, приказната за „Рибникар“ замолкна поради спроведување на детална истрага. На таткото и мајката на момчето и двајца вработени во стрелиштето денеска им се суди во кривична постапка, додека граѓанска постапка се води против момчето, неговите родители, ОУ „Владислав Рибникар“ и Република Србија.
Во тек е кривична постапка која е затворена за јавноста, како и три активни граѓански постапки, а се очекува да започне четвртата по тужбата на оштетениот наставник по историја.
Регион
На Александар Вучиќ ненадејно му се слошило, па ја прекина посетата на САД

Српскиот претседател е на пат кон Белград откако синоќа му се слошило при посетата на САД и побарал медицинска помош. По медицински преглед, донесена е одлука тој да се врати во Србија, јавија српските медиуми.
Како резултат на тоа, на претседателот на Србија нема да се појави на главните настани за кои дојде во САД меѓу кои и кратка средба со американскиот претседател Доналд Трамп. Вучиќ требаше да има средби и со конгресменката Клаудија Тени, Род Благојевиќ и српски претприемачи од САД. Со него во САД биле и министерот за финансии Синиша Мали и советничката за медиуми Сузана Васиљевиќ, јавија српските медиуми.
За што точно станува збор, кабинетот на претседателот Вучиќ ќе ја информира јавноста во наредните денови.
Најавената посета на Вучиќ на Москва на 9 мај сега е доведена во прашање, иако претходно изјави дека во никој случај нема да се откаже од неа.
Свет
(Видео) Морето се повлече пред надоаѓањето на цунамито, застрашувачки снимки од Чиле по земјотресот

На јужниот брег на Чиле, морето се повлече пред пристигнувањето на цунамито по силниот земјотрес со јачина од 7,5 степени според Рихтеровата скала.
Се работи за водена површина помеѓу најјужниот врв на Јужна Америка – Кејп Хорн и Јужните Шетландски Острови на Антарктикот.
🟢 CHILE |
Hay alerta de Tsunami para las costas de #Chile, luego de un sismo de 7.5 grados.
El mar se ha retirado en algunos sectores
Video TVN pic.twitter.com/LZ5wzXe2v5
— SomosEstrategia (@SomosEstrategia) May 2, 2025
Властите издадоа итно предупредување за цунами, поради што беше наредена евакуација.
Покрај жителите на Магаланес, се евакуираат и жителите на Пунта Аренас и Пуерто Наталес. На жителите на овие населби им било наредено да се оддалечат од брегот.
Според првите проценки, се очекува цунами високо меѓу еден и три метри да го надмине брегот.
Врз основа на прелиминарните параметри на земјотресот, можни се опасни бранови од цунами на бреговите кои се наоѓаат на 300 километри од епицентарот на земјотресот.
Чилеанската хидрографска и океанографска служба процени дека во наредните часови брановите ќе стигнат до Антарктикот, а потоа и до градовите на крајниот југ на Чиле.
Претседателот на Чиле, Габриел Бориц повика на итна евакуација на населението.
Инаку, според податоците на чилеанската агенција за катастрофи (Сенапред), повеќе од 1.700 луѓе се евакуирани на повеќе локации во ретко населената област, меѓу кои 1.000 од градот Пуерто Вилијамс и 500 од Пуерто Наталес.
Околу 32 лица се евакуирани од чилеанските истражувачки бази на Антарктикот.
Сенапред издаде највисоко ниво на тревога за катастрофи, што значи дека сите ресурси ќе бидат мобилизирани за да се одговори.
Локалните медиуми јавуваат дека повикот за евакуација во безбедни подрачја, лоцирани на 30 метри надморска височина, е мерка на претпазливост.