Топ
Затворен ресторан во селото Бојане – 80 гости фатени на прослава
Вчера, во временскиот период од 16 до 23 часот, на подрачјето на СВР Скопје, во соработка со Државниот пазарен инспекторат, извршени се зајакнати контроли во угостителски објекти, при што се контролирани 297 објекти. Од преземените мерки и активности констатирани се непочитувања на законите на подрачјата на Бит-пазар, Сарај и Аеродром, каде што објектите се затворени, а ќе следуваат и соодветни кривични пријави.
Па, така, вчера, во 18.20 часот, во објект на улицата Отокар Кершовани, сопственост на А. Ш., затекнати се гости по што објектот е затворен, а против сопственикот ќе биде поднесена кривична пријава по член 206 од КЗ. Во ресторан во с. Бојане, сопственост на Б. Б., биле затекнати 80-ина гости, кои присуствувале на прослава. Прославата е прекината во 16.30 часот по што објектот е затворен, а ќе следува и соодветна кривична пријава.
Во 19 часот, во угостителски објект на улицата Венијамин Манчуковски, затекнати се 9 лица гости и објектот е затворен од страна на Инспекторатот, а одговорното лице Ј. Н. е приведено и ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, информира полицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Со банките е договорена каматна стапка од 1,95 проценти за унгарскиот кредит, најави Мицкоски
„Од неколку од банките веќе имаме потврда и очекувам најголем дел од нив да застанат зад проектот и конечно 250-те милиони евра од унгарскиот заем да бидат поделени на македонското стопанство“, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски.
-Договорена е каматна стапка од 1,95 проценти, до три години грејс период и до 15 години рок на отплата во зависност од потребите на компаниите. Ценам дека е ова историски договор со историска најниска каматна стапка, рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање по денешното пуштање во употреба на новата спортска сала во ООУ „Наум Охридски“ во скопското село Булачани.
Нагласи дека за да добијат кредит компаниите ќе треба да имаат минимум 20 отсто сопствено учество, а максималниот износ кој можат да го добијат е ограничен на 10 милиони евра.
-Тоа значи дека ќе имаме инвестициски бран од 300 милиони евра. Сите компании ќе имаат можност да ги вложат овие средства во основни средства за работа, во обновливи извори на енергија, како и во објекти кои ќе ги користат како свои административни згради, односно за сопствена потреба, рече Мицкоски.
Регион
Трагедија на забава, еден загинат откако рачна бомба експлодирала во раката на 25-годишно момче во Хрватска
Забава во подрум во Книн во Хрватска завршила со експлозија на рачна граната. Загина 25-годишен маж, а тешко се повредени двајца млади на возраст од 25 и 23 години, една девојка на 21 година и еден малолетник.
Полицијата во саботата во 23 часот добила дојава дека ескплодирала непозната експлозивна направа. По увидот било утврдено дека се работи за рачна граната М-75.
„Од спроведените увиди е откриено дека повредениот 25-годишник од спалната соба од станот што го користел за време на забавата донел рачна бомба М-75 и ја предал на друг 25-годишник. Поради нестручно ракување дошло до несакано активирање на рачна бомба во раката на починатиот 25-годишник“, се вели во полициското соопштение.
Полициски службеници ја продолжуваат кривичната истрага за утврдување на околностите за набавката и поседувањето на споменатата минска експлозивна направа.
Македонија
СДСМ избира ново раководство
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денес ќе го одржи 30. партиски Конгрес, на којшто ќе биде избрано новото партиско раководство.
Со тоа ќе стане извесно кој се’ ќе ги носи клучните одлуки во опозициската партија која в година повторно ќе треба да се соочи со гласачите на локалните избори
Социјалдемократите известија дека Конгресот ќе има отворен и работен дел, ќе се разговара за идните, нови политики на партијата и ќе биде избрано новото раководство, однсно членовите на највисиките тела во СДСМ – Централниот и Надзорниот одбор.
На почетокот, ќе има обраќање на Венко Филипче, кој пред пет месеци ја презема претседателската функција од неговиот претходник, Димитар Ковачевски по големиот пораз што го претрпе партијата на парламентарните и претседателските избори.