Спорт
Ракометна драма! Кил во продолженија преку Веспрем до големото финале

Кил во еден неверојатен натпревар полн со пресврти и неизвесност, стигна до 36:35 победа над Веспрем по продолженијата и се пласираше во финалето на ЕХФ Лигата на шампиони, каде против моќната Барселона ќе се обидат да стигнат до својата четврта титула, прва од 2012 година.
Во првото полувреме, тимот на поранешниот тренер на Вардар, Давид Дејвис, играше катастрофално во одбраната и на полувремето губеше со дури пет гола разлика (18:13). Но, откако во 42. минута Домагој Дувњак постигна гол за 24:21 водство, Веспрем даде седум гола без одговор за неверојатно 28:24 водство на 10 минути пред крајот на мечот.
Тука не беше крај на пресвртите – сега беше време Кил да постигне пет гола без одговор и да поведе со 29:28, пред Фати Омар да израмни на 29:29, пред ударот на Сандер Сагосен да биде сопрен од голманот Родриго Кораес за продолженија.
Во дополнителното време, изгледаше дека Веспрем е на чекор до победа, откако имаа 34:32 водство, а Петер Винцек доби црвен картон. Меѓутоа, Кил повторно направи камбек и со двата гола на Никлас Екберг стигнаа до големото финале. Хендрик Пекелер заврши со осум гола, Екберг додаде 7 за победничкиот тим, додека за Веспрем најдобри стрелци со седум гола беа Гаспер Маргуч и Вуко Борозан.
ЕХФ ФАЈНАЛ ФОР, ПОЛУФИНАЛЕ
Барселона – Пари Сен-Жермен 37:32 (18:14)
Веспрем – Кил 35:36 (11:8, 11:6, 7:6)
WATCH: BOOM! A @SanderSagosen ? as @thw_handball lead @telekomveszprem #ehffinal4 #ehfcl pic.twitter.com/IQgjobSJdB
— EHF Champions League (@ehfcl) December 28, 2020
WATCH: Lovely Gasper Marguc goal assisted by Yahia Omar for @telekomveszprem ?#ehffinal4 #ehfcl pic.twitter.com/oIoh7i7H9n
— EHF Champions League (@ehfcl) December 28, 2020
WATCH: Brilliant hip shot from @lekaimate66 as @telekomveszprem fight back! ?#ehffinal4 #ehfcl pic.twitter.com/1IpjWt5aUy
— EHF Champions League (@ehfcl) December 28, 2020
WATCH: @Rodrigao016 saves and sends the match into extra time! ?@thw_handball vs @telekomveszprem #ehffinal4 #ehfcl pic.twitter.com/DkUWsEXx6C
— EHF Champions League (@ehfcl) December 28, 2020
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Резервите му донесоа триумф на Арсенал во Билбао, дебитантот Унион го шокира ПСВ

Со гостински победи на Арсенал и дебитантот Унион Сен Жилоа, започна сезоната 2025/2026 во Лигата на шампионите.
Арсенал на „Сан Мамес“ во Билбао, не прикажа некоја спектакуларна игра, но успеа да го победи Атлетик.
Два гола постигнаа играчите од клупата за резерви. Мартинели по нецели 15 секунди откако влезе во игра во 72.минута погоди за 0:1. Конечниот резултат го постави Тросар во 87.минута. Резервите на Артета си поделија по една асистенција.
На „Филипс“ стадионот во Ајндховен, ПСВ доживеа шокантен пораз од Унион Сен Жилоа. Дека Белгијците се дојдени по победа во Ајндховен најави Дејвид во деветтата минута од пенал. Половина час подоцна слаломот на Ел Хаџ им донесе на гостите предност од два гола.
Точка на победата на гостите стави братот на фудбалерот на Ливерпул, Алексис Мекалистер, Кевин.
Честа на ПСВ ја спаси, Ван Бомел во 90.минута.
Спорт
Шејн Ларкин ја заврши репрезентативната кариера

Шејн Ларкин, кошаркарот на Ефес, одлучи повеќе да не го носи дресот на Турција.
Искусниот плејмејкер го водеше тимот на Ергин Атаман до сребрен медал на Евробаскетот, по што реши да стави крај на репрезентативната кариера.
Тој ја информираше јавноста за својата одлука на социјалните мрежи.
„Пред седум години се согласив да играм за Турција без никакви очекувања. А седум години подоцна, чувствувам дека ова е мојот втор дом. Начинот на кој ме прифативте и ме поддржавте не може да се опише со зборови. Иако не ја постигнавме главната цел, а тоа е златен медал, поддршката што ја добивме од целата земја значеше повеќе од само медал“, напиша Ларкин и додаде:
„Беше чест и привилегија да го носам овој дрес и да играм за Турција. Засекогаш ќе бидам еден од вас! Ве сакам од се срце“, заврши тој со зборови на турски.
Ларкин имаше просек од 11,6 поени и 5,1 асистенции на Европското првенство.
Спорт
Атлетико без најдобриот играч отпатува во Ливерпул

Ливерпул, утре, ќе го пречека Атлетико Мадрид во еден од најпривлечните натпревари во првото коло, во Лигата на шампионите.
„Јорганџиите“ ќе бидат хендикепирани на „Енфилд“, тренерот Диего Чоло Сименоне нема да може да смета на првиот напаѓач, Хулијан Алварез.
За време на викендот против Виљареал, Аргентинецот почувствува непријатност во коленото, беше заменет, а по лекарските прегледи беше одлучено да се одмори и да го прескокне дуелот со шампионите на Англија.
Во негово отсуство, нападот на Атлетико ќе го предводат Антоан Гризман и Александар Серлот.
Атлетико објави дека Тијаго Алмада, Алекс Баена и Хозе Марија Хименез ќе го пропуштат натпреварот со Ливерпул.
Натпреварот во Ливерпул ќе започне во 21:00 часот.