Македонија
(Видео) ВМРО-ДПМНЕ бара градење на национален став за реформите во образованието
ВМРО-ДПМНЕ бара градење на национален став на темата реформи во образованието. Партијата бара предложениот концепт веднаш да се повлече и да се пристапи кон креирање на нов после опсежни консултации со сите релевантни фактори во образовниот систем.
„ВМРО-ДПМНЕ бара да се напушти концептот на интегрирање на предмети особено на предметите историја и географија. Предлагаме да се формира работна група од сите релевантни чинители во образовниот систем, вклучувајќи ги и стручните тела на политичките партии кои ќе го земат предвид следното: реформата во образованието да почне со изработка на нови наставни програми, учебници и материјали за наставниците, новите учебници да содржат интегрирани теми и содржини од сите предмети и да се изработат и дигитализирани учебници и наставни материјали по сите предмети“, изјави Весна Јаневска.
Исто така, ВМРО-ДПМНЕ бара да се посочат дополнителни материјали и референци кои наставниците ќе ги користат како проверени извори при реализирање на наставата, паралелно да се побара реформа на наставничките факултети заради усогласување со новата реформа, да се одржи обука на наставниците од страна на релевантни стручни институции и да се изготви анализа и детален финансиски план за спроведување на реформата.
„ВМРО-ДПМНЕ бара и да се доопремат кабинетите во сите основни училишта на територијата на Македонија. Да се направи план за инклузија на децата со посебни образовни потреби. Да се направи план за инклузија на децата од социјално загрозените семејства и маргинализираните групи. Треба да се обезбедат просторни и материјални услови за започнување на реформата. Предлагаме во првиот период да се посветите на тоа“, рече Јаневска.
Таа вели дека реформата треба да започне со инплементација кога ќе се исполнат сите горенаведени услови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

