Регион
Пленковиќ: Луѓето ќе ги тргнеме од Петриња, овде не е сигурно
Претседателот и премиерот на Хрватска, кои пристигнаа со цела делегација во Петриња, пред медиумите изјавија дека сите служби кои ги има државата се ставени на располагање за разурнатиот град.
Двајцата велат дека градот ќе се обнови, а луѓето времено ќе се изнесат од таму, бидејќи таа локација не е сигурна.
„Сите се тука, војската е тука. Доаѓаат итните служби од Загреб. Војните хеликоптери се ангажирани. Ќе мораме да најдеме алтернативно сместување, ќе се донесат контејнери. Луѓето ќе ги тргнеме од Петриња, зошто овде не е сигурно, тоа е јасно како ден. Сите служби ги упативме тука. Ова е трагедија“, рече хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ.
Претседателот Зоран Милановиќ вели дека емотивната штета е тоа кое не може да се надомести.
„Ќе бидат потребни многу пари, но ќе се најдат. Овој град ќе биде обновен, но емотивната и духовната штета не ќе може да се надомести. Луѓето се преплашени. Петриња ќе биде обновен, со пари од Европската Унија“, рече хрватскиот претседател кој бил во Загреб за време на земјотресот и видел како и таму луѓетo бегаат, иако, како што кажа, таму има посовремени градби.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Блажиќ: Цел живот се жртвував, знам што ме чека, мртов сум
Во Специјалниот суд во Белград денеска продолжи судењето на Урош Блажиќ, обвинет за масакрот во селата кај Младеновац, во кој беа убиени девет лица. На почетокот на судењето, Стефан Стефановиќ, адвокатот на семејствата на убиените деца, побара како доказ да бидат доставени IP-адресите на Урош Блажиќ, на татко му, како и на сите луѓе со кои комуницирал непосредно пред масакрот, а потоа пред присутните се обрати првообвинетиот Блажиќ, пишуваат медиумите во соседството.
„Сакаме да бидат доставени сите IP-адреси, не е утврдено дали имало влијание однадвор дека е извршен овој масакр. Не утврдивме дали имало планови или имало влијание од странство. Немаме пораки, немаме повици. Семејствата инсистираат на тоа“, рече Стефановиќ.
Обвинителите тогаш се спротивставија на предлогот и нагласија дека IP-адресите нема да донесат нови докази и дека постапката само ќе се одолжува.
Тогаш обвинетиот Урош Блажиќ побара од судијата да ја дополни неговата одбрана.
Родителите на убиените деца се побунија.
„Сфатив дека сите сте во право тука. Ви благодарам што сте толку љубезни кон мене, заслужив полоши зборови и осуда. Барав мотив, но нема мотив толку многу луѓе да загинат. Цел живот глумев, се жртвував, замислував дека сите ме мразат, а овие млади сакаа да ми помогнат, а јас бев арогантен. Одбив да ја прифатам вината, извинете што не го кажав ова веднаш. Сакам да изразам најдлабоко сочувство. Не можам да го минимизирам ова. Мојата судбина е во ваши раце, сакам најстрога казна. Да ми дадете да потпишам да ми го извадат окото и да ѝ го дадат на Анѓела, да ми ги земат ногата и ‘рбетниот мозок и да им ги дадат на другите повредени“, рече Блажиќ и додаде:
„Знам што ме чека, јас сум мртов човек“.
На Урош Блажиќ му се заканува казна од 20 години бидејќи во моментот на делото сè уште немал 21 година, пренесуваат српските медиуми.
Регион
Ја удрил „ситроен“, па ја прегази „бмв“: тешко повредена жена во Белград
Жената која преживеа тешка сообраќајна несреќа во Раковица, населба на југот на Белград, од саботата е хоспитализирана. Имено, како што пишува Телеграф.рс, во неа на пешачки премин удрил возач на автомобил „ситроен“. Вториот возач кој управувал автомобил „БМВ“ не закочил навреме и го прегазил телото на жената.
На двајцата возачи им било извршено алкотестирање, при што било утврдено дека не биле под дејство на алкохол. Жената била примена во болница со тешка повреда на слезината и повреди на главата.
За случајот е известено Второто основно јавно обвинителство Белград, кое и наложило на полицијата да ги достави извештаите за незгодата, да изврши вештачење на возилото и да обезбеди снимка од камерата.
Регион
Трагедија на забава, еден загинат откако рачна бомба експлодирала во раката на 25-годишно момче во Хрватска
Забава во подрум во Книн во Хрватска завршила со експлозија на рачна граната. Загина 25-годишен маж, а тешко се повредени двајца млади на возраст од 25 и 23 години, една девојка на 21 година и еден малолетник.
Полицијата во саботата во 23 часот добила дојава дека ескплодирала непозната експлозивна направа. По увидот било утврдено дека се работи за рачна граната М-75.
„Од спроведените увиди е откриено дека повредениот 25-годишник од спалната соба од станот што го користел за време на забавата донел рачна бомба М-75 и ја предал на друг 25-годишник. Поради нестручно ракување дошло до несакано активирање на рачна бомба во раката на починатиот 25-годишник“, се вели во полициското соопштение.
Полициски службеници ја продолжуваат кривичната истрага за утврдување на околностите за набавката и поседувањето на споменатата минска експлозивна направа.