Црна хроника
Скопјанка обвинета за поседување оружје
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против 51-годишна жена која се товари за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 д Кривичниот законик.
Обвинетата на 9 декември, на булеварот Александар Македонски неовластено држела пиштол марка „застава“ со калибар 9мм PARA M88, една рамка со пет куршуми за тој пиштол, и една празна рамка. Со оружјето била затекната од полициски службеници на бензинска пумпа. Јавниот обвинител достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетата за која постојат околности кои укажуваат на опасност да се даде во бегство или да го повтори делото.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
13-годишно дете нападнато во Карпош, полицијата го истражува случајот
Во полицијата било пријавено дека 13-годишно момче било физички нападнато од четворица малолетници на подрачјето на Карпош, соопшти полицијата.
Во пријавата се наведува дека нападот се случил околу 14:30 часот, а малолетниците, кои биле познати на семејството, физички го нападнале момчето, при што еден од нив употребил и тврд предмет.
По нападот, како што се наведува, на малолетникот му биле упатени и закани поврзани со неговите двајца браќа.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Измама во Тетово: Двајца пријавени за земање пари за лажно посредување во Центарот за социјални работи
Две лица од Тетово се соочуваат со кривична пријава поради сомнение за сторено кривично дело – измама.
Според полицијата, настанот се случил во октомври 2024 година, кога Х.А. (58) довела во заблуда лице од Тетово, уверувајќи го дека може да му помогне со посредување во Јавната установа – Меѓуопштински центар за социјални работи Тетово, со цел тој и неговата сопруга да остварат надомест за помош и нега од друго лице.
Откако го уверила оштетениот дека ќе ја заврши постапката, заедно со С.Р. (51) од него побарале потребни документи и парични средства. Подоцна, барањето за надомест било одбиено, а парите, како што се наведува, не му биле вратени.
По преземените мерки, СВР Тетово поднела кривична пријава, а случајот е доставен до надлежните институции за понатамошно постапување.
Црна хроника
Насилство во теретана во Тетово
Четири лица од Тетово се опфатени со кривична пријава поради сомнение дека сториле кривично дело „насилство“, соопшти СВР Тетово.
Според полицијата, на 17 август 2025 година, во еден фитнес-центар во Тетово, а потоа и надвор од објектот, Б.А. (28), Б.А. (33), Х.Б. (19) и М.Ш. (33) физички го нападнале А.И. (32) од Тетово, при што му биле нанесени телесни повреди.
Фото: unsplash

