Македонија
(Видео) Заев: Во 2021 година носиме европски стандарди дома, година на вакцинација и излез од пандемијата
Ја испраќаме годината запаметена по светска пандемија која целосно ни го измени начинот на живеење, а со тоа и светогледот. Ќе ја паметиме како година на најголемата светска криза во новиот век. Старата поговорка вели „на мака се познаваат јунаците“ – така и оваа мака ни покажа многу јунаци на првата борбена линија, ама ни покажа и солидарност, човечност и нè потсети колку е важно да помагаме, истакна премиерот Зоран Заев, во новогодишното обраќање до граѓаните.
„И на здравствен и на економски план, Владата одговори со навремени и сеопфатни мерки –обезбедивме сигурност за секој граѓанин поединечно, како и за општеството во целост. Во креирањето на мерките не се водевме од принципот или-или, туку И здравје, И социјална сигурност. Обезбедивме егзистенција за голем број граѓани, се зачуваа работните места и се одржува кондицијата на економијата.
Сите заедно се осигуравме дека имаме стабилен здравствен систем кој функционира без застој. Огромна е пожртвуваноста на здравствените работници, кои и во текот на овие празници се на работните места, во болниците и се борат за секој живот. Менаџирањето на кризата ќе беше невозможно и без ангажманот на припадниците на Армијата, на полицијата, на медиумските работници и на другите на првата линија. На сите нив, им оддаваме почит и признание!
Во исто време, изразувам сочувство за секој изгубен живот, а заедништвото во оваа борба нека им ја даде сета сила на семејствата кои претрпеа загуби, за да си го најдат мирот. Идната, 2021 година, ќе биде година на вакцинацијата и на излез од коронавирус пандемијата. Вакцините се можност да заштитиме животи и повторно да си го вратиме вообичаениот начин на живот. Можност да ја надминеме оваа здравствена криза.
Сепак, на нашиот пат до здравје и сигурност, водиме битка и со една од најопасните појави на новото време – феноменот на дезинформациите или фаличните вести. Целта на оние што ги создаваат е да предизвикаат недоверба кај граѓаните и да ги обезвреднат силните напори на институциите и лекарите во борбата со пандемијата. Затоа, ги повикувам сите граѓани и демократски сили во земјата да ја насочиме целата светлина врз вистината, за лагата да потоне во мракот и заборавот.
На патот до безбедност и сигурност, во 2020 година се оствари нашиот стратешки сон и се придруживме на големото наше семејство. Северна Македонија е членка на најмоќниот военополитички и безбедносен сојуз – НАТО.
Сега погледот е кон Европската Унија. Нашето членство во нашата матична Унија нема друга алтернатива. Ништо нема да нè запре да чекориме напред, затоа што како Македонци имаме што да кажеме на нашиот македонски јазик, рамноправни со останатите европски народи. На тој пат продолжуваме да градиме пријателство и меѓусебна доверба со сите наши соседи. На тој пат сме рамо до рамо сите ние – Македонците, Албанците, Турците, Ромите, Србите, Власите, Бошњаците и сите кои живеат во Северна Македонија.
Народе мој,
За годината пред нас поставивме десет приоритети од нашата „Акција 21”: Правда и ред, борба со корупцијата и криминалот, квалитетно здравство, повисок животен стандард, стабилни услови за бизнис и високо платени работни места, достоинствена социјална помош, здрава животна средина. Европа дома! Европски стандарди дома! Сите во акција!
Посакувам новата 2021 година да ни донесе надеж и извесност. Секој од нас да го направи најдоброто за подобра живејачка тука. Да почнеме со тоа што ќе празнуваме одговорно. Новогодишните и божиќните празници да ни минат во кругот на блиските за чие здравје и безбедност секојдневно се бориме. Да покажеме одговорност и да ги почитуваме препораките. Од длабочината на моето срце ви посакувам среќна и успешна Нова 2021 година. Останете во добро здравје! Имајте среќни празнични денови меѓу своите сакани! Среќна Нова година!“ порача Заев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одрон во должина од 80 метри на патот Скопје-Велес: сообраќајот кај Сопот се одвива по една лента
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес, околу два километри пред Сопот, од 21 часот се одвива по една коловозна лента (десната) поради поголем одрон.
Како што информираат oд АМСМ, одронот е во должина од 80 метри.
Фото: илустрација (depositphotos)
Македонија
СДСМ-Кисела Вода бара итна исплата на надоместоците за избирачките одбори
Општинската организација на СДСМ-Кисела Вода од градоначалничката на оваа општина бара итно постапување по одлуката на Советот на Општина Кисела Вода од 7-та пленарна седница одржана на 29 јануари 2026 година, со која е предвидена исплата на надоместоците на членовите на избирачките одбори од последните локални избори.
Во писмото се наведува дека одлуката е донесена, средствата се обезбедени, но дека изостанува извршната постапка.
„Одлуката е донесена. Обврската е јасна. Средствата се обезбедени. Она што недостасува е – Ваша извршна постапка“.
Од СДСМ – Кисела Вода порачуваат дека станува збор за средства обезбедени од државата за реализација на изборниот процес и оценуваат дека секое понатамошно одлагање претставува поткопување на институционалниот интегритет.
Тие бараат најдоцна до утре да се пристапи кон исплата на средствата согласно одлуката на Советот.
Во спротивно, советничката група на СДСМ најавува испраќање официјален допис до Државната изборна комисија, известување до Министерството за локална самоуправа и информирање на претставници на меѓународната заедница.
Македонија
Николоски: Филипче се однесува како бомбаш самоубиец во обид да го заштити столчето во СДСМ
Заменик претседателот на Владата, Александар Николоски во одговор на новинарско прашање во Прилеп, каде што присуствуваше на отчет 100 дена од новото раководство на локалната самоуправа во Прилеп, истакна дека Филипче води црна и гнасна кампања против него и Македонија, со што сака да ја уништи и СДСМ и стратешките пријатели.
„Не сум изненаден, гледаме еден нихилизам, една црна кампања, гнасна кампања која доаѓа од СДС, јас сум свесен дека и Венко Филипче е свесен дека му се ниша позицијата во СДС, ја има практично киднапирано партијата за цели што само тој ги разбира и буквално се однесува како бомбаш самоубиец, сакајќи да се заштити себе и сопствената позиција во партијата и уништува се околу себе“ појасни Николоски.
Вицепремиерот истакна дека лагите и обвинувањата од страна на Филипче се гол популизам, затоа што во исто време создава токсична атмосфера во општеството којашто не е добра за Македонија.
„Најголем проблем е што овој начин на комуникација создава една токсична атмосфера во општеството, создава една атмосфера којашто не е добра и нешто што нејќе Македонија да го види. Во исто време не кара и со стратешките пријатели, знаете дека цела кампања водеше против Велика Британија со којашто потпишавме стратешки договор и со којашто имаме стратешко партнерство“, нагласи Николоски.
Во однос на обвинувањата од Филипче во делот за превозниците, Николоски е дециден дека овој наследен проблем се решава со дијалог со ЕУ.
„Пред неколку недели превозниците од Македонија и целиот регион со право ги блокираа граничните премини коишто одат кон Шенген зоната со барање да ЕК започне дијалог за решавање на проблемот за престој за професионалните возачи во рамките на Шенген зоната. Нивното основно барање беше да се започне дијалог. Планот нивни беше да блокада трае 7 дена, да на четвртиот ден излезе претседателката на ЕК и каже дека таков дијалог ќе се случи и презентираше документ којшто се вика Нова визна стратегија на ЕУ со којшто документ возачите се признати како професионалци, тоа беше едно од основните барања и во рамки на овој дијалог којшто се води во моментот треба да се донесат конечните решенија. Никој никаде а камо ли во систем како ЕУ; дека за две недели сите работи ќе бидат решени, туку тоа што јас го кажав дека ќе започне овој дијалог и дека новата визна стратегија е начинот и патеката по којшто ќе се оди“, истакна Николоски.

