Регион
Не престанува да се тресе Петриња, земјата се спуштила до 30 сантиметри
Европскиот/медитерански сеизмолошки центар утрово објави дека се регистрирани два нови умерени земјотреси во близина на Петриња и Сисак, во Хрватска. Првиот земјотрес со јачина од 3,2 степени според Рихтеровата скала е регистриран во утрово во 4:52 часот, а епицентарот бил на 12 километри југозападно од Петриња. Вториот земјотрес со јачина од 3,1 степен е регистриран во 6:37 часот, а епицентарот бил на 19 километри југозападно од Сисак.
Објавени се сателитски снимки со анализа која открива дека поради разорниот земјотрес во вторникот, земјата во Петриња се спуштила повеќе од 10 сантиметри. Снимките на Фејсбук ги објави Ален Берта, инженер по шумарство и консултант во меѓународната компанија ЦГИ, задолжен за подрачјето за набљудување на планетата.
Potres Banovina
Sateliti pokazuju puni razmjer katastrofe. Uspoređujući snimke radarskog satelita Sentinel 1 od 18.12. i…Posted by Alen Berta on Thursday, 31 December 2020
„ Сателитите покажуваат цел размер на катастрофата. Споредувајќи ги снимките од радарскиот сателит Сентинел 1 од 18-ти до 30-ти декември, гледаме дека земјата западно од Петриња се приближила на сателитот за 44 сантиметри на најизразениот дел, додека земјата на самата Петриња се спуштила за 10 до 30 сантиметри“ напишал Берта.
Тој додава дека во земјотресот во Загреб земјата се поместила само неколку сантиметри во епицентарот.
„ Толкаво движење на земјата е поголемо отколку за време на разорните земјотреси што се случија во Италија пред 3-4 години. Само да потсетам дека во земјотресот во Загреб земјата се движеше само неколку сантиметри во епицентарот, додека во самиот град беше неколку милиметри” стои во неговата објава.
Земјата во областа Банија се уште се тресе по разорниот земјотрес со јачина од 6,2 степени по Рихтер што во вторникот ги погоди Петриња и околината. Земјотресот беше проследен со низа последователни, а до вчера имаше 265 степени со магнитуда поголема од 1 степен, пренесува „Индекс“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Бугарија ја продолжи забраната за извоз на клучни лекови
Бугарија ја продолжи забраната за извоз на инсулини, инсулински аналози и група антибиотици до 23 јануари наредната година, според налог на министерот за здравство Силвио Кирилов. Министерството соопшти дека забраната повторно се продолжува поради проблеми со снабдувањето, пријавени недостатоци и одбивања од веледрогерии.
Како причини се наведуваат неправилности и доцнења во испораките, како и намалени количини нарачани лекови. Забраната ги опфаќа инсулините и нивните аналози, SGLT2-инхибиторите и лековите на база семаглутид, како и антибиотиците на база азитромицин. Забранет е и извозот на месалазин.
Забраната за извоз на инсулини првпат беше воведена во ноември 2023, а потоа повеќепати продолжувана.
Регион
Загрепскиот Вјесник ќе се руши поради нестабилна конструкција по пожарот
Потпретседателот на Владата и министер за простор, градителство и државeн имот, Бранко Башиќ со претставници на Град Загреб и стручњаци од Хрватскиот центар за сеизмичко инженерство соопшти дека култниот загрепски небодер Вјесник ќе се руши поради небезбедна конструкција.
Башиќ изјави дека извештајот на стручњаците укажува на сериозни статички оштетувања и опасност од урнување поради што ќе се изработи проект за уривање, а потоа ќе следи јавна набавка и самиот процес на рушење. Славонска авенија и подвозникот остануваат затворени до отстранување на објектот.
Стручњакот Марио Урош од Центарот за сеизмичко инженерство предупреди дека конструкцијата е делумно нестабилна поради оштетувањата од пожар, пукнатини и отпаѓање на елементи. Според него, потребно е итно уривање бидејќи опасноста со текот на времето расте.
Владата најави дека ќе се утврдат роковите за рушење и дека потоа ќе се уредува просторот на поранешниот Вјесник, со можен архитектонски конкурс. Стручните служби и полицијата ќе извршат увид, но екипите нема да престојуваат подолго во објектот поради ризикот.
Регион
(Видео) Синиша Каран нов претседател на Република Српска, Додик запеа на прославата
Синиша Каран од Сојузот на независни социјалдемократи (СНДС) е избран за нов претседател на Република Српска. Опозицијата објави дека ќе поднесе приговори поради нерегуларности и ќе побара повторување на изборите во Зворник, Добој и Лакташи, објави „Дневни аваз“.
Овие избори се карактеризираа со ниска излезност од 35,72 проценти, што е дури 18 проценти пониско од изборите во 2022 година.
„По којзнае кој пат, кога беше најтешко, победи српскиот народ“, рече Каран, откако партијата прогласи негова победа.
„Благодарност до сите што го препознаа овој момент и благодарност до претседателот Додик, и до сите што не се членови на нашата партија, но го препознаа овој момент. Српскиот народ даде решителен одговор на странскиот окупатор“, рече тој.
„Убеден сум дека администрацијата на Трамп ќе остане доследна и нема да се занимава со други земји, како што е Босна и Херцеговина. Тие сакаа да се ослободат од Додик, а сега добија двајца Додикови“, рече Каран.
Прославата во СНСД траеше до доцна во ноќта, а Додик го зграпчи микрофонот и запеа.
Милорад Додик никад веселији, издајник Вукановић никад тужнији! pic.twitter.com/XhlxnswOxx
— Саша Шарчевић (@saarcevic2901) November 23, 2025
Според прелиминарните податоци, Каран победи со три проценти повеќе гласови од неговиот главен противник, Бранко Блануша од Српската демократска партија (СДС).

