Спорт
Сефте за Хјустон, нов трип-дабл на Вестбрук и нов пораз на Вашингтон
Кошаркарите на Хјустон ја забележаа првата победа во новата сезона, во НБА лигата. Хјустон, предводени од Џејмс Харден, славеа над Сакраменто со 122:119. За разлика од Хјустон, Вашингтон Визардс ќе почекаат на првиот триумф во сезоната. Визардс петтиот пораз од стартот на првенството го забележаа во дуелот со Чикаго 130:133.
Хјустон не делуваа добро во дуелот со Сакраменто, но она што е најважно за нив е што успеаја да победат. Џејмс Харден постигна 33 поени, Џон Вол 22, а Кристијан Вуд забележа дабл-дабл од 21 поен и 12 асистенции.
Кај Сакраменто тројца играчи постигнаа повеќе од 20 поени. Херисон Барнс мечот го заврши со 24 поени, 22 поени и 13 скока забележа Ришон Холмс, а ДиАрон Фокс постигна 22 поени.
Чикаго, без четворица играчи, успеаја да победат во Вашингтон, во чии редови Расел Вестбрук забележа нов трипл-дабл (22 поени, 10 скока, 11 асистенции). Најефикасни во редовите на Вашингтон со по 28 поени беа Џон Вол и Томас Брајант.
Чикаго го предводеа Ото Портер со 28 поени и 12 скокови, односно Зек Лавин со 22 поени.
Резултати:
Индијана-Кливленд 119:99
Вашингтон-Чикаго 130:133
Орландо-Филалделфија 92:116
Хјустон-Сакраменто 122:119
Торонто-Њујорк 100:83
Оклахома-Њу Орлеанс 80:113
Јута-Финикс 95:116
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Сака ќе потпише нов договор со Арсенал
Букајо Сака и Арсенал нема намера да го напушти Арсенал. Фудбалерот и клубот се договориле за нов, подобрен петгодишен договор.
Еден од најдобрите играчи на Арсенал ќе остане во клубот до летото 2031 година. Финансиските детали од новиот договор не се објавени.
Актуелниот договор на Сака исекуваше во 2027 година.
Foto/ freerangestock
Спорт
Фиорентина доби засилување од Аталанта
Марко Брешанини е новото засилување на Фиорентина за вториот дел од сезоната.
Тимот кој собра само 13 бода од почетокот на сезоната и кој, според сите очекувања, ќе се бори за опстанок, мора да се засили и да биде таму каде што му диктира репутацијата – во горниот дел од табелата.
Виола е далеку од тоа, но Брешанини е делот што недостасува за клубот, а тренерот Паоло Ваноли веќе разговарал со него и се чини дека би можел да добие вреден играч во средниот ред.
Брешанини веќе тренираше со тимот, а договорот е до крајот на сезоната, станува збор за позајмица со право на откуп, што ќе се дискутира на крајот од сезоната.
Брешанини одигра само осум натпревари за Аталанта оваа сезона.
Foto/ freerangestock
Спорт
Алдегер се здобил со фрактура на бутната коска
Тимот на Гресини Рејсинг потврди дека младиот шпански возач Фермин Алдегер доживеал фрактура на бутната коска на левата нога за време на тренингот во Валенсија, само неколку недели пред почетокот на предсезонските тестирања.
20-годишниот Алдегер го имаше своето деби во Мото ГП шампионатот минатата година со тимот на Гресини, возејќи Дукати со спецификација од 2024 година, и ја круниса сезоната со титулата најдобар почетник, со историска прва победа на Големата награда на Индонезија. Оваа година требаше да се натпреварува со Дукати со спецификација од 2025 година, но неговите подготовки сериозно се нарушени од поредата.
Како што објави тимот, Алдегер ја претрпел фрактурата за време на тренингот во четврток во Валенсија, а операцијата е закажана за денес во Барселона.
Деталите за инцидентот не се откриени.
Повредата доаѓа во незгодно време, точно еден месец пред првиот предсезонски тест за сезоната 2026, кој е закажан за 3-5 февруари во Малезија. Официјалната презентација на тимот е закажана за 31 јануари во Куала Лумпур, додека тестирањето ќе продолжи на 21 и 22 февруари во Бурирам.
Сезоната започнува една недела подоцна со Големата награда на Тајланд.
Foto/ freerangestock

