Црна хроника
Крадците од Комерцијална пред истражен судија
Разбојниците кои вчера ја ограбија експозитурата на Комерцијална банка во скопската населба Ново Лисиче во вторник ќе бидат изведени пред истражен судија, соопшти МВР
Станува збор за двајца скопјани, едниот триесет и петгодишен, а другиот дваесет и едногодишен. И двајцата и биле претходно познати на полицијата, како сторители на тешки кражби, фалсификување на исправа, разбојништва и насилство. Вчера околу 9 часот двајцата разбојници маскирани со фантомки и ракавици, со пиштол во рацете украдоа околу 7.000 евра од експозитурата на Комерцијална банка. По пријавувањето на случајот веднаш реагирале „Алфите“ кои биле во близина. По дваесетминутна бркотница разбојниците беа фатени зад трговскиот центар „Бисер“ во скопската населба Аеродром. Кај нив бил пронајден ранец каде се наоѓале фантомките и ракавиците, како и парите што ги украле.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари
МВР информира дека вчера по преземени оперативни мерки и дејствија, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје го уапсиле 32 годишниот Б.М. од Штип.
При претрес во неговиот дом во Штип извршен по насоки од надлежен обвинител, биле пронајдени и одземени прашкаста материја, поголема сума на пари и дигитална вага.
„Лицето е задржано во полициска станица и во текот на денот со кривичната пријава ќе биде предаден на судија на претходна постапка за понатамошно постапување“, соопштија од полицијата.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.