Вести
Војската ја презема власта во Буркина Фасо

Војската во четвртокот навечер ја презема власта во Буркина Фаса, објавувајќи ја информацијата за распуштање на владата и Народното собрание и воведувајќи полициски час, откако цел ден жителите на улиците протестираа против власта на Блез Компаоре кој е на власт веќе 27 години, а објави дека се формираат преодни органи на власта на период од една година.
Буркина Фасо во четвртокот беше во пламен, беше запалено Народното собрание, заземена зградата на државната телевизија, во внатрешноста на земјата се прошири насилството и судирите со полицијата кои започнаа уше минатиот вторник, и се засилија повиците претседателот Блез Компаоре да поднесе оставка. Оваа криза невообичаена за Африка јужно од Сахара предизвика на крајот од денот интервенција на војската. Претседателот Компаоре нареди претходно да се распушти претходната влада и парламентот во атмосферата на демонстрациите поттикнати од обидот за измена на уставот на земјата. Челникот на армијата, генералот Набере Оноре Траоре по неколку часови објави дека бил исполнет указот. Така, законодавната и извршната власт ќе ја извршува преодно тело „Преодната влада ќе биде формирана по консултациите со сите партии. Враќањето на уставниот поредок се очекува најдоцна за 12 месеци“, го цитира Reuters соопштението на генералот Траоре кое на прес-конференција го прочитал еден офицер. Додал и дека се воведува вонредна состојба и оти од 19 часот навечер до 6 часот наутро на сила ќе биде полициски час. Претседателот Блез Компаоре кој на власт дојде со државен удар во 1987 година до саботата не даваше никакви изјави во врска со протестите. Тој до 20 часот по локално време (21 часот по средноевропско) требаше да даде изјави на две радио станици во главниот град Уагадугу, со чии челници AFP не успеала да воспостави контакт. Демонстрантите засега многу лошо ја примија веста за преземање на власта, известува репортерот на AFP. Неколку стотици се упатиле да организираат мирни протести во главниот град за да се спречи државен удар.Владата во четвртокот претпладнето се обиде да ги смири разгорените страсти најавувајќи откажување на гласањето за уставните промени кои требаше да се одржат подоцна во текот на денот, кои ги поттикнаа протестите. Африканската унија изрази голема загриженост и ги повика на воздржаност сите страни во земјата и најави дека итно во Буркина Фасо ќе испрати своја делегација. Европската унија , пак, повика на „што поскоро воспоставување дијалог“ и на прекин на насилствата.Буркина Фасо западна во криза на 21-ви октомври, со најавувањето на предлогот за уставните промени според кои најголемиот број моќни претседателски мандати се зголеми од два на три./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.