Свет
СЗО: Вакцините не се брзо решение, борбата против коронавирусот продолжува и во 2021 година
Иако се спроведува имунизација против коронавирусот, 2021 година исто така ќе биде тешка бидејќи вакцините не се брзо решение, сметаат во Светската здравствена организација (СЗО).
„Мислам дека пред нас е тешка година и ќе мора да покажеме трпеливост и да продолжиме со мерките што се во сила“, рече д-р Марија ван Керкове, лидер на тимот на СЗО за Ковид-19, пренесува Си-ен-ен.
Таа верува дека првиот дел од годината ќе биде особено тежок бидејќи во многу земји луѓето не ги слушаа советите да останат дома за време на празниците.
„Се соочуваме со тежок почеток во 2021 година“, рече Ван Керкове истакнувајќи дека движењето и однесувањето на луѓето за време на Божик и Нова година ќе влијае на првите три месеци од 2021 година за зголемување на преносот, хоспитализациите и на смртните случаи.
Таа додаде дека вакцините нема да бидат брзо решение бидејќи самата имунизација ќе се изведува побавно отколку што би сакале и дека луѓето сепак ќе мора да носат маски, да одржуваат физичка дистанца и да избегнуваат собири во текот на целата година.
СЗО верува дека САД и другите земји во кои се бележи нов бран на Ковид-19 може да се вратат во нормала или нешто слично во текот на летото или есента.
Австралија, Нов Зеланд и некои други земји во Азија и Африка се добри примери и имаат поголем успех во контролирањето на ширењето на вирусот.
„Видовме дека некои земји го победија овој вирус, без вакцинација“, рече Ван Керковe.
СЗО го објаснува тоа со поуспешно и масовно тестирање на вирусот, изолација на болни лица, наоѓање контакти и ставање во карантин, како и политиката на тие земји да ги истакнуваат работата и купувањето од дома, наведува Си-ен-ен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Момче во Германија повлекло девојка под воз што доаѓал од спротивен правец, двајцата се мртви
Во Хамбург во четврток, две лица загинаа на метро станицата Вандсбек Маркт откако маж влечеше жена на шините пред воз што доаѓаше од спротивната насока. Полицијата се сомнева во убиство и започна истрага, а според првичните информации, сторителот и жртвата не се познавале, пишува Шпигел.
Според досегашните сознанија на полицијата, жртвата е 18-годишна девојка која чекала на перонот воз во правец на центарот на градот.
Сторителот, 25-годишен маж по потекло од Јужен Судан, стоел одвоено од неа. Во еден момент, тој одеднаш ѝ се приближил, ја зграпчил и, од сè уште непознати причини, ја влечел на шините, точно пред возот што влегувал во станицата. Двајцата починале на местото на несреќата.
Свет
46 жртви во железничката несреќа во Шпанија
Смртта на 43-годишна жена која била на одделот за интензивна нега во болницата Реина Софија во Кордоба го зголеми бројот на жртви во железничката несреќа кај Адамуз, која се случи на 18 јануари, на 46, соопштија владини извори.
Дваесет и осум од вкупниот број жртви биле од провинцијата Уелва, пренесе „Паис“.
Жртвата, жителка на Ла Палма дел Кондадо, била меѓу патниците на возот Алвија од Мадрид. Во моментот на несреќата се враќала по полагање испит за затворски чувар. По несреќата била на интензивна нега поради сериозни проблеми со белите дробови.
Од вчера, 16 од 126-те повредени патници и понатаму се во болниците во Андалузија, од кои двајца се на интензивна нега. Андалузиската здравствена служба извести за уште едно отпуштање од болница и за еден пациент кој го напуштил одделот за интензивна нега.
Поради смртта на најновата жртва, шпанската влада одлучи да ја одложи државната комеморација закажана за денеска. Шпанскиот премиер Педро Санчез вети дека државата ќе продолжи со истрагата и ќе им дава поддршка на семејствата погодени од трагедијата.
Свет
Пак загинати во израелски напади во Газа
Најмалку 12 Палестинци утрово загинаа во израелски напади на јужниот и северниот дел на Појасот Газа, соопштија болниците во Газа.
Ова е еден од израелските напади со најголем број жртви откако стапи во сила примирјето во Појасот Газа на 10 октомври.
Во нападите се погодени локации на северот и југот на Појасот Газа, вклучувајќи станбена зграда во градот Газа и шатор во Кан Јунис, рекле официјални претставници на болниците. Тие навеле дека меѓу жртвите има две жени и шест деца.
Министерството за здравство на Газа, кое е под контрола на Хамас, соопшти дека повеќе од 500 Палестинци се убиени во израелски напади од почетокот на примирјето на 10 октомври.

