Спорт
МЗТ најде замена за Гочер – Барнет е нов играч на „штрковите“

МЗТ Скопје Аердром експресно најде замена за Тодрик Гочер, кој се пресели во Месолонги. Нов играч на МЗТ е американскиот интернационалец Доминез Барнет. 28-годишниот бек со МЗТ потпишал договор до крајот на сезоната.
Барнет од 2016 година настапува како професионалец во Европа, а претходно бил дел од Девенпорт универзитетот во НЦАА-лигата.
Прв европски клуб му е Пардубице, каде што одигра една и пол сезона, во која беше најдобар стрелец во првенството во Чешка. Поради тоа, во јануари 2018 година неговиот договор беше откупен од летонски Вентспилс, со кого ја освои шампионската круна.
Потоа го носеше дресот на италијанскиот тим Универсо Тревисо, со кој беше првак во Серија А2, по што се пресели во силната ВТБ-лига и рускиот тим Цмоки, од каде што дојде во МЗТ.
Барнет ќе дебитира во дресот на МЗТ на вториот турнир од АБА2-лигата во Бања Лука, кој почнува на 18 јануари.
Извор/mztskopjeaerodrom.mk
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Четирикратниот олимписки шампион го сруши светскиот рекорд во Сингапур

Францускиот пливач Леон Маршан го сруши светскиот рекорд на 200 метри мешано на Светското првенство во Сингапур.
Четирикратниот олимписки шампион постигна резултат од 1:52,69 минути во полуфиналната трка.
Маршан го сруши светскиот рекорд поставен од Американецот Раџан Локти во Шангај во 2011 година за 1,31 секунда.
Финалето на 200 метри мешано на Светското првенство е закажано за четврток.
Фото: принтскрин
Спорт
Италија остана без планираното НБА-засилување

Донте ДиВинченцо нема да игра за Италија на претстојниот Евробаскет и покрај тоа што преговорите траеја неколку месеци и што во меѓу време доби пасош на оваа земја.
Бекот на Минесота беше вклучен во прелиминарниот состав на „Азурите“, што ја израдува целата нација со богатата кошаркарска историја. Кошаркарот од Делавер требаше да биде капитално засилување за Италија.
Иако во претходните месеци ја нагласуваше својата голема желба да ја претставува татковината на своите родители на Европското првенство, се случи ненадеен пресврт.
Поранешниот играч на Милвоки, Сакраменто, Голден Стејт и Њујорк Никс нема да носи дресот на Италија ова лето.
Наместо него, на списокот ќе биде натурализиран Американец, Дариус Томпсон, кој го напушти Анадолу Ефес и од наредната сезона ќе игра во Валенсија.
Фото/ Принскрин
Спорт
Сезоната во ПМФЛ ќе ја отвори дербито Вардар-Пелистер

На денешното извлекување во Хотел Хилтон во Скопје беа утврдени паровите за есенскиот дел од сезоната 2025/26 во Првата Македонска Фудбалска Лига. Сезоната 2025/2026 ќе започне на 8 август.
Новата сезона во Првата македонска фудбалска лига ќе почне со големото дерби. помеѓу Вардар и Пелистер.
Шампионот Шкендија, одбраната на титулата ја започнува на домашен терен против Шкупи. Силекс ќе биде домаќин на Брера, новите прволигаши Башкими и Арсими ќе се соочат во Куманово, Работнички ќе му гостува наТиквеш, а Струга ќе ја пречека Македонија ЃП.
На следниот линк можете да го погленете распоредот: