Црна хроника
Струмичкото Обвинителство врши увид за пожарот во ТЦ „Глобал“
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица од 10 часот утринава го почна увидот на самото место во ТЦ „Глобал“, каде што ноќта на 2 јануари избувна пожар.
Неопходни услови за вршење увид се создадоа денеска поради предупредувања за можни повремени пожари дадени од Дирекцијата за заштита и спасување и противпожарните екипи во текот на вчерашниот ден. Надлежен јавен обвинител увидот го врши во координација со екипа од крим-техника МВР и СВР Струмица, а Обвинителството повика и вешти лица за пожари и експлозиви и за електрика со цел утврдување на причините за настанатиот пожар. Воедно, повикани се и вешти лица од областа на градежништвото и архитектурата, како и од материјално-финансиско работење, со цел утврдување на видот и висината на настанатата штета.
Јавниот обвинител издаде наредби за подигање траги од самото место и нивно натамошно вештачење, како и за одземање видеозаписи – рисивери од видеокамерите поставени во трговскиот центар. Издадени се и наредби за вршење оперативни проверки и прибирање информации од лица што имаат сознанија во врска со настанувањето на пожарот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тешка кражба во барака на „Паркови и зеленило“: украдени неколку парчиња огнено оружје
Вчера околу 09:00 часот во СВР Скопје, од Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ во Скопје е пријавено дека во периодот од 02.01.2026 до 05.01.2026 во барака на подрачјето на Карпош, сопственост на Јавното претпријатие, со употреба на физичка сила и алат е извршена тешка кражба, при што од сефот биле одземени неколку парчиња на огнено оружје, кои биле користени од Службата за обезбедување на јавното претпријатие.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Семејно насилство во скопско: жената го истепала сопругот
Вчера полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со двајца сопружници од скопско, постапувајќи по претходна пријава од 37-годишен маж дека на 01.01.2026 во семејниот дом во скопско, по претходна расправија, бил нападнат од неговата 33-годишна сопруга.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
20-годишник од Скопје нападнат и ограбен во Аеродром
Вчера во 10:10 часот во СВР Скопје, 20-годишниот Д.Ј. од Скопје пријави дека на 01.01.2026 околу 02:00 часот на паркинг простор во близина на угостителски објект на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, бил физички нападнат од едно лице, кое исто така му го одзело часовникот.
По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

