Контакт

Свет

Новиот вид коронавирус откриен и во Париз и во Њујорк

Објавено пред

Новиот вид коронавирус е откриен и во Париз и во Њујорк, јавуваат властите во Франција и САД.

dobivaj vesti na viber

Генералниот директор на болничкиот систем во Париз, Мартин Хирш, утрово ја потврди информацијата во интервју за телевизијата „Франс 2“. Претходно, и министерот за здравство на Франција, Оливие Веран, во изјава за РТЛ наведе дека досега е потврдено присуство на новиот вид коронавирус во 10 случаи.

Гувернерот на Њујорк, Ендру Куомо, наведе дека новиот вид коронавирус е откриен кај еден 60-годишен маж и оти заздравува. Пациентот не патувал.

Според „Њујорк тајмс“, лицето, чиј идентитет не е откриен, се заразило во златарница во Саратога Спрингс.

Куомо истакна дека во продавницата се разболеле уште три лица, но за нив сè уште не е познато дали се заразени со новиот вид коронавирус.

Новиот вид коронавирус претходно во САД е регистриран во Колорадо и во Калифорнија.

Свет

Полскиот министер до Маск: Заработката од воени злосторства може да му наштети на твојот бренд

Објавено пред

Полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски го критикуваше милијардерот Илон Маск откако Американскиот институт за проучување на војната (ISW) објави дека руските сили сè повеќе ги користат сателитските системи „Starlink“ за да го прошират дометот на беспилотните летала „BM-35“ и да извршат напади со среден домет против украинските сили.

dobivaj vesti na viber

„Еј, голем човеку, зошто не ги спречиш Русите да го користат „Starlink“ за да ги таргетираат украинските градови. Заработката од воени злосторства може да му наштети на твојот бренд“, напиша Сикорски на Икс.

Обвинението повторно ја разгорува долгогодишната јавна расправија меѓу министерот за надворешни работи на Полска и американскиот технолошки милијардер околу улогата на приватните технолошки компании во модерното војување и одговорноста за тоа како се користат нивните производи.

Маск претходно ги отфрли критиките од Сикорски и други европски претставници. Минатата година, тој го нарече Сикорски „мал човек“ откако министерот го доведе во прашање политичкото влијание и стратешката одговорност на „Starlink“ во војната во Украина.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Трамп за убиството на Алекс Прети: „Не можете да се шетате со оружје“

Објавено пред

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека не верува оти Алекс Прети, вториот американски државјанин убиен од федералните сили во Минесота овој месец, дејствувал како атентатор.

dobivaj vesti na viber

„Не можете да имате оружје. Не можете да се шетате со оружје“, рече претседателот како одговор на прашање од новинар на PBS, повторувајќи го ставот на администрацијата дека Прити не требало да донесе легално оружје на протестот, став што ги налути застапниците за правата на поседување оружје, според PBS NewsHour.

Одговорот на претседателот претставува омекнување на тонот на неговата администрација во врска со убиството што се случи пред четири дена. Претходно, неколку од неговите врвни помошници, вклучувајќи го и заменик-шефот на кабинетот на Белата куќа, Стивен Милер, го опишаа Прити како закана за федералните агенти, тврдејќи дека сака да ги „масакрира“.

По смртта на Прети, групите за права на поседување оружје издадоа соопштенија во кои се вели дека е легално да се носи огнено оружје за време на протести или при остварување на правата од Првиот амандман.

Новинарката Лиз Ландерс го праша Трамп за Вториот амандман, кој го штити правото на поседување и носење оружје. „Тоа е многу несреќен инцидент“, рече Трамп кратко пред да ја напушти Белата куќа за планираниот говор во Ајова.

Прикажи повеќе...

Свет

Поранешната прва дама на Јужна Кореја оди во затвор поради корупција

Објавено пред

Сопругата на соборениот поранешен јужнокорејски претседател, Ким Кион Хи, е осудена на 20 месеци затвор за примање мито од контроверзната Црква на обединување. Судот, исто така, ја ослободи 52-годишната Ким од обвиненијата за манипулирање со цените на акциите и прифаќање бесплатни анкети на јавното мислење пред претседателските избори во 2022 година, на кои победи нејзиниот сопруг, Јун Сук Јеол, објави Би-Би-Си.

dobivaj vesti na viber

Нејзиниот сопруг, Јун, веќе е осуден на пет години затвор за злоупотреба на моќ и попречување на правдата во неуспешен обид за воведување вонредна состојба во 2024 година. Ова е прв пат во историјата на Јужна Кореја поранешен претседател и прва дама да бидат осудени истовремено.

Судијата на Окружниот суд во Сеул пресуди дека Ким „ја злоупотребила својата позиција за лична корист“.

„Колку е повисока позицијата, толку посвесна треба да биде за такво однесување. Обвинетата не се спротивставила на убедувањето и била преокупирана со лична корист“, рече судијата.

Специјален истражен тим откри дека Ким добила подароци во вредност од 80 милиони вони од Црквата на обединување помеѓу април и јули 2022 година, вклучувајќи дијамантски ѓердан и неколку чанти „Шанел“. Таа ги добила подароците во замена за деловни и политички услуги.

Обвинителите бараа казна од 15 години затвор и парична казна од 2 милијарди вони за сите три обвиненија, но судијата зеде предвид дека Ким не барала ниту охрабрувала мито и дека „нема значително криминално досие“.

Покрај затворската казна, ѝ беше наредено да врати 12,85 милиони вони во готово, а судот, исто така, нареди конфискација на дијамантскиот ѓердан.

Ким Кион Хи е обвинета и за наводна вмешаност во регрутирање следбеници на Црквата на обединување во конзервативната Партија на народната моќ, чиј член беше нејзиниот сопруг, и за прифаќање подароци во замена за владини назначувања. Судот сè уште не донел одлука за овие случаи.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет51 минута

Фицо шокиран од Трамп: „Тој е опасен и полудел“

Словачкиот премиер Роберт Фицо им рече на лидерите на Европската унија на самитот минатата недела дека неговата средба со Доналд...

Свет1 час

(Видео) Трамп: Уште една прекрасна армада прекрасно плови кон Иран токму сега

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „уште една“ американска воена флота е на пат кон Иран. „Патем, уште една прекрасна...

Свет2 часа

(Видео) Санти мраз во Њујорк, има мртви, температурите под нулата: Бура ги опустошува САД

Санти мраз и делумно замрзнатите делови од реката Хадсон беа пријавени по силната зимска снежна бура во вторник, 27 јануари,...

Свет2 часа

(Видео) Американска конгресменка нападната со непозната течност во Минеаполис

Американската конгресменка, Илхан Омар, беше нападната со непозната течност за време на јавна трибина во Минеаполис во вторник. Полицијата соопшти...

Европа2 часа

Русија бара територијални отстапки од Украина, Зеленски сака средба со Путин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски е подготвен директно да преговара со лидерот на Кремљ, Владимир Путин, за чувствителни прашања како дел...

Европа2 часа

Колку Руси и Украинци загинаа во војната? Анализа откри застрашувачки бројки

Бројот на руски и украински војници убиени, ранети и исчезнати во речиси четиригодишната војна би можел да достигне два милиони...

Македонија2 часа

Намалена видливост поради магла на неколку патни правци

Поради протест блокирани се повеќе гранични премини за влез и излез од државата на товарни моторни возила. Како што известуваат...

Македонија3 часа

(Фото) Ѓорѓиевски: Кејот на Вардар ќе добие нов лик

Градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, вчера вечер, преку социјалните мрежи порача дека кејот на Вардар ќе добие нов лик....

Македонија14 часа

МНР со реакција до Бугарија: Македонија останува подготвена за дијалог што ќе се води во духот на европските вредности, Европа се гради со доверба и резултати, не со етикетирања и политички квалификации

Македонското Министерство за надворешни работи реагира на денешното соопштение објавено на веб-страницата на Министерството за надворешни работи на Република Бугарија....

Македонија15 часа

Бугарското МНР: Муцунски покажа неподготвеност да се вклучи не само со зборови, туку и во пракса во водење на отворен дијалог

Бугарското министерството за надворешни работи изразува длабоко разочарување од неконструктивното однесување на Република Северна Македонија, официјално обвинувајќи го Скопје за...

Македонија19 часа

Агенцијата за храна повлекува од пазарот во Македонија контаминирана формула за доенчиња: „Ако сте купиле, не ја употребувајте“

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) во текот на вчерашниот ден спроведоа вонредна инспекциска контрола кај оператор...

Македонија20 часа

Мицкоски за утрешниот протест за минимална плата 600 евра: Секој има право да си протестира, во март законски ќе ја зголемиме

Во пресрет на утрешниот протест за минималната плата да се зголеми на 600 евра организиран од Сојузот на синдикати на...

Македонија20 часа

Хотели без дозволи, бесправни објекти на Галичица и недостаток на урбанистички планови: Ревизијата со забелешки за Охрид

Општината нема донесено урбанистички планови за 20 населени места, нема преземено мерки за отстранување на бесправно изградените објекти, особено во...

Македонија21 час

(Видео) Поплави во Струмичко: реката однесе повеќе од 100 јагниња и овци од штала во Костурино, поплавени и земјоделски површини

Надојдената вода од реката Тркања вчера однесе повеќе 100 јагниња и овци во селото Костурино, на локацијата позната како „Шепово“....

Македонија21 час

(Видео) Димитријевиќ: Во ВМРО секој функционер или негов роднина има фирма

Антикорупцискиот тим на СДСМ објави повеќе бомби, факти и докази за фирмата „Пирамид билдинг солушнс“, фаворит за тендери во општините...

Македонија21 час

Левица ќе гласа против новиот состав на Комисијата за заштита од дискриминација, обвинува за партизација

На утрешната пленарна седница, при гласањето за составот на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, пратеничката група на Левица...

Македонија22 часа

(Видео) Камионџиите ја проширија блокадата на граничните премини, заострените шенгенски правила го блокираа товарниот сообраќај на Балканот

Возачите на камиони од  Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора денес продолжија со блокадите на граничните премини за...

Македонија22 часа

Просечната плата во здравството е 50.327 денари, од март ФЗОМ најави ново покачување

Просечната нето плата во здравството, според податоците на Државниот завод за статистика, во 2025 година изнесува 50.327 денари, просечната плата...

Македонија23 часа

Лани подигнати 22.000 кубни метри отпад од диви депонии, Комунална апелира поскоро да стапи во сила Законот за формирање на комунална полиција

Во текот на 2025 година, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнале и транспортирале вкупно 21995 кубни метри отпад од стотици...

Европа1 ден

Америка ѝ нуди на Украина гаранции и оружје, но бара многу болни отстапки кон Русите

Администрацијата на Доналд Трамп ѝ соопшти на Украина дека безбедносните гаранции на САД се условени од тоа Киев да се...