Свет
„Бионтек“: Ако се одложи давањето на втората доза од вакцината, прашање е колку таа би била ефикасна

Германската лабораторија „Бионтек“, која е соработник во изработката на вакцината на „Фајзер“,, предупреди дека не може да гарантира максимална ефикасност на вакцината против коронавирусот ако втората доза се одложи и временскиот интервал помеѓу две инјекции е подолг од пропишаните три недели.
„Бионтек“ посочува дека нема податоци што би ги поддржале плановите на некои земји да го поместат давањето на втората доза за да опфатат поголем број луѓе со ограничените резерви вакцини.
Велика Британија предизвика контроверзии објавувајќи дека планира да го одложи давањето на втората доза од вакцината до 12 недели со цел на повеќе луѓе да им се овозможи заштита барем со една доза, а сега и Германија ја разгледува таквата можност.
Двете земји се загрижени од новиот, позаразен вид на коронавирусот, што се појави во Англија и веќе се прошири и во други европски земји.
„Ефикасноста и безбедноста на вакцината е тестирана во клинички испитувања со примена на две дози, при што интервалот меѓу нив мора да биде 21 ден“, велат од „Бионтек“.
„Дури и ако податоците покажуваат дека постои делумна заштита уште во 12. ден по првата доза, нема податоци што укажуваат на тоа дека заштитата сè уште постои по 21. ден“, истакна портпаролот на лабораторијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Невреме во Црна Гора: Сè беше забелено

Невремето што денес ја погоди околината на Колашин во Црна Гора донесе неочекувани сцени за првиот дел од август, сè е покриено како со бела покривка, пишуваат медиумите во регионот.
Сепак, според написите, не станува збор за снег, туку за град што падна низ целата област.
Според проценките, на некои места слојот на град достигнува и до 15 сантиметри.
Овој августовски пејзаж е вистинска реткост во овој дел и не се памети во поновата историја, пренесуваат медиумите.
Дел од скијачките патеки исто така беше покриен со град, а невремето предизвика значителни штети на планинските патишта, што претставува дополнителен предизвик за локалните жители и туристите.
Фото: принтскрин
Свет
Орбан: Не ја признаваме пресудата против Додик

Унгарија не ја признава конечната пресуда на Апелациониот совет на Судот на Босна и Херцеговина, со која беше потврдена првостепената одлука од февруари оваа година, објави премиерот на таа земја, Виктор Орбан.
„Унгарија не ја признава судската пресуда против претседателот Милорад Додик. Обидите на супервизорите назначени од ЕУ да го отстранат поради спротивставување на нивната глобалистичка агенда се неприфатливи. Тој е легитимен, избран лидер на Република Српска – ние цврсто се спротивставуваме на мешањето на Брисел во суверените прашања. Ништо не може да биде над волјата на народот“, напиша Орбан на социјалната мрежа Икс.
Медиумите во регионот потсетуваат дека Апелациониот оддел на Судот на Босна и Херцеговина во петокот ја потврди првостепената пресуда против претседателот на Република Српска, Милорад Додик, со која тој беше осуден на една година затвор и шестгодишна забрана за политичка активност поради непочитување на одлуките на Кристијан Шмит.
Свет
(Видео) Пукање во Лос Анџелес: има загинати и повредени

Најмалку две лица се убиени, а шест се ранети денес во пукање за време на забава по музички фестивал во центарот на Лос Анџелес, објавија властите.
Полицијата изјави дека едно лице осомничено за пукањето е уапсено.
LOS ANGELES MASS SHOOTING: Mass shooting after Hard Summer Music Festival afterparty in Inglewood, LA. 2 killed, 6 injured. pic.twitter.com/Rgra9sY59O
— Breaking911 (@Breaking911) August 4, 2025
Забавата беше промовирана на социјалните мрежи како неофицијална забава по фестивалот „Hard Summer”, викенд фестивал на техно музика што се одржува во Холивуд Парк, објави АП.
Нема информации за мотивот на нападот.
Полицијата објави дека отворила истрага.