Македонија
Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Повторно насилничко и шверцерско однесување на СДСМ во парламентот
„СДСМ продолжува со непочитување и омаловажување на Собранието на Република Македонија и игнорирање на опозицијата во целост. Ова што СДСМ го направи денес претставува самоволие и тотално непочитување на демократските процедури во Собранието на Република Македонија. Очигледно, за СДСМ не важат ниту правила и процедури, ниту закони и деловник“, соопшти пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
Според нив, на денешната Комисија за прашања на изборите и именувањата каде на дневен ред беше точката за утврдување на предлог-листата за избор на членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, ‘пратениците од мнозинството на чело со СДСМ спротивно на парламентарната демократија, без никаква консултација со ВМРО-ДПМНЕ, не дозволија да се отвори суштинска и поединечна дискусија за предлог членовите на оваа Комисија’.
„Како пратеници од ВМРО-ДПМНЕ јасно и гласно укажавме и реагиравме дека при овој избор не се испочитувани неколку важни сегменти. Имено, според списокот на кандидати за членови на оваа Комисија, не е испочитуван член 16 ставот 5 од Законот за спречување и заштита од дискриминација каде стои ‘Членовите на Комисијата треба да го одразуваат составот на општеството во целина и при изборот на членовите на Комисијата се применуваат принципите за соодветна застапеност на сите општествени групи, начелото на соодветна и правична застапеност на припадниците на заедниците и родово балансирано учество’. Исто така, можеме да констатираме дека станува збор за партиски кандидати, одбрани и селектирани во штабот на СДСМ, кои немаат речиси никакво работно искуство во областа. Меѓу кандидатите има лица кои биле на високи позиции во СДСМ, поранешни пратеници од редовите на СДСМ, но има и судир на интереси и класичен непотизам.Ова јасно покажува каква намера и цел има СДСМ со оваа Комисија.
Наместо ослободување од политичкото влијание врз членовите на оваа Комисија и зголемување на довербата на граѓаните во работата и функционирањето на истата, СДСМ на секој можен начин се обидува да ја политизира и да ја стави шепата и врз оваа многу важна алка од секојдневното живеење на граѓаните во Република Македонија. Оваа Комисија треба да влева сигурност и доверба на граѓаните во институциите, а не сомнеж во нејзиното постоење и функционирање“, се вели во соопштението.
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ апелирала до владејачкото мнозинство да има отворена и демократска дебата, каде што и ВМРО-ДПМНЕ ќе има шанса да предложи кандидати експерти во таа област со цел да се изберат соодветните и адекватните кандидати, но и тоа било добиено од страна на СДСМ.
„Очигледно, СДСМ се решени овој избор да помине без опозиција, без консултација и дебата, без можност граѓаните и ние да видиме кој и дали кандидатите ги исполнуваат основните услови пропишани со огласот за избор на членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. Оттука, како пратеници од ВМРО-ДПМНЕ ваквото самобендисано и игнорантско однесување на СДСМ нема никогаш да го прифатиме и поддржиме. Ваквиот начин на избор е далеку од демократски и далеку од начин којшто би ги дал посакуваните резултати на една Комисија која има важно и суштинско значење. Очигледно, СДСМ фрли црна дамка и ја понижи работата и постоењето на Комисијата уште од самото нејзино формирање.Токму затоа, како пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ поради сите аномалии кои се случија денес во Собранието при утврдувањето на листата, ние не го поддржавме ваквиот недемократски избор членовите на Комисијата и ја напуштивме работата на Комисијата. Ние нема да дозволиме да бидеме соучесници во ваквото срамно однесување на колегите пратеници од СДСМ и ќе се бориме со сите демократски алатки ова самоволие во Собранието конечно, еднаш засекогаш да престане“, се додава во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Касами: Собранието го разреши раководството на партијата, важен чекор кон спојување на ВЛЕН во еден субјект
Централното собрание на Движењето Беса со мнозинство гласови ја одобри одлуката за распуштање на Централното претседателство на Движењето Беса, во продолжение на процесот започнат за спојување на ВЛЕН во еден субјект, објави на социјалните мрежи лидерот на движењето Беса, Билал Касами.
„Собранието на Движењето оцени дека треба да се отвори патот за структурирање на ВЛЕН и ја донесе оваа одлука врз основа на мораториумот за партиски активности од страна на субјектите што го сочинуваат ВЛЕН.
Во оваа прилика, Собранието ме овласти мене како претседател да продолжам со разговорите за иднината на ВЛЕН, давајќи поддршка на спојувањето во еден субјект, со решение што го почитува принципот на правда и го слуша гласот и волјата на гласачите на ВЛЕН и сите Албанци“, соопшти Касами.
На состанокот на Собранието, како што вели, била дискутирана и работата на функционерите на Движењето Беса во Владата.
„Членовите на собранието ја поддржаа мојата изјава дека Беса има капацитет за многу повеќе работа отколку што е сработено досега.
Анализата на работата на функсионерите ќе продолжи во наредните денови, додека наодите ќе бидат одразени во идната реконструкција на Владата.
Движењето Беса верува дека позициите во Владата се средство за наша најдобра и најефикасна служба на сите граѓани, а особено на Албанците, и сите идни одлуки ќе бидат засновани на овој принцип“, додава Касами.
Македонија
Од утре Мицкоски во Минхен на безбедносната конференција: во фокусот, геополитичката стабилност и улогата на Македонија како столб на стабилност во Западен Балкан
Oд утре (петок) премиерот Христијан Мицкоски заедно со министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за надворешна политика и надворешна трговија Тимчо Муцунски и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ќе биде во неколкудневна посета на Сојузна Република Германија, каде ќе присуствува на 62-та Минхенска безбедносна конференција.
Во рамки на конференцијата, Мицкоски ќе оствари серија билатерални средби со европски лидери, високи претставници како и челни луѓе на меѓународните безбедносни организации.
Во фокусот на разговорите ќе бидат геополитичката стабилност на регионот, нагласувајќи ја улогата на Македонија како столб на стабилноста во Западен Балкан и активен придонесувач во НАТО алијансата.
Исто така премиерот Мицкоски на средбите и состаноците ќе ја реафирмира позицијата на државата за неопходноста од предвидлив и фер пат кон полноправно членство во ЕУ, без наметнати билатерални пречки.
На маргините на конференцијата, предвидени се средби со високи претставници на Европската Унија како и со шефови на влади и држави.
Македонија
Филипче да каже зошто со Заев дозволиле одгледување на канабис на отворено спротивно на закон, кои им биле мотивите и кој и колку профитирал, велат од ВМРО-ДПМНЕ
Филипче жестоко се обидува да го одбрани својот ментор Заев и поврзаноста на луѓето блиски до СДС во последниот скандал со запленетата марихуана, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Филипче и кланот Заеви, Македонија ја претворија во Балкански „нарко-центар“, каде наместо медицинска се произведувала марихуана за црниот пазар. Запленетите 40 тони марихуана, директно водат до фирми блиски до Заев и Филипче.
Венко Филипче е без кредибилитет. Нема афера и скандал, а тој и Заев да не се вплеткани. Филипче и Заев се синоним за криминал, корупција, импровизации, нетранспарентни одлуки и контроверзи. Филипче е човекот кој го уништи здравствениот систем во државата“.
Македонија во време на владеењето на СДС, додаваат од владејачката партија, Зоран Заев и Венко Филипче, наместо строго контролирано производство на канабис за медицински цели, беше претворена во балкански нарко центар за шверц на марихуана на црниот пазар.
Според нив, факт е дека темелите на бизнисот за марихуана ги постави владата на Зоран Заев во 2020 година, додека Филипче беше министер за здравство.
„Владата на СДС делела лиценци на фирми поврзани со Зоран и Вице Заев, а резултат на тоа, денес се тони дрога и сериозни безбедносни последици за државата.
Факт е и дека околу 70 проценти од запленетата дрога деновиве е на фирма во сопственост на луѓе на Заев.
Медицинската марухуана била параван за организиран криминал во огромни размери“.
Прашуваат, зошто Заев лично се интересирал за случајот со петте тони марихуана запленети во Србија?
„Зошто Заев и Филипче дозволиле одгледување на канабис на отворено спротивно на закон, кои им биле мотивите и колку профитирале?
Дали измените на правилникот се донесени по конкретна насока од Заев, и дали со нив се отворил простор за можни злоупотреби и незаконска трговија?
Одговорност мора да има“.

