Спорт
Во „случајот Рамос“, навивачите го поддржаа клубот
Навивачите на Реал Мадрид ја подржуваат одлуката на клубот да не му ја покачат платат на капитенот Серхио Рамос.
„Марка“, организираше анкета чија тема беше „случајот Рамос“. Својот глас во анкетата го дале преку 700.000 посетители.
Рамос одбива да го продолжи договорот под условите што му ги нуди клубот и бара покачување на платата. Од друга страна, капитенот на Реал, објави дека нема вистина во она што го пишуваат медиумите и дека неговата годишна плата е помала од 15 милиони евра.
Дури 62 отсто од оние што учествувале во анкетата, сметаат дека клубот не треба да попушти пред барањата на Рамос. Исто така, 37 отсто, веруваат дека Рамос ќе го напушти клубот, а 34 отсто очекувата дека тој ќе го продолжи договорот на една година.
Дури 54 отсто од анкетираните се убдени дека Рамос кариерата ќе ја продолжи во ПСЖ, додека 15 отсто мислат дека тој ќе замине во МЛС лигата.
На најважното прашање, кој е во право во овој спор, дури 76 отсто од анкетираните сметаат дека челниците на клубот се во право.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Фабио го изедначи неверојатниот рекорд на Питер Шилтон
Голманот на Флуминензе, Фабио (44), го израмни рекордот на Англичанецот Питер Шилтон по број на официјални натпревари во машкиот фудбал. Во саботата, во победата на неговиот тим против Форталеза со резултат 2:1, тој го одигра 1.390 натпревар во кариерата. .
Оваа бројка, објавена од Флуминензе, ја потврди и бразилскиот медиум „Глобо Еспорте“.
„Бог ми го даде овој дар“, изјави Фабио за „Глобо“. „Морам да им се заблагодарам на сите што беа дел од мојот живот: моите родители, сестрите, пријатели, сопругата… Се обидувам да бидам добар човек. Најважно е да им помагам на моите соиграчи. Благодарен сум – но без Бога, ништо не би било можно. Овие натпревари се тешки, играме против многу силни тимови. Секогаш се бориме за да ја постигнеме целта – а тоа се титулите.“
Во својата 28-годишна професионална кариера, бразилскиот голман бранеше за: Униао Бандеиранте (30 натпревари), Васко да Гама (150), Крузеиро (976) и Флуминензе (234).
Фабио би можел да го престигне Шилтон веќе во вторник, ако брани за Флуминенсе против колумбискиот клуб Америка де Кали, во реваншот од осминафиналето на Копа Судамерикана.
Бидејќи е стандарден голман на Флуминенсе, се очекува да игра и со тоа да стане апсолутен рекордер.
Поранешниот англиски голман Питер Шилтон (75), кој бранеше од 1966 до 1997 година, призна во 2023 година дека Фабио се приближува до својот рекорд и рече дека ќе биде првиот што ќе му честита ако го престигне.
Патем, бројката од 1.390 натпревари е спорна. Гинисовата книга на рекорди и многу веб-страници за статистика ја наведуваат точно таа бројка, но самиот Шилтон тврди дека има 1.387 натпревари во кариерата.
Разликата доаѓа од фактот дека Гинис брои 16 неофицијални натпревари што Шилтон не ги признава, додека тој брои 13 натпревари за младинската репрезентација на Англија (У23), кои не се сметаат.
Спорт
Јунајтед и Рома се договорија, сега Санчо треба да ја договори платата со „волчицата“

Манчестер јунајтед се согласи да го продаде Џејдон Санчо во Рома за 23 милиони евра, но англискиот репрезентативец сè уште не ги договорил финансиските услови, ќе мора да прифати намалување на платата.
Италијанските медиуми објавија дека клубовите постигнале договор за позајмица со обврска за откуп на договорот од 23 милиони евра.
Јунајтед е заинтересиран да го продаде Санчо, чиј договор истекува следното лето, но големиот проблем е платата на 25-годишникот од 15 милиони евра по сезона.
Со оглед на тоа дека ова е далеку над можностите на Рома, клубот му предложи на Санчо да потпише петгодишен договор за да ја распредели својата плата.
Санчо би заработувал околу 4,5 милиони евра по сезона на Олимпико плус бонуси.
Јувентус и Бешикташ се исто така заинтересирани за Санчо.
Санчо ја започна својата кариера во Борусија Дортмунд, од каде што се пресели во Манчестер јунајтед во 2021 година. Тој беше отстранет од тимот во септември 2023 година поради недостаток на посветеност и недисциплина, а вториот дел од сезоната го помина на позајмица во Дортмунд.
Минатата сезона играше на позајмица во Челзи.
Спорт
Елмас на радарот на клубови од Италија, Турција и Англија

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, до крајот на преодниот рок ќе го напушти Лајпциг. Елмас, вториот дел од сезоната го мина на позајмица во Торино. Лајпциг за неговите услуги бара околу 20 милиони евра.
Најреално во овој момент е Елмас да се врати во Италија. Торино сака да го откупи од Лајпциг, но не и да плати 20 милиони.
Проблем со финансиите нема поранешниот клуб на макеоднскиот репрезентативец, Наполи. Засега актуелниот италијански шампион важи за најголем фаворит за неговиот потпис.
Фудбалскиот инсајдер Екрем Конур, тврди дека покрај Наполи и Торино, интерес за 25-годишникот покажале Бепикташ и Вест Хем.
Foto/ EPA/ELISABETTA BARACCHI