Црна хроника
Еден избоден и еден застрелан во Гази Баба, полицијата го истражува случајот

Две лица со повреди биле пренесени во болница, по настан кој се случил во близина на бензиската пумпа на подрачјето на Гази Баба. Полицијата го истражува случајот.
Според првичните информации, синоќа во 19.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека во близина на бензинската пумпа на подрачје на Гази Баба има едно повредено лице. Подоцна била добиена информација дека со возило „ауди“ С.И.(33) од с.Сингелиќ бил донесен повреден со остар предмет во Градската општа болница „Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. Од местото на настанот, во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ бил пренесен Е.Е.(31) од с.Арачиново, со прострелна рана и од доктор му се констатирани тешки телесни повреди. На местото на настанот обезбедени се возило „сеат“, „голф“ со скопски регистарски ознаки, чаури и остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Мопед излетал од патот во Охрид: возило му го попречил правецот на движење

Вчера во 17.30 часот во СВР Охрид е пријавено дека на ул. „7 ноември“ во Охрид, мопед „кимко“, управуван од Т.Т.(44) од охридското село Куратица, излетал од коловозот.
Патнички автомобил „ровер“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Н.М.(60) од Скопје, кој се вклучувал во сообраќајот, му го попречил правецот на движење.
Притоа, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Охрид.
Црна хроника
Во сообраќајна незгода во Скопје тешко повредена девојка, која управувала електричен тротинет

Во сообраќајка што се случила во Скопје тешко е повредена девојка која управувала електричен тротинет откако се судрила со автомобил.
Според информациите на МЦР, вчера во 17.15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од ул.„Филип Втори Македонски“ и Кеј „13-ти Ноември“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу автомобил „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.И.(55) од Скопје и електричен тротинет, управуван од Д.П.(24) од Велес.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Д.П., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Изгореа подруми во зграда во Аеродром

Пожар избувнал вчера во подруми во зграда во Аеродром.
Според информациите на МВР, вчера во 11.28 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на општина Аеродром, во подрумските простории од станбена зграда настанал пожар.
Од пожарот биле зафатени четири подрумски простории. Пожарот е изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита Скопје.
Повредени лица нема.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.