Спорт
Фенер победи во Белград во последната стотинка – Звезда ја „уби“ поранешниот играч

Фенербахче, конечно, стигна до победа во Евролигата, откако во Белград во 18. коло во драматична завршница славеше со 73:71 над Црвена звезда.
Мечот беше неизвесен од старто до финишот, и двете екипи немаа поголема предност од +6, пред Лоренцо Браун во последната секунда да постигне кош и да го совлада својот поранешен клуб.
Квино Колом промаши сигурен удар за победа на Звезда, за во последните шест секунди, по скокот на Нандо де Коло, топката дојде до Браун, кој лани настапуваше во Белград, за сигурен погодок и победа. По крајот на мечот беше утврдено дека тој ја упатил топката кон кошот на буквално една стотинка од секундата.
Браун заврши со 13 поени, колку што имаше и Пјер, додека за Звезда, О’Брајант имаше 17, а Огњен Добриќ 12 поени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Баерн потврди дека Кејн ќе остане во клубот

Баерн се огласи за иднината на напаѓачот Хари Кејн откако се појавија гласини за негово можно враќање во Премиер лигата. Кејн пристигна во клубот од Минхен во летото 2023 година со репутација на одличен напаѓач, но и како играч кој никогаш не освоил титула во својата кариера.
Хари Кејн во неделата го симна проклетството, Баерн ја обезбеди титулата на две кола до крајот на сезоната, а Кејн учествуваше во неа како најдобар стрелец во лигата. Тој постигна 24 гола и имаше девет асистенции во 29 одиграни натпревари за својот прв трофеј во кариерата.
Кејн ги помина своите најдобри години во Тотенхем, за кого, со неколку позајмици на почетокот на кариерата, играше од 2010 до 2023 година. Вкупно, тој одигра 435 натпревари за лондонскиот клуб, постигна 280 гола и забележа 62 асистенции. Со Тотенхем играше финале во Лигата на шампионите (2018/19) и двапати финалист во ЕФЛ Купот.
Тој пристигна во Баерн пред минатата сезона во трансфер вреден 100 милиони евра. Тоа беше сезона во која тој веднаш беше најдобар стрелец во лигата (36 гола) и во која постигна 44 гола во 45 натпревари.
Баерн беше елиминиран во полуфиналето на Лигата на шампионите, во второто коло на Купот на Германија и загуби во натпреварот за титулата во Суперкупот. По 11 години по ред, тоа беше сезоната во која Баерн не беше шампион и во која остана без ниту еден трофеј.
Дали Кејн ќе се обиде да ја одбрани титулата со Баерн следната година стана прашање кое почна да се провлекува низ германските медиуми. Спортскиот директор на клубот, Кристоф Фројнд, уверува дека Кејн и следната сезона ќе постигнува голови во дресот на Баерн.
Зборовите на Фројнд ги потврди и Кејн. Во порака по освојувањето на титулата, тој рече:
„Едвај чекам да бидам на стадионот „Алијанц“ во сабота и да славам со навивачите. А потоа, како и секогаш, со нетрпение ја очекуваме следната сезона, ќе се обидеме да освоиме уште еден.“
Спорт
(Видео) Интер или Барселона, само еден тим може да оди во финалето

Вечерва во Милано ќе го добиеме првиот патник за финалето на Лигата на шампионите, кое ќе се игра во Минхен на 31 мај.
Сè укажува дека нè очекуваат најмалку 90 минути апсолутен спектакл помеѓу фудбалските титани, Интер и Барселона.
Пред сè, поради спектакуларниот прв натпревар во Каталонија, каде што сè „виеше“ од првата минута, а резултатот по 90 минути беше 3:3.
„Нероаѕурите“ имаат предност на домашен терен, меѓутоа, Каталонците играат одличен фудбал оваа сезона под водство на Ханс Флик и нема сомнение дека ќе бидат под помал притисок од Миланезите.
Исто така, атмосферата во „Блауграната“ е многу подобра поради неодамнешните резултати, бидејќи Барса неодамна го освои Купот на кралот со победа над вечниот ривал Реал, пред кого имаат четири поени повеќе од „кралскиот клуб“.
Од друга страна, Интер беше во игра за сите три трофеи до пред десет дена, но сега ситуацијата е поинаква. Интер испадна од Купот на Италија и по поразот од Рома ја загуби и лидерската позиција во Серија А.
Спорт
„Избркајте го Мурињо, сите нè прави будали“

Поранешниот фудбалер и репрезентативец на Босна и Херцеговина, Елвир Баљиќ, остро го критикуваше Жозе Мурињо и она што под неговот водство го прикажува Фенербахче.
Во 32-то коло од турското првенство, Фенербахче претрпе пораз против големиот ривал Бешикташ со резултат од 1:0, со што практично испадна од трката за титулата четири кола пред крајот на првенството.
Водечкиот Галатасарај сега има осум бода повеќе, а многумина во клубот од Истанбул веќе се помирени со фактот дека титулата нема да стигне до нивните витрини.
Главна мета на критики овие денови е тренерот Жозе Мурињо, а меѓу најгласните беше поранешниот фудбалер на Реал, Фенербахче и Галатасарај, како и на репрезентацијата на Босна и Херцеговина.
„Тој од сите нас прави будали. Ги молам луѓето од клубот веднаш да го заменат. Мислам дека Мурињо повеќе не е добар тренер – всушност, тој е лош тренер. Тој ни се потсмева на сите и повеќе не можам да молчам. Тој повторно нè изненади со својот состав. Каде е логиката? Не можете да го уништите тимот со вашето его и ароганција. Играчите немаат континуитет затоа што тој постојано менува нешто“, рече Баљиќ во својот остар говор.
„Го молам Фенербахче да не продолжува да работи со овој човек на крајот од сезоната. Повеќе немам никаква почит кон него, а што се однесува до играчите, сакам да им кажам само едно – го загубија првенството, но зошто не се борат? Дали воопшто им е гајле за кого играат?“.
Да потсетиме, Мурињо го презеде турскиот тим на почетокот од оваа сезона, но резултатите и атмосферата во клубот досега не ги исполнија големите очекувања.