Спорт
Сан Антонио победи во Лос Анџелес

Сан Антонио Спарс забележа победа над ЛА Лејкерс 118:109. Изминатата ноќ во НБА-лигата победи запишаа Бруклин, Портланд и Кливленд.
Сан Антонио во два дена забележа победи над екипите од Лос Анџелес. По триумфот над Клиперси на домашен терен, Сан Антонио славеше на теренот на Лејкерси.
Спарс беше доминантен во последната четвртина, во која два тима влегоа со по 89 поени.
Ламаркус Олдриџ го предводеше Спарс со 28 поени и 5 скока. На спротивната страна Леброн Џејмс забележа 27 поени, 6 скока и 12 асистенции.
Спарс има по четири победи и порази, а Лејкерси го забележаа третиот пораз во деветтиот меч.
Портланд ја прекина серијата од два пораза со триумфот над Минесота 135:117. Демијан Лилард постигна 39 поени (7/12 тројки), а Јусуф Нуркиќ забележа 17 поени и 7 скока. Кај Минесота по 26 поени реализираа Дијанџело Расел и Ентони Едвардс.
Бруклин нетс ја прекина серијата од шест победи во која беа кошаркарите на Филаделфија. До победата 122:109, Нетс дојде без првите ѕвезди Кајри Ирвинг и Кевин Дурент.
Џо Херис постигна 29 поени, а Крис Левер 22.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Италијански тим од пониската лига влезе во Серија Д, играчите беа наградени со доживотни услуги од ескорт дами

Италијанскиот тим од пониската лига, Атлетик Палермо, се промовираше во Серија Д, четвртата лига на италијанскиот фудбал.
По одлична борба во текот на целата сезона, Атлетик Палермо ремизираше со својот ривал од Партиникудаче и избори промоција за прв пат во својата историја.
Прославата на големиот успех беше очекувано бучна, но главниот спонзор на клубовите одлучи да оди чекор понатаму. Атлетик Палермо е спонзориран од веб-страница специјализирана за ескорт услуги, а нивниот извршен директор Мајк Мора им подари на играчите донекаде необичен подарок – доживотна претплата за бесплатни ескорт услуги – по повод нивното унапредување во повисок ранг.
„Сакавме да го одбележиме овој момент со практичен подарок. Сега тренерите и играчите конечно можат да се релаксираат со дополнителен подарок“, рече Мора. Играчите ја дочекаа веста со голема радост, а од клубот велат дека нивната цел е да остават белег меѓу посилната конкуренција во Серија Д.
Спорт
Венгер: Не е во ред освојувачот на Лига Европа да оди во Лигата на шампионите

Поранешниот менаџер на Арсенал, Арсен Венгер, изјави дека не е во ред освојувачот на Лига Европа да обезбеди место во Лигата на шампионите.
Манчестер Јунајтед и Тотенхем, по првите полуфинални натпревари се блиску до пласман во финалето во Билбао на 21 мај.
За двата тима Лига Европа е единствената шанса наредната сезона да играат во Лигата на шампионите, бидејќи во Премиер лигата сезнава се очајни. Јунајтед се 15-ти, а Спарс 16-ти на табелата.
УЕФА ги промени своите правила во 2014 година за да им овозможи на победниците на Лига Европа автоматски да се квалификуваат за Лигата на шампионите следната сезона, но Венгер не се согласува со ова правило.
На прашањето дали е исправно победниците на Лигата на Европа да обезбедат место во Лигата на шампионите, Венгер за „BeIN Sports“ изјави: „Не. Тие автоматски треба да се квалификуваат за Лига Европа, но не и во Лигата на шампионите. Особено кога сте во Премиер лигата, каде што пет тима веќе се квалификува.“
„Мислам дека тоа е нешто за кое УЕФА треба да размисли и да го разгледа. Од друга страна, луѓето ќе ви кажат дека за да биде Лига Европа интересна и мотивирачка, мора да им ја дадете таа награда (квалификација за Лигата на шампионите).“
Спорт
Левандовски е подготвен за реваншот со Интер

Напаѓачот на Барселона, Роберт Левандовски, се опорави од повредата и ќе биде подготвен за реваншот од полуфиналето на Лигата на шампионите против Интер во Милано, потврдија од клубот.
Тренерот на Барселона, Ханси Флик, не можеше да смета на Левандовски откако 36-годишникот од Варшава се повреди на 19. април на натпреварот од Примера против Селта.
Левандовски постигна 40 гола за клубот оваа сезона, вклучувајќи 25 во домашното првенство и 11 во Лигата на шампионите.
Реванш натпреварот од полуфиналето на Лигата на шампионите помеѓу Интер и Барселона ќе се игра во вторник од 21:00 часот на „Џузепе Меаца“, а првиот натпревар на „Монжуик“ беше вистински спектакл кој заврши 3:3.