Спорт
Македонија за Австрија и Украина ќе се подготвува на стадионот на Стеауа

Македонската фудбалска репрезентација, летово ќе дебитира на големите натпреварувања. Македонија ќе биде една од 24 држави кои ќе играат на Европското првенство.
Македонија, на ЕУРО 2021, за противници ќе ги има Австрија, Украина и Холандија. Првите два натпревари ќе ги одигра на Националната арена во романската престолнина Букурешт.
Македонија на континенталните шампионати ќе дебитира на 13.јуни против Австрија, а на 17.јуни ќе го одигра натпреварот против Украина.
За овие два натпревари македонските репрезентативци ќе се подготвуваат на стадионот, на поранешниот европски првак, Стеауа.
Легендарниот романски репрезентативец, Георге Попеску, кој е коородинатор на ЕП, потврдил дека Македонија го потпишала договорот за користење на стадионот.
Славниот клуб, се натпреварува во Третата лига на Романија, но и покрај тоа ја задржа својата навивачка база и понатаму е најпопуларниот клуб во земјата. Стеауа, во септември минатата година дони ултра-модерен стадион со капацитет од 31.000 седишта, за чија изградба биле потрошени 100.000.000 евра.
The new 100m euro Steaua stadium. pic.twitter.com/UgD1xlUm5t
— Emanuel Roşu (@Emishor) September 29, 2020
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Аканџи откри зошто си заминал од Манчестер сити

Мануел Аканџи (30) одигра важна улога во тимот на Пеп Гвардиола минатата сезона, сепак во финишот на преодниот рок тој замина на позајмица во Интер. Минатата сезона имаше 40 настапи во сите натпреварувања за Манчестер Сити. Иако немаше статус на играч кој секогаш е во почетниот состав, тој остана важен дел од системот на „Граѓаните“.
Ова лето се соочи со ситуација што не ја очекуваше. Пеп Гвардиола нему и на останатите дефанзивци отворено им ги открил плановите.
„Шестмина бевме на позцијата централен дефанзивец. Тој јасно ни даде до знаење, дека двајца ќе играат, двајца ќе бидат на клупата и дека ќе биде тешко за другите. Тоа не беше убаво да се чуе, бидејќи секогаш очекувам да бидам на теренот“, рече Аканџи на прес-конференцијата по пристигнувањето во Милано.
„Сè уште ми е тешко да разберам дека одеднаш повеќе не сум дел од семејството на Сити, иако некако сè уште се чувствувам така. Сè се случи толку брзо, моето семејство и јас се чувствувавме многу удобно во Манчестер и дефинитивно ќе ни недостига животот таму“, призна Аканџи.
Верува дека добрите игри би можеле да го вратат во Сити: „Факт е дека сум на позајмица, па теоретски враќањето е можно“, заклучи тој.
Спорт
ПСЖ остана без Дембеле и Дуе

Француската репрезентација ја оправда улога на фаворит и ја победи Украина со резултат од 2:0, но остана без двајца играчи.
Селекцијата предводена од клупата од Дидие Дешан нема да може да смета на Усман Дембеле и Дезире Дуе исто како и нивниот клуб ПСЖ.
Дембеле имаше проблеми со повредата пред да и се приклучи на репрезентацијата, а ја обнови дури против Украина. Сега се проценува дека ќе мора да паузира шест недели.
Слична пауза го очекува и Дуе. Младиот напаѓач ќе биде надвор од терените во следните четири недели, а сето ова се случува пред почетокот на Лигата на шампионите, натпреварувањето каде ПСЖ го брани тронот.
Дембеле беше напаѓачки лидер на ПСЖ и минатата сезона, а се предвидува дека ќе биде таков и оваа сезона. Од друга страна, Дуе е новата млада ѕвезда на францускиот фудбал, меѓутоа, двајцата сега ќе мора да земат непланиран одмор.
Спорт
ФИБА: Испаѓањето на Србија е изненадување на векот

Кошаркарската репрезентација на Србија доживеа шокантна елиминација од Евробаскетот од Финска во осминафиналето со пораз од 86:92.
Пред турнирот, Србите беа поставени како главен фаворит, а против Финците исто така беа голем фаворит, на теренот не го покажаа тоа.
Финска ја надигра Србија, доминираше во офанзивниот скок и на крајот славеше и покрај вкупниот шут од 41 отсто.
Сензацијата е главна тема во светот на кошарката. На никого не му е јасно како репрезентацијата која го има Никола Јокиќ си дозволи да биде елиминирана во осминафиналето.
ФИБА, светската кошаркарска федерација, елиминацијата на Србија, поточно сензационалната победа на Финска ја објави со овој наслов. „Изненадувањето на векот. Финска ги исфрли Србија и Никола Јокиќ од Евробаскетот!“
UPSET OF THE CENTURY.
FINLAND 🇫🇮 KICK SERBIA AND NIKOLA JOKIC OUT OF EUROBASKET 🤯#EuroBasket
— FIBA EuroBasket (@EuroBasket) September 6, 2025