Македонија
Кривична пријава за функционерите од ДУИ поради прославата за роденденот на Ахмети
Министерството за внатрешни работи доставило до Јавното обвинителство кривична пријава за функционерите од ДУИ поради прославата по повод роденденот на нивниот партиски лидер, Али Ахмети, што се одржа во новиот барокен објект на Министерството за политички систем, без маски и дистанца.
Обвинителството понатаму треба да одлучи дали имало кривично дело.
„Казнети се сите до еден што седеа на таа маса. Дали се претседатели на партии, пратеници или министри и кога зборуваме за изрекување казни на државни функционери, барем мене или на ова раководство на МВР не можете да му забележите. Од премиерот, заменик-премиерот, министерите – сите до еден досега имаат казни поради тоа што направиле одредени превиди што треба да ги санкционирам“, рече министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
Министерот додаде дека постои одреден протокол дефиниран од Комисијата за заразни болести, како и на кој начин се однесуваат институциите при одржување средби и состанотци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Сарај и високата зона во населба Ѓорче Петров
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради дефект на затварач со пречник од Ф-350 мм на ул. 20 во нас. Сарај, од 07:30 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Лака, Крушопек, Грчец, Шишево, Глумово, Горна и Долна Матка, Арнакија, Љубин и село Сарај, (Општина Сарај) и високата зона, односно повисоките катови од зградите во населба Ѓорче Петров.
Македонија
Дел од Бутел денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:30 до 09:30 часот, објектот на ДОГАН ИНВЕСТ ДООЕЛ-СКОПЈЕ, односно објектот на Форд на самата раскрсница булевар Македонско-Косовска Бригада со булевар Босна и Херцеговина. (Општина Бутел)
Македонија
Продолжува периодот на стабилно и релативно топло време за овој период од годината
Сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 11 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува период на стабилно и релативно топло време за овој период од годината. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намалува.

