Свет
Трамп продолжи да објавува на „Твитер“ по деблокадата на профилот
Американскиот претседател во заминување, Доналд Трамп, продолжи со објавување на „Твитер“ откако неговиот профил му беше блокиран 12 часа, пренесува ТАСС.
Американскиот лидер објави видеообраќање во кое ги осуди немирите во Вашингтон наведувајќи дека набргу ќе се фокусира на трансферот на власта на Џозеф Бајден.
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) January 8, 2021
Во средата Трамп ја изгуби можноста да објавува на „Твитер“ најмалку 12 часа поради прекршувања во текот на немирите во Вашингтон. Тој исто така не може да објавува и на „Фејсбук“ и на „Инстаграм“ сè додека не му истече мандатот, а профилите му беа блокирани и на „Твич“ и на „Снепчет“.
На 6 јануари приврзаниците на Трамп упаднаа во зградата на американскиот Конгрес за да спречат одобрување на резултатите од последните претседателски избори на 3 ноември, на кои победи демократскиот кандидат Џо Бајден.
Полицијата и специјалните единици набргу ја ослободија зградата на Капитол од демонстрантите, а пратениците беа во можност да го продолжат и успешно да го завршат процесот на потврда на Бајден за шеф на државата. Според последните податоци, во протестите загинаа четири демонстранти и еден полицаец, а приведени се речиси 70 лица.
Церемонијата на инаугурацијата на Бајден е планирана за 20 јануари 2021 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

