Црна хроника
Одложено уште едно рочиште за глисерската несреќа
Судскиот процес за глисерската несреќа во која животот го загуби скопјанката Ирина Романова – Муцинска), што се води во Основниот суд во Охрид денеска повторно беше одложен, пренесува интернет весникот Охридњуз
Причина за одлагањето на денешното рочиште беше непојавувањето на обвинетиот Христијан Шапкар, кој како што беше речено, од здравствени причини не бил во состојба да присуствува на судењето.Неговата сопруга приложи лекарски извештај за здравствената состојба издаден од матичниот лекар, Д-р Трпко Угриноски. На денешното рочиште исто така од здравствени причини не присуствуваше и сведокот Ѓоко Крстески.Следното рочиште е закажано за 25 март 2011 година, на кое покрај сведоците ќе биде повикан и матичниот лекар на обвинетиот. Исто така за следното рочиште ќе биде побарано од ПМФ во Скопје да достави извештај за временските услови на денот на несреќата.Глисерската несреќа се случи на 22 август 2009 година во близина на каналот Студенчишта.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Управителка на фирма во Кичево, наместо покрив, доградила дополнителен кат и потпокрив
Полицијата во Кичево поднесе кривична пријава против 57-годишната Р.О. од селото Длапкин Дол и против фирма со седиште во истото село, поради сомнение за бесправно градење, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Според пријавата заведена во полицискиот билтен, Р.О., како управител и инвеститор, при изградба на станбена зграда во населбата „Касарна Блок 1“ во Кичево постапила спротивно на одобрението за градење издадено од општината. Наместо покрив над петтиот кат, таа неовластено изградила уште еден кат и поткровје, што не било предвидено во проектот.
Црна хроника
Четворица скопјани пријавени за разбојништво – со сила и закана одзеле 188.600 денари и телефон
Полицијата поднесе кривична пријава против четири лица од Скопје – Б.Р. (25), Р.М. (49), Ш.М. (49) и В.Т. (27) – поради сомнение дека извршиле разбојништво, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Според пријавата, инцидентот се случил на 30 октомври 2025 година во Скопје, кога осомничените со употреба на физичка сила и закана со огнено оружје му одзеле на едно лице 188.600 денари и мобилен телефон.
Црна хроника
Во Скопје и Битола тешко повредени две жени додека поминувале улица како пешаци
Две жени се тешко повредени во две одделни сообраќајни несреќи што вчера се случиле во Скопје и Битола, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Првиот инцидент бил пријавен во СВР Скопје вчера утрото околу 07:10 часот. На крстосницата меѓу улицата „Филип Втори Македонски“ и сервисна улица, патничко возило „фолксваген“ со скопски регистарски таблички, управувано од 62-годишниот С.М., удрило во пешакот М.К. (46) од Скопје. Жената со тешки телесни повреди била пренесена во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“. На местото бил извршен увид од екипа на СВР Скопје.
Вториот случај бил пријавен истата вечер во Битола, околу 20:05 часот. На улицата „Карпош“, патничко возило „опел“ со битолски регистарски ознаки, управувано од П.В. (30) од Битола, удрило во 62-годишната С.Ѓ. од Битола. Таа била пренесена во Клиничката болница Битола, каде што биле констатирани тешки телесни повреди. По наредба на јавен обвинител, увид извршила екипа на СВР Битола.

