Црна хроника
Разбиена група на измамници од Скопје со разработена шема за одземaње на возила
Одделението за криминалистички работи oд Единицата за внатрешни работи Аеродром и Драчево при СВР Скопје до надлежното Основно јавно обвинителство поднело кривична пријава против Р.А. (27), поради сомневање дека сторил шест кривични дела „измама“, како и против М.А. (18), К.К.(29) и Н.А.(29), поради сомневање дека сториле по три кривични дела од истиот вид, при што се стекнале со противправна имотна корист од околу 5.472.790 денари.
Како што соопшти МВР, пријавените измамите ги извршиле на идентичен начин, и тоа откако претходно ќе забележале објавен оглас за продажба на поскапи возила, се јавувале на објавениот телефонски број од огласот и во контакт со
продавачите се договарале да се сретнат на претходно одреден нотар, поради купопродажба на возилото.
По остварената средба кај нотарот, пријавените лица се договарале со оштетениот во спогодбата да се наведе сума на пари која нема да ја надмине законската регулатива за плаќање во готово, додека останатиот дел од сумата да бидат исплатени на рака.
По потпишување на договорот, пријавените лица ги носеле оштетените на различни места со изговор дека ќе дојде трето лице кое ќе ги донесе останатите пари, но во даден момент, искористувајќи го невниманието на оштетените, им ги земале клучевите и заминувале со возилото.
Во врска со овие случаи поднесена е и кривична пријава против други шест сторители за седум кривични дела „прикривање“ и едно кривично дело „помагање“ и тоа против А.Н. (44) од Арачиново, Р.С. (30), Н.И. (24), М.А. (23), Р.Ш. (28) и Х.Ч. (56), сите од Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Украдено црквено sвоно од бронза од црквата „Св. Спас“ во с. Орман
Во СВР Скопје вчера во 08:45 часот Љ.Д.(64) од с.Орман, скопско, пријавил дека на 01/02.12.2025 било одземено црквено sвоно од бронза од црквата „Св.Спас“ во с.Орман.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Со повреди и опекотини по телото двегодишно дете задржано во штипската болница: повредите ги забележала тетка му
Синоќа во 19:11 часот во СВР Штип, Ј.Д.(28) од Штип пријавила дека на нејзиното двегодишно внуче од брат забележала повреди и опекотини на телото.
Детето било задржано на Детското одделение во Клиничка болница Штип за укажување лекарска помош.
За настанот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат надлежните.
Црна хроника
Со багер ископал коски, кои личеле на човечки, во кругот на студенстки дом во Скопје
Вчера во 12:03 часот во СВР Скопје, Г.Ј.(39) од Пехчево пријавил дека при извршување работни задачи – ископ со работна машина багер, во близина на стари гробишта во кругот на Студентски дом „Стив Наумов“, на подрачјето на Гази Баба, пронашол коски кои наликувале на човечки.
Полицијата соопшти дека по насоки на јавен обвинител коските биле предадени на вештачење.

