Спорт
Деби победа за Ал-Раџи, Петерхансел останува лидер
Ветеранот на Тојота, Јазид Ал-Раџи, усепа во финишот да го помине лидерот Стефан Петерхансел за да ја забележи својата прва победа во кариерата на Дакар релито, на седмата етапа од Хаил до Сакаки во Саудиска Арабија.
Петерхансел беше лидер во поголемиот дел од 453 километри долгата етапа, првиот дел од дводневната маратонска етапа, каде што тимовите немаат дополнителна помош и имаше максимална предност од 4:15. Но, проблемите во финишот на етапата, дозволија Саудиецот Ал-Раџи да стигне до победа со 48 секунди предност.
Петерхансел, и покрај механичките проблеми, заврши 27 секунди пред Карлос Саинс Јуниор, додека најблискиот ривал на 13-кратниот шампион Петерхансел, Насер Ал-Атијах заврши речиси 3 минути зад победникот. Деветкратниот рели ВРЦ шампион, Себастиен Леб, откако на шестата етапа поради скршена суспензија падна од 10. на 54. место во генерален пласман, повторно налета на проблеми и уште ја нема комплетирано етапата.
На пет етапи пред крајот, Петерхансел има 7:53 предност пред Ал-Атијах и покрај тоа што нема етапна победа. Саинс заостанува дополнителни 41:06, а другите возачи над еден час.
Кај мотоциклите, актуелниот шампион, Американецот Рики Бребек стигна до својата прва етапна победа, а неговиот колега од Хонда, Хозе Игнасио Корнехо стана нов лидер на трката пред ривалот од КТМ, Тоби Прајс.
Бребек имаше две минути предност пред Корнехо за 1-2 победа на Хонда, додека Скајлер Хаус беше трет. Корнехо сега има предност од само една секунда пред Прајс, додека трет во генерален пласман е Сем Сандерленд со 2:11 заостанување.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Голем пресврт на „Стенфорд Бриџ“ – Челзи го победи Вест Хем
Фудбалерите на Челзи, со пресврт во второто полувреме, го добија градскиот дуел со Вест Хем (3:2).
По оваа победа, Челзи го престигна Манчестер Јунајтед на табелата во Премиер лигата со 40 бода, „црвените ѓаволи“ имаат два бода помалку и натпревар помалку од тимот од Лондон.
По две победи по ред, Вест Хем го забележа својот 14-ти пораз, по што остана на 20 бода и на 18-то место во Премиер лигата.
„Чеканите“ имаа предност по првиот дел од 0:2. Стрелци на головите беа Боувен и Самервил.
Челзи одговори на вистински начин. Израмнување на „сините“ им донесоа играчите кои влегоа од клупата за резерви, Жоао Педро и Кукуреља, а победата ја обезбеди Енцо Фернандез со голот во 92-та минута.
На крајот, натпреварот го зачини тешакчата во финишот, Тодибо за врат го фати Жоао Педро, Мавропанос се обиде да му удри шамар на Палмер. Во целата таа мешаница само Тодибо доби црвен картон.
Спорт
Македонија против Украина или Словачка во баражот за СП
Ракометната репрезентација на Македонија добро помина на ждрепката, која ги одреди двојките за баражот, за пласман на Светското првенство.
Македонија ќе игра против победникот од претквалификацискиот дуел меѓу Украина и Словачка.
Македонија на 13 или 14.мај ќе гостува, а реваншот во Скопје ќе се одигра три дена подоцна.

Foto/ EPA
Спорт
Пол Џорџ падна на допинг тест
Кошаркарот на Филаделфија, Пол Џорџ, е суспендиран поради позитивен допинг тест.
Инсајдерот Шамс Чаранија, објави дека НБА го суспендираше Џорџ на 25 натпревари поради кршење на антидопинг прописите.
Пол Џорџ издаде соопштение во кое се вели:
„Во текот на изминатите неколку години, многу зборував за тоа колку е важно менталното здравје и поради тоа, направив голема грешка со тоа што самиот си земав лекови. Ја преземам одговорноста за моите постапки и им се извинувам на Севентисиксерс, соиграчите, навивачите и сите други за моите лоши одлуки за време на тој процес. Фокусиран сум на тоа да го искористам ова време за да го опоравам мојот ум и тело на најдобар можен начин и да му помогнам на тимот кога ќе се вратам“, рече Џорџ.
Не е наведено зошто Џорџ не го поминал допинг тестот.
Популарниот играч има 35 години и имаше просек од 16 поени и 5 скока во 27 натпревари оваа сезона.

