Свет
Иран бара црвен налог од Интерпол за 4 лица поврзани со смртта на Фахризаде
Иран побара од Интерпол да издаде црвен налог за апсење на четири лица наводно вмешани во ноемвриското убиство на познатиот ирански нуклеарен научник Мохсен Фахризаде, изјави во полицискиот портпарол Мехди Хаџијан, пренесува „Спутник“.
„Поднесено е барање за издавање црвен налог до Интерпол во врска со четворица извршители на убиството на маченикот Фахризаде“, рече Хаџијан на прес-конференцијата.
Фахризаде, кој беше на чело на Центарот за истражување и иновации при Министерството за одбрана на Иран, беше убиен во северниот ирански град Абсард на 27 ноември. Иранските власти претходно го обвинија Израел дека е вмешан во нападот.
Иранските законодавци кон крајот на ноември го усвоија предлог-законот за заживување на нуклеарните активности на земјата по смртта на Фахризаде.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

