Контакт

Македонија

Ниски температури, снег, голомразица и влажни коловози – возете внимателно

Објавено пред

И покрај тоа што температурите се  релативно високи за овој период од годината, сепак, во последните неколку денови во земјава имаше значително влошување на временските услови. Појавите на дожд, магла и снег се очекува да се интензивираат во наредниот период. Општо познат факт е дека временските услови влијаат на безбедното одвивање на патниот сообраќај и токму затоа, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата апелира до учесниците во сообраќајот да бидат внимателни, одговорни и подготвени за безбедно управување на возилото при ниски температури и зимски услови на патиштата.

dobivaj vesti na viber

РСБСП посебно потсетува дека:
• Обврската за поседување зимска опрема во возилата започна на 15 ноември минатата година и трае до 15 март оваа година.  Оние возачи  кои сè уште не обезбедиле зимска опрема  (синџири за снег или зимски гуми),  потребно е веднаш да го сторат тоа, бидејки покрај санкциите предвидени со ЗБСП и можноста полицискиот службеник да ги отстрани од сообраќај, со необезбедувањето на зимската опрема ја загрозуваат сопствената безбедност, но и безбедноста на сите други учесници во сообраќајот.
• Намалете ја брзината.  Во услови на ниски температури и обилни врнежи од дожд или снег, појавата на голомразица на патот, влажни и лизгави коловози  е очекувана, особено ако патувате во раните утрински или доцните вечерни часови. Затоа бидете внимателни, прилагодете ја брзината според условите на патот и запомнете дека најважно од сè е живи, здрави и безбедни да пристигнете на посакуваната дестинација.
•  Држете безбедно растојание.  Лошите временски услови и непогодната состојба на коловозите влијаат на сопирачкиот пат на возилото. Затоа,  држете безбедно растојание  и внимавајте на однесувањето на другите учесници во сообраќајот.
•  Бидете предвидливи.  За безбедно одвивање на сообраќајот при дожд,  влажни и замрзнати коловози  особено важно е вашите постапки во сообраќајот да бидат најавени, очекувани и предвидливи. Согласно тоа, редовно користете трепкачи и избегнувајте нагли дејствија, како нагло свртување, нагло запирање, забавување или забрзување на возилото.
•  Возете внимателно во услови  на магла.   Секогаш кога се движите низ магла, прво намалете ја брзината и  вклучете ги соборените  светла и светлата за магла (доколку поседувате). Почитувајте ги ограничувањата на брзината и не престигнувајте сè до моментот кога вашето видно поле не стане чисто и прегледно, а вашето престигнување безбедно.
•  Внимавајте на одрони на патот. Одрони на пат, наноси на земја, песок, камења на патот, итн. во овој период од годината е карактеристична појава  што може да биде многу опасна за сообраќајот.  Затоа возете внимателно и намалете ја брзината, особено ако возите во услови на дожд, во планински предели или во други непознати области  каде што не ги знаете доволно карактеристиките на патот и патната околина.
• Направете техничка проверка на возилото. При зимски услови на патот, посебно важно е да управувате технички исправно возило. Искуствата покажуваат дека при ниски температури и влажни и лизгави коловози  на површина излегуваат сите неисправности на возилото. За ваша безбедност, за безбедно и непречено пристигнување на посакуваната дестинација, направете  редовна зимска проверка на возилото,  со посебен акцент на проверка на системот за управување, системот за запирање, пневматиците, електрониката, итн.

РСБСП потсетува дека безбедноста во сообраќајот зависи од сите нас поединечно. „Доколку сите бидеме внимателни и одговорни во сообраќајот, доколку сите ги почитуваме сообраќајните правила и прописи,  бројот на сообраќајни незгоди и бројот на загинати и повредени лица во сообраќајни незгоди  значително ќе се намали“, се вели во соопштението.

Македонија

Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата, велат од СДСМ

Објавено пред

Две години нема зголемување на платите во Армијата, со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во одбраната, велат од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

Во времето на СДСМ, додаваат од опозициската партија, платите растеа во сите сектори, платите псотојано се зголемуваа 7 години а парите завршуваа кај граѓаните.

„Со ВМРО парите завршуваат во криминални тендери, Владата на Мицкоски нема пари за поголеми плати во Армијата, нема пари за поголема минимална плата, нема пари за поголеми плати.

Криминалот и корупција заедно со политиките на изолација на владата на Мицкоски директно се одразуваат на влошување на економијата, значат помалку пари, преполовени инвестиции, несигурност“.

Според СДСМ, дупката во буџетот е огромна, недостасуваат, како што велат, од околу 2 милијарди евра.

„Тоа носат политиките на изолација, на анти ЕУ кампања и против САД. Затоа со ВМРО сме во група на земји со Сомалија.

Одбрана на земјата е многу важно прашање, како членка на НАТО мора да имаме силна одбрана, задоволни и мотивирани војници“.

Прикажи повеќе...

Македонија

САД нема да им даваат визи, Мицкоски конечно најде стратегија како да ги задржи младите во Македонија, вели Жерновски

Објавено пред

Поранешниот амбасадор на Македонија во Романија и поранешен заменик-министер за надворешни работи, Андреј Жерновски, со критики за владината политика по одлуката на САД за суспендирање на имигрантските визи.

dobivaj vesti na viber

„Нема виза ни за периметарот. Браво за Мицкоски! Конечно најде „стратегија“ како да ги задржи младите во Македонија – така што САД нема да им даваат визи“, напиша на социјалните мрежи Жерновски.

„Не со подобри плати, не со квалитетно образование, не со сигурни институции, туку со меѓународни рестрикции.
Од една страна, владата зборува дека ќе направи сè младите да останат дома. Од друга страна, под нејзино водство, Македонија завршува на листа на земји за кои САД ја суспендираат имигрантската политика. Ако ова е планот – тогаш навистина функционира: не заминуваш затоа што сакаш, туку затоа што не можеш.
Ова не е политика за младите, туку политика на затворање. Наместо да создаде услови поради кои младите би избрале да останат, власта создава услови поради кои светот им ги затвора вратите.
Мицкоски ветува иднина во Македонија, а испорачува изолација.
Ветува надеж, а носи рестрикции.
Ветува перспектива, а добивме повик за будење од реалноста.
Неговите „одлични, специјални односи“ со САД и со Трамп се толку одлични, што реалноста ни донесе повисоки царини за македонските производи и суспендирани визи за македонските граѓани.
Мицкоски веќе втора година нè убедува дека е „во периметарот на Трамп“, па затоа сето ова е резултат на лажно прикажаните односи и слабата дипломатија.
Погубно е вината да ја бараме во САД, бидејќи проблемот лежи во митот за „прв другар со Трамп“, кој мит е креиран и постои само во домашната пропаганда. Затоа, ова не е проблем на Вашингтон, туку на неспособната и саморекламерска надворешна политика, која повеќе служи за па-ар стратегија, отколку за заштита на интересите на македонските граѓани.
Вистинската опозиција денес има обврска да го каже ова јасно: додека Мицкоски зборува за пријателства, Македонија плаќа цена.
А тоа е најсилниот доказ дека „специјалните односи“ постојат само во неговите изјави – не и во реалниот свет“, објави Жерновски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Хоџа со делегација од СКСЗМ: Бизнис секторот важен партнер во усогласувањето на еколошките политики со реалните потреби на економијата

Објавено пред

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денес одржа работен состанок со делегација од Стопанската комора на Северозападна Македонија (СКСЗМ), предводена од в.д. претседателот Нухи Алиу.

dobivaj vesti na viber

За време на состанокот, на кој членовите на комората му го честитаа мандатот на Хоџа, беше договорено страните да го продлабочат институционалното партнерство и размената на идеи за прашања од заеднички интерес.

На состанокот се разговараше за теми поврзани со имплементацијата на еколошките стандарди, просторното планирање, управувањето со отпадот, енергетската ефикасност, како и влијанието на еколошките политики врз економскиот развој и бизнис-климата во регионот каде што дејствува СКСЗМ.

Хоџа истакна дека Министерството за животна средина и просторно планирање го смета бизнис-секторот за важен партнер во изградбата на одржлив развој и усогласувањето на еколошките политики со реалните потреби на економијата. Тој нагласи колку е значаен отворениот дијалог и континуираната комуникација за пронаоѓање практични и избалансирани решенија.

Претставниците на СКСЗМ изразија подготвеност за понатамошна соработка, претставувајќи ги предизвиците со кои се соочуваат бизнисите, како и конкретни предлози за подобрување на процедурите и поддршка на зелени инвестиции.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет4 часа

Путин: Светот станува поопасен, ситуацијата на меѓународната сцена се влошува

Рускиот претседател Владимир Путин денес изјави дека меѓународната ситуација се влошила и дека светот станува поопасен, но не ја спомена...

Македонија7 часа

Претреси на повеќе локации поради сомнежи за даночна измама од поголеми размери

Од попладнево, под раководство на јавен обвинител од Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК),...

Македонија9 часа

Поддршка за новиот закон, пасивното пушење е докажана причина за сериозни болести, велат од Институтот за медицина на трудот

Институтот за медицина на трудот на РСМ, СЗО Колаборативен центар, како водечка јавно-здравствена установа во оваа област, изразува целосна и...

Македонија10 часа

ИЈЗ: Нема потреба од продолжување на зимскиот распуст, грипот на ниво на средна активност

Во втората недела од 2026 година, состојбата со грипот во земјава се наоѓа на ниво на средна активност, со зголемен...

Македонија10 часа

Муцунски: Одлуката на САД не значи крај за туристичките визи и „Ворк енд травел“ програмата

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, појасни што значи одлуката на САД за стопирање на процесот на издавање на визи....

Топ11 часа

Двомесечно бебе почина во болницата во Кавадарци, телото е предадено на обдукција

Синоќа во ОВР Кавадарци е пријавено дека околу 21:35 часот на детското одделение во Општа болница Кавадарци починало бебе на...

Македонија11 часа

„За почиста Македонија“ со петиција до Владата: казни и за фрлање отпад од автомобилите преку „Сејф сити“

Организацијата „За почиста Македонија“ собра 1.000 потписи за петицијата со која се бара системот за сообраќајни прекршоци „Сејф сити“ да...

Македонија13 часа

Фирма фатена на дело – нелегално вршела поштенски услуги и криумчарела пратки, Царинската управа поднесе кривична пријава против две лица

Царински инспектори од Одделението за истраги, во координирана акција со МВР, УЈП, Агенцијата за пошти и Државниот пазарен инспекторат, извршија...

Свет15 часа

Израел и Иран постигнаа таен договор преку Русија

Во услови на високи тензии, Израел и Иран тајно разменија пораки, со посредство на Русија, уверувајќи се едни со други...

Свет15 часа

Иранско судство: Демонстрантот Ерфан Солтани не е осуден на смрт

Иранското судство ги негираше извештаите дека демонстрантот Ерфан Солтани е осуден на смрт, објавија иранските државни медиуми. Солтани претходно беше...

Свет16 часа

Егзекуцијата на иранскиот демонстрант Ерфан Солтани е одложена, велат семејството и групата за човекови права

Егзекуцијата на иранскиот демонстрант Ерфан Солтани не е извршена вчера, потврдија член на семејството и Хенгав, група за човекови права...

Свет16 часа

Неколку земји издадоа предупредувања до своите граѓани веднаш да го напуштат Иран

Неколку земји издадоа предупредувања до своите граѓани да избегнуваат патувања во Иран или веднаш да ја напуштат земјата поради задушувањето...

Свет16 часа

Трамп: Зеленски е главната пречка за постигнување договор

Американскиот претседател Доналд Трамп во средата изјави дека лидерот на иранската опозиција Реза Пахлави „изгледа многу пристојно“, но изрази неизвесност...

Македонија1 ден

Грипот ја однесе првата жртва: почина 75-годишна жена

Вирусот на грипот ја однесе првата жртва оваа зима. Седумдесет и петгодишна жена починала пред три дена на Клиниката за...

Свет1 ден

И Македонија на листата на земји во кои САД ја запираат обработката на имигрантски визи, според „Фокс Њуз“

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја запира обработката на имигрантски визи за апликанти од 75 земји, соопшти во средата...

Македонија1 ден

Филипче: Нема услови за укинување на техничката влада

Претседателот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, на прес-конференција изјави дека укинувањето на техничката влада треба да се случи дури кога...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски: Техничката влада треба да замине во минатото, но ако СДСМ мислат дека е потребна за следните избори, во ред, прифаќаме

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на прес-конференцијата по завршување на лидерската средба извести дека сите присутни се согласиле дека техничката...

Економија1 ден

Мој ДДВ не се укинува – налозите за исплата во февруари се подготвуваат, извести УЈП

Управата за јавни приходи ги демантира написите во дел од медиумите дека се укинува мерката „МојДДВ“. „Јасно и недвосмислено истакнуваме...

Топ1 ден

Загина маж во пожар во стан во Тетово: со изгореници се здобило уште едно лице

Вчера во 19:20 часот во СВР Тетово е пријавено дека на улицата „180“ во Тетово настанал пожар во стан, сопственост...

Македонија1 ден

Oбјавена листата на најмоќните пасоши за 2026 година: Македонија бележи напредок

Азиските земји продолжуваат да доминираат на рангирањето на најмоќните пасоши во светот, според најновиот извештај на „Henley Passport Index“. Сингапур...