Македонија
Ексминистерот Горан Сугарески нов директор на Царината

Ексминистерот Горан Сугарески е нов директор на Царинската управа на местото на Ѓоко Танасоски, кој на денешната седница на Владата е разрешен од оваа должност.
Сугарески во претходниот владин состав беше министер за транспорт и врски.
По предлог на владината Комисија за именување, на денешната седница Кети Василеска е именувана за вршител на должностa директор на Државниот управен инспекторат, орган во состав на Министерството за информатичко општество и администрација.
Зулфикар Зејнулаи се именува за в.д. заменик на директорот во Дирекцијата за заштита и спасување.
Владата го разгледа предлогот на Управниот одбор на Јавната установа Национален парк Галичица, Охрид, за разрешување на Васко Паскали од должноста директор на установата по поднесена оставка поради извршување друга функција и го разреши од должноста директор на негово барање и за вршител на должноста директор на установата го именува Александар Миљовски.
Владата се информира за оставката на Нехри Емрула од должноста директор на Агенцијата за енергетика на Република Северна Македонија и заклучи да му препорача на Управниот одбор на Агенцијата за енергетика на Република Северна Македонија да го разреши од должноста директор, а за вршител на должноста директор да го именува Дарио Николовски.
Владата го именува Исамедин Азизи, научен соработник – доцент во Институтот за национална историја, за член на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Делови од Карпош и Сарај денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од ул. Пелистерска 4-1/8. (општина Карпош)
– во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од улиците бр. 3 и бр. 5 како и околните објекти во нивна близина во Сарај.(општина Сарај)
Македонија
Без вода дел од Центар

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на улицата Димитрие Чуповски бр.10 без вода ќе останат корисниците од улицата Никола Вапцаров лоцирани на потегот од Министерство за правда до Плоштад Македонија, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 08.00 часот па се до отстранување на дефектот.
Македонија
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (локално над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
До среда ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер (локално над 60 km/h), а температурата ќе се задржи под просекот за овој период од годината. Од четврток времето ќе биде стабилно и суво со пораст на дневната температура.