Црна хроника
Малолетник нападнал и ограбил жена на пазар во Штип
Малолетник од Штип приведен за напад врз жена и кражба, што се случило денеска пред влезот на градскиот пазар во Штип.
„Полициски службеници од Полициската станица Штип го лишиле од слобода М.З.(17) од Штип, затоа што околу 11:50 часот на ул. Сутјеска пред влезот на градскиот пазар во Штип, физички ја нападнал З.М.(65) од Штип и насилно ѝ го одзел паричникот во кој имало пари и лични документи. Полициски службеници го одзеле украдениот паричник и истиот со парите и лични документи го вратиле на оштетената З.М. Се работи на комплетирање на случајот, по што против М.З. ќе биде поднесена кривична пријава“, соопшти МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
По расправија за паркинг во Карпош, ѝ се заканувал со остар предмет на 19-годишна девојка
По расправија за паркинг во Карпош, едно лице ѝ се заканувало со остар предмет на 19-година девојка.
Вчера, во 18:00 часот во СВР Скопје, Ј.Ј.(19) од с.Ново Село, скопско, пријави дека во 15:00 часот на паркинг на подрачјето на Карпош, по претходно недоразбирање за паркинг место, едно лице ѝ се заканувало со остар предмет.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото/илустрација
Црна хроника
Пријава против 40-годишник за напад врз две малолетнички во Пробиштип
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против А.Ј. (40) од Злетово поради постоење основи на сомнение за кривичното дело „насилство врз дете“.
Според пријавата, на 07.11.2025 во Пробиштип, пријавениот физички нападнал две малолетнички.
Црна хроника
Ограбена жена на улица во Чаир
Вчера во 18:20 часот во СВР Скопје, С.Б.(55) од село Кучевиште, скопско, пријавила дека е ограбена на подрачјето на Чаир.
Според информациите на МВР, жената пријавила дека завчера околу 15:30 часот на подрачјето на Чаир, едно лице од чантата ѝ го одзело паричникот со пари и лични документи.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

