Контакт

Вести

Светот за смртта на Перес: Јастребот кој се претвори во гулабица

Објавено пред

Поранешниот израелски претседател и добитник на Нобеловата награда за мир Шимон Перес почина во средата, две седмици откако претрпи тежок мозочен удар, вест што предизвика изливи на тага во земјата и светот по обожуваниот претседател.

dobivaj vesti na viber

Шимон Перес, на 93 години, починал во сон во три часот утрото по локално време. Бил окружен со членовите на семејството, рекол др Рафи Валден, негов зет, за AFP.

Според израелските медиуми, погребот на Перес ќе биде извршен во петок. До тогаш ковчегот со неговите останки ќе биде изложен на плоштадот во зградата на парламентот во Ерусалим за да можат граѓаните да се простат од обожуваниот претседател.

Американскиот претседател Барак Обама веднаш му одаде почест на Перес како на пријател кој „никогаш не се откажуваше од можноста да се постигне мир“

„Малку се луѓето со коишто го делиме овој свет кои го менуваат текот на човековата историја, не само со својата улога во човечките збиднувања, туку поради тоа што ги шират нашите етички хоризонти и не присилуваат да очекување од себеси повеќе. Мојот пријател Шимон беше еден од тие луѓе“, се наведува во изјавата на Обама.

Поранешниот американски претседател Бил Клинтон, кој учествуваше во постигнувањето на мировниот договор од Осло во 1990-те изјави дека „Блискиот исток остана без доследен заговорник на мирот и помирувањето“,.

„Никогаш нема да заборавам колку беше среќен пред 23 години, кога го потпиша мировниот договор од Осло на тревникот на Белата куќа најавувајќи го периодот на нова надеж во израелско-палестинските односи“, наведе Клинтон во соопштението.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изрази „длабока тага“, а челникот на опозицијата Исак Херцог, претседател на работничката партија која беше долгогодишна партија на Перес изајви дека овој засекогаш ќе остане запаметен како икона на израелската историја“.

Германскиот претседател Јоаким Гаук му оддаде признание потсетувајќи на неговата „силна волја за напредок на мировниот процес со Палестинците“. „Шимон Перес го одбележа Израел како ретко кој политичар… со силни начела и силна волја кога стануваше збор за унапредување на мировниот процес со Палестинците. И покрај злосторствата над неговото семејство во холокаустот, Шимон Перес им подаде рака не Германците и поради тоа многу сме му благодарни, му напиша Гаук на израелскиот претседател Реувен Ривлин.

Шимон Перес точно пред две седмици, на 13-ти септември беше хоспитализиран поради проблеми со срцето. Здравствената состојба на почетокот му била сериозна, но стабилна, а во вторникот таа се влошила. Една седмица претходно на Перес успешно му е вграден пејсмејкер, поради дијагностицираната во јуни годинава атријална фибрилација. Претходно на 14-ти јануари бил подвргнат на кардиоваскуларни катетеризација,, како резултат на стеснување на артерија. Таа била изведена во болницата „Тел ха-Шомер“, каде Перес бил донесен по жалење на болки во градите истиот ден. Поранешниот политичар од болница тогаш бил испишан по пет дена. Но по пет дена повторно бил хоспитализиран, поради проблеми со срцето, а отпуштен по два дена.

Шимон Перес, роден на 2-ри август 1923 година на територијата на денешна Белорусија е еден од последните живи основачи на Државата Израел, во два мандата беше премиер на лабуристичката партија и претседател од 2007 до 2014 година. Во 70-годишната политичка кариера смени многу министерски портфељи, ако шеф на дипломатијата, министер за финансии и други ресори.

На 11-годишна возраст од тогашна Полска емигрира во Палестина којашто тогаш е под британска управа. Му се придружил на ционистичкото движење и го запознал Давид Бен-Гурион кој ќе стане негов ментор и прв израелски премиер. Перес имал само 29 години кога станал управител на тогашното министерство за одбрана коешто само што се создавало.

Во 1994 година како министер за надворешни работи на еврејската држава, заедно со тогашниот премиер Јицак Рабин и палестинскиот водач Јасер Арафат, Перес ја доби Нобеловата награда за мир за „напорите за постигнување на мирот на Блискиот исток“, договори кои предвидеа независна палестинска држава.

Освен по своите постигнувања, во очите на јавноста беше прифатен и како сподвижник на развојот на израелската тајна нуклеарна програма.

Во 1995 година се објавени неговите мемоари насловени како „Битката за мир“. Перес во едно интервјуата призна дека тајната на неговата долговечност била секојдневното физичко вежбање, умерената исхрана и една или две чаши добро вино./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

Во Кочани денеска родителите на жртвите од пожарот во дискотоеката „Пулс“ одржаа нов „Марш за ангелите“, упатувајќи порака до правосудните...

Топ8 часа

Грабнале жена, ја тепале, па откако се онесвестила, ја силувале во напуштен објект во Струга

Две лица од дебарско се осомничени дека на 6 ноември околу 19 часот грабнале 30-годишна жена која потоа едниот од...

Топ10 часа

Остатоци од човечко тело најдени во кавадаречко Сопот

Во ОВР – Кавадарци било пријавено дека во атар на кавадаречкото село Сопот биле пронајдени остатоци од човечко тело, информираа...

Топ11 часа

Полицијата ги најде децата кои тепаа малолетник во Струмица и го снимаа за на Тик Ток

Случајот во кој четворица малолетници насилно се однесувале кон малолетник во Струмица, а потоа настанот го објавиле на социјалната мрежа...

Македонија14 часа

Таен ринг за борби со кучиња разоткриен во битолско, заработувале од мачење животни

Грчки државјанин сопственик на куче, пит бул, косовски државјанин сопственик на куче од расата американски стафорд, како и двајца македонски...

Свет15 часа

(Фото) Русите пак ја нападнаа Украина, има загинати

Украина пријави нов руски напад врз нејзината енергетска инфраструктура во текот на ноќта, во кој едно лице загина, а неколку...

Свет15 часа

Руската воздушна одбрана соборила 79 украински дронови

Руската воздушна одбрана соборила 79 украински дронови во текот на ноќта, соопшти руското Министерство за одбрана. – Во текот на...

Свет1 ден

САД ги укинаа санкциите против сирискиот претседател

САД денес ги укинаа санкциите врз сирискиот претседател Ахмед ал-Шариа, само неколку дена пред неговата средба со американскиот претседател Доналд...

Регион1 ден

(Видео) Околу 50 маскирани лица дојдоа пред Српскиот културен центар во Загреб

Педесетина маскирани мажи, претежно млади луѓе, пристигнаа пред Српскиот културен центар во Загреб, каде што се одржува изложба. Таму беа...

Свет1 ден

Министрите на Трамп: Обновливите извори на енергија се бескорисни, ЕУ треба да купува наша нафта

Глобалните инвестиции во обновлива енергија се покажаа како залудни и светот треба да се фокусира на сигурно снабдување со фосилни...

Европа1 ден

Германски министер: Дроновите во Белгија се порака да не се допираат замрзнатите руски средства

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус денес посочи врска помеѓу неодамнешните инциденти со беспилотни летала во Белгија и дебатата за...

Топ1 ден

Кривична против полициски службеник од СВР Тетово: Ја заменил урината за да спаси син на колега кој бил уапсен за дрога

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство за гонење...

Македонија1 ден

За подарок од 50.000 евра, директорот на Платежната агенција му доделил на апликант финансиска помош од ИПАРД-програмата

Полицијата уапси пет лица, меѓу кои и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој во најновиот коруптивен...

Топ1 ден

Скопјанец репетирал пиштол во угостителски објект во Центар, кај него била пронајдена дрога

Скопјанец извадил пиштол и го репетирал во угостителски објект во Центар, а полицијата кај него пронајде и дрога. Според информациите...

Македонија1 ден

За најмногу шест месеци, од Зелениково до Центар за 25 минути ќе се патува со градскиот воз, сосе застанувања

Од Зелениково до централната железничка станица во Скопје со градскиот воз ќе се патува за 25 минути. Возот, кој ќе...

Македонија2 дена

Ѓорѓиевски за акцијата за чистење: Ова што вчера го почнавме не е маркетинг

Ова што вчера го почнавме не е маркетинг, туку да покажеме дека кога се сака – сè се може, вели...

Македонија2 дена

Турчин фатен со злато вредно половина милион денари на аеродром, Македонец од Лондон шверцувал уреди „епл“

Царински службеници и мобилни царински тимови запленија 92 грама златни плочки и монети, „Епл“ уреди, 37.500 евра, цигари, парфеми и...

Македонија2 дена

Откриен еден од убијците во Чашка, по вториот се трага – жртвата намамена, застрелана во главата и оставена покрај патот

Велешкото Обвинителство донесе Наредба за истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека бил соизвршител за убиство....

Свет2 дена

(Видео) Заплови „Фуџијан“, најновиот и најмоќен кинески носач на авиони

Најновиот кинески носач на авиони „Фуџијан“ официјално е пуштен во служба, што претставува значаен чекор во напорите на Пекинг да...

Македонија2 дена

„Влен“: Почна вистинското чистење на Скопје од ѓубрето и старата политика

По месеци на давење на градот во лоша миризба, ѓубре, запуштеност и пропаганда, од коалицијата „Влен“ велат дека почнало вистинското...