Спорт
Пилотот на Ферари, Шарл Леклер, заразен со коронавирус

Формула 1-возачот на Ферари, Французинот Шарл Леклер, е заразен со коронавирус. 24-годишниот пилот од Монте Карло се наоѓа во изолација, а се сомнева дека вирусот го закачил на одморот во Дубаи.
Возачот, кој минатата сезона во Формула 1 заврши како осмопласиран, се јави на „Твитер“ и напиша дека има само благи симптоми.
„Здраво на сите, се надевам дека сте добро, само сакав да ви јавам дека сум позитивен на коронавирусот, а моментно сум под надзор на лекар и ги следам сите протоколи. Штом дознав дека сум позитивен, веднаш отидов во самоизолација и ги известив сите оние со кои бев во контакт. Имам благи симптоми, се чувствувам добро, па до крајот на изолацијата ќе останам во мојот дом, во Монако. Чувајте се и останете безбедни“, напиша Леклер.
— Charles Leclerc (@Charles_Leclerc) January 14, 2021
За потсетување, новата сезона во Ф1 ќе почне на 21 март со трката во Мелбурн.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Јужна Америка сака Мундијал со 64 репрезентации

Претседателот на Јужноамериканската фудбалска конфедерација (КОНМЕБОЛ), Алехандро Домингез денеска предложи Светското првенство во 2030 година да се прошири на 64 репрезентации.
Предлогот првпат беше претставен минатиот месец од делегат од Уругвај, за време на онлајн состанокот на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА).
„Уверени сме дека прославата на стогодишнината ќе биде единствена, бидејќи 100 години се слават само еднаш“, рече Домингез за време на неговиот говор на отворањето на 80-тиот редовен конгрес на КОНМЕБОЛ.
Светското првенство во 2030 година ќе го организираат шест земји на три континенти.
Уругвај беше првиот домаќин во 1930 година и ќе организира еден натпревар, а домаќини ќе бидат и Парагвај, Аргентина, Шпанија, Португалија и Мароко.
„Затоа предлагаме да ја одбележиме оваа годишнина со 64 екипи, истовремено на три континенти“, додаде Домингез.
На Светското првенство во Катар во 2022 година настапија 32 селекции, а на претстојното Светско првенство во САД, Мексико и Канада следното лето ќе играат 48 репрезентации.
Со евентуалното проширување на форматот на 64 тимови, сите 10 членки на КОНМЕБОЛ ќе се квалификуваат за турнирот. Само Венецуела никогаш не се пласирала на Светското првенство.
„Ова ќе им овозможи на сите земји да имаат можност да го искусат СП и никој на планетата нема да биде изоставен од забавата“, рече Домингез.
Доколку ФИФА го одобри предлогот, на турнирот ќе се одиграат 128 натпревари.
Претседателот на Европската фудбалска унија (УЕФА) Александар Чеферин изјави дека Светското првенство со 64 репрезентации е лоша идеја.
Критичарите на форматот со 64 тима тврдат дека тоа ќе го ослаби квалитетот на играта и квалификациската програма на повеќето континенти.
Спорт
Иванишевиќ ќе му биде тренер на Циципас
Горан Иванишевиќ ќе стане тренер на Стефанос Циципас, пренесува грчката „Газета“.
Според овој извор соработката треба да започне пред Вимблдон, односно веднаш по завршувањето на Ролан Гарос.
Таткото Апостолос, му беше тренер на Стефанос во поголемиот дел од кариерата. По честите расправии, а потоа и отказот, Циципас од летово работи со Димитрис Хаџиниколау, селекторот на Грција во Дејвис купот.
Затоа, може да се каже дека овој потег на Циципас беше очекуван.
Иванишевиќ соработуваше со неколку врвни играчи: Марин Чилиќ со кого го освои Ју-ес Опен во 2014 година, Милош Раониќ, Томаш Бердих и секако Новак Ѓоковиќ со кој го имаше најголемиот успех, дури девет гренд слем титули.
Циципас моментално игра на Мастерсот во Монте Карло, а со него е и таткото Апостолос.
Спорт
Денвер на Јокиќ му најде тренер во НЦАА

Денвер Нагетс, во вторникот му врачи отказ на тренерот Мајк Мелоун.Серијата лоши резултати во финишот на сезоната, поради кои Денвер не само што ја загуби втората позиција, туку во последните два натпревари може да остане и без четвртото место, беа пресудни газдата на Денвер да се реши на ваков чекор.
Денвер Нагетс до крајот на сезоната ќе го предводи еден од помошниците на Мелоун, Дејвид Аделман, инаку син на легендарниот тренер на Портланд и Сакраменти, Рик Аделман.
Според американските медиуми, Аделман нема да остане на функцијата наредата сезона. Овие извори тврдат дека Денвер ќе му даде шанса на тренер од универзитетска, НЦАА.
Во прашање е Ден Харли, тренерот на Јукон. Двете страни покажаа интерес за воспоставување соработка, а се очекува наскоро да се сретнат и лично.
Харли е докажано тренерско име бидејќи освои две титули по ред со Јукон во 2023 и 2024 година.
Харли е тежок преговарач бидејќи минатата сезона ги одби ЛА Лејкерси. Има агресивен стил, бара извонредна тактичка прецизност, но е и исклучително способен да развива млади таленти. Тоа се трите работи кои му го препорачаа на Денвер.