Свет
Меѓународна анкета: Британците и Данците се најсклони на вакцинација, Французите и Полјаците многу поскептични

Денеска се објавени резултатите од големо меѓународно истражување за вакцинацијата против Ковид-19, пренесе агенцијата „Ројтерс“.
Резултатите покажуваат дека подготвеноста за вакцинација против Ковид-19 е зголемена во последните неколку недели, односно во периодот во кој вакцините произведени од компании во САД, Русија, Кина, Германија и Велика Британија почнаа да се дистрибуираат во земјите низ Европа, Северна Америка и Азија.
Големото истражување е спроведено од страна на агенцијата YouGov на примерок од 19.000 луѓе, а резултатите покажуваат дека Британците и Данците се најсклони на вакцинација, додека Французите и Полјаците се многу порезервирани.
Во Велика Британија, 73% од испитаниците изјавиле дека ќе вакцинираат, а во Данска 70%. Но, во САД, нешто помалку од половина од испитаниците изјавиле дека се подготвени да ја примат вакцината против Ковид-19. Таа бројка, според „Ројтерс“, е релативно стабилна уште од јуни.
Во Полска, само 37% од испитаниците се подготвени да примат вакцина, а во Франција 48%.
Иако луѓето ширум светот генерално се подготвени да се вакцинираат, тие веруваат многу повеќе во вакцините направени во Германија или САД отколку во оние што се направени во Русија или Кина, покажуваат резултатите од истото истражување.
Анкетата исто така покажува дека повеќето од оние кои велат дека не се подготвени да ја примат вакцината против Ковид-19, нагласуваат дека сакаат да почекаат и да видат дали вакцините се навистина безбедни, додека само мал процент може да се опишат како жестоки противници на вакцинацијата, пренесува „Ројтерс“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Ѓуро Мацут предложен за мандатар на новата влада на Србија

Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, соопшти дека за мандатар на новата влада е предложен проф. д-р Ѓуро Мацут.
Вучиќ рече дека новата влада ќе биде избрана до Велики петок и дека ѝ претстојат тешки задачи – дека земјата се спротивставува на сите притисоци во однос на регионалната политика, дека земјата го решава даночното прашање со САД, дека го забрзува европскиот пат, дека во исто време ги зачувува своите традиционални пријатели на истокот и го враќа нивото на инвестиции, и странски и домашни.
Да потсетиме, премиерот Милош Вучевиќ поднесе оставка од таа функција на крајот на јануари, бидејќи сметаше дека е објективно одговорен за нападот врз студентите во Нови Сад.
Српскиот парламент на 19 март ја констатираше оставката на Вучевиќ, со што беше урната актуелната влада на Србија.
Рокот за избор на нова влада е 18 април.
Свет
(Видео) Илјадници поддржувачи на Ле Пен се собраа на протест во Париз

Илјадници луѓе се собраа денеска во Париз во знак на поддршка на француската екстремно десничарска лидерка Марин Ле Пен, која најави дека мирно ќе се бори против петгодишната забрана да се кандидира за политички функции и ќе црпи инспирација од американскиот активист за граѓански права Мартин Лутер Кинг.
Поддржувачите на Марин Ле Пен вееја француски знамиња и извикуваа „ние ќе победиме“.
IT'S HAPPENING
Massive protest in France as huge crowd demonstrates against Marine Le Pen being banned from running for President in 2027.
Looks like the French people want democracy.pic.twitter.com/RTmhaXeLLy
— PeterSweden (@PeterSweden7) April 6, 2025
Судот во Париз ги осуди Ле Пен и дваесетина членови на партијата Национален собир за проневера на европски пари и изрече казна со која ќе ѝ забрани да се кандидира на претседателските избори во Франција во 2027 година, освен ако не успее да ја поништи пресудата во рок од 18 месеци.
„Нашата борба ќе биде мирна и демократска борба. Го земаме за пример (американски баптистички свештеник, политичар и активист) Мартин Лутер Кинг кој ги бранеше граѓанските права“ затоа што „денес станува збор за граѓанските права на Французите“, рече таа преку видео-конференција одржана со членовите на италијанската лега, антиимиграциската партија на Матео Салвини во Фиренца.
Регион
(Видео) Снежен бран во Црна Гора

Снег паѓа во повеќето градови на северот на Црна Гора, а температурите во некои општини се под нулата.
Како што е објавено на веб-страницата на Заводот за хидрометеорологија и сеизмологија, висината на снежната покривка во Жабљак е два сантиметри, а еден во Рожаје. Според Институтот, снег во моментов паѓа во Никшиќ, Колашин, Плевља и Беране.
Температурите значително паднаа, а најстудено беше во Жабљак, каде во 11 часот беа измерени минус 4,5 степени. Во Колашин температурата е половина степен под нулата.
Од Институтот најавија дека во текот на денот ќе биде умерено облачно со преоден дожд, а на север со лапавица и снег. Поради снегот кој паѓа во Црна Гора сообраќајот се одвива отежнато.
Она што најмногу изненадува е снегот што почна да паѓа над Будва во попладневните часови, во област каде што ретко паѓа дури и во најстудените зимски месеци.