Спорт
Вејн Руни стави крај на играчката кариера, продолжува како менаџер на Дерби

Легендата на Манчестер јунајтед, Вејн Руни, беше именуван за постојан менаџер на Дерби по што 35-годишниот Англичанец стави крај на својата играчка кариера.
Поранешниот капитен на Англија беше привремен тренер на второлигашот од ноември по отказот што го доби Холанѓанецот Филип Коку. Руни имаше 3 победи и 4 реми во девет натпревари и сега доби договор до 2023 година со прва цел да избегне испаѓање во третата лига. Негови помошници ќе бидат Лајам Росениор, Шеј Гивен и Џастин Вокер, а поранешниот помошник на сер Алекс Фергусон, Стив Мекларен, останува технички директор на клубот.
Руни беше играч и тренер на Дерби по враќањето во Англија по настапите во МЛС-лигата за Ди Си јунјатед.
„Кога се вратив во Британија, бев воодушевен од потенцијалот на Дерби каунти. Стадионот, тренинг-центарот, квалитетот на тренерскиот тим и одличните млади фудбалери, но секако и фантастичните навивачи, кои останаа лојални на клубот. Имав и други понуди, но знаев дека Дерби е клуб за мене“, вели Руни.
Руни, кој останува најдобар стрелец во историјата на Манчестер јунајтед и на англиската репрезентација, го следи примерот на својот поранешен соиграч од репрезентацијата, Френк Лампард, кој го однесе Дерби до плејофот за влез во Премиер лигата во 2019 по што седна на клупата на Челси.
Captain. Leader. The greatest.@WayneRooney: The Manager ?
— Derby County (@dcfcofficial) January 15, 2021
A captain.
A goalscorer.
A legend.And now, ? ???????.
Happy retirement, @WayneRooney — thank you for the memories ❤️ pic.twitter.com/ZGxe1xr3tR
— Manchester United (@ManUtd) January 15, 2021
Congratulations on a magnificent playing career, @WayneRooney ?
All the best in management ? pic.twitter.com/SP1ORnzJxV
— Premier League (@premierleague) January 15, 2021
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Барса веќе знае на кого ќе потроши 35 милиони евра следното лето

Преодниот рок наредната година ќе биде многу важен за Барселона, која мора да реши голем број клучни проблеми во тимот.
Веќе сега е јасно дека наредното лето, Барселона ќе мора да донесе централен дефанзивец и напаѓач. Исто така клубот треба да донесе донесе и одлука околу статусот на Маркус Рашфорд, кој моментално е на позајмица од Манчестер Јунајтед.
Рашфорд пристигна во Каталонија на едногодишен договор за позајмица со опција за откуп, за кој се верува дека е околу 34,5 милиони евра.
На почетокот на сезоната, во првите два месеци, Рашфорд покаѓа дека би бил добра инвестиција, доколку Барселона реши да го откупи неговиот договор.
Рашфорд одигра 10 натпревари со три гола и пет асистенции. Неговите настапи ги импресионираат челниците на Барселона, кои веќе се подготвени да донесат одлука за негови траен ангажман, пишуваат англиските медиуми.
Спорт
Тајсон Картер страда од белодробна тромбоемболија

Кошаркарскиот клуб Црвена звезда ги потврди лошите вести поврзани со плејмејкерот Тајсон Картер.
Американецот вчера бил хоспитализиран во Белград, а клубот потврди дека тој страда од белодробна тромбоемболија, што значи дека ќе има подолга пауза и закрепнување надвор од теренот.
Како што објави неговиот тим, по натпреварот со Фенербахче, Картер се пожалил на болки во градите и стомакот, како и на отежнато дишење.
Брзата реакција на медицинскиот персонал и стручниот штаб била клучна, а играчот веднаш беше префрлен во Клиничкиот центар, каде што му била дијагностицирана белодробна тромбоемболија.
Клубот му се заблагодари на Клиничкиот центар за брзата и професионална интервенција. Во моментов нема прецизна прогноза кога Картер би можел да се врати на теренот, бидејќи го очекува период на лекување и целосно закрепнување.
Белодробна емболија се јавува кога згрутчување на крвта (тромб), обично од длабоките вени на нозете (т.н. длабока венска тромбоза), се откинува и стигнува до белите дробови преку крвотокот. Потоа згрутчувањето блокира дел од пулмоналната артерија, така што тој дел од белите дробови повеќе не може да добие доволно крв и кислород.
Булмоналната емболија е сериозна состојба која бара строг одмор и терапија, а здравствената состојба на американскиот плејмејкер редовно ќе се следи.
Црвена зведа, во Евролигата, во вторник е четврток ќе ги пречека Жалгирис и Реал Мадрид.
Спорт
Почина Илија Темелковски

Ракометната и спортската јавност, денес изгубија вреден спортски работник, на 71-годишна возраст почина Илија Темелковски.
Во својот работен век како тренер ги предводеше Тинекс Пролет, Еурофарм Пелистер и Струга.
Како селекторт на младата репрезентација го освои четвртото место на Европското првенство во Полска во 2002 година.
Сениорската репрезенација ја однесе на Мундијалот во Хрватска, го освои 11-то место, но она што е позначајно, тука започна континуитет на учествоото на големите натпреварувања кој трае до денес.
Погребот е утре (14.10.2025) во 11:30 часот на Градските гробишта Бутел.
Фото: РФМ/Фејсбук