Спорт
Одиме! Вајт на преговори со Хабиб, ќе успее ли да го врати во октагонот?

Шпекулациите за враќањето на УФЦ-шампионот Хабиб Нурмагомедов во кафезот се зголемија кога шефот на УФЦ, Дејна Вајт, објави кратко видео од двајцата како влегуваат во соба за состаноци.
Вајт, повторно во улога на голем шоу-мајстор, со наслов: „Одиме!“, првин го носи Нурмагомедов кон канцеларијата по што ја затвора вратата собирајќи илјадници лајкови за неколку часа. Претходно, Вајт изјави дека очекува состанокот да трае пет минути, во кои ќе добие јасен одговор – да или не.
Хабиб се повлече од спортот по победата над Џастин Гетџи минатата година велејќи дека така ѝ ветил на својата мајка по смртта на својот татко и ментор, Абдулманап Нурмагомедов. Подоцна, тој изјави дека си купил овци и дека ќе се посвети на добивањето факултетска диплома по економија, иако призна дека ќе го убедуваат да се врати со огромна сума пари. Секако, главна желба на фановите е римеч со Конор Мекгрегор кого го победи во четири рунди во 2018 година. Мекгрегор се враќа во кафезот против Дастин Поаире следниот викенд.
Here we go… @TeamKhabib pic.twitter.com/ToOMzjjYkI
— danawhite (@danawhite) January 15, 2021
View this post on Instagram
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Вардар, Силекс и Работнички ги дознаа противниците во Конференциската лига

Фото/ ффм.мк
Македонските тимови Вардар, Силекс и Работнички ги дознаа имињата на противниците со кои ќе се соочат во првото квалификациско коло во Конференциската лига.
Вардар од можните четири притивници го доби најпосакуваниот, фудбалскиот клуб ла Фиорита од Сан Марино.
Силекс во првата квалификациска рунда ќе се соочи со црногорскиот претставник Дечиќ, додека Работнички доби противник од Белорусија, фудбалскиот клуб Торпедо.
Бидејќи не беа носители, македонските тимови, првите натпревари ќе ги играат на домашен терен.
Првите натпревари ќе се одиграат на 10, а реваншите на 17 јули.
Спорт
Велшки предизвик за Шкендија во првото квалификациско коло

Шампионот на Македонија, Шкендија, во првото квалификациско коло, во Лигата на шампионите ќе се соочи со првакот на Велс, ТНС:
Првиот натпревар ќе се одигра на 8 или 9 јули во Македонија, а реваншот е на програмата една недела подоцна во Велс.
Шкендија и ТНС играа во 2018 година, исто така во првото квалификациско коло. Шкендија победи дома со 5:0 (четири гола постигна Ибраими), а ТНС во реваншот беше на чекор до сензација, победи со 4:0
Спорт
Каде „погреши“? Гризман стана татко четврти пат

Францускиот фудбалер Антоан Гризман и неговата сопруга станаа родители по четврти пат на 15 јуни. Се роди нивната трета ќерка…
Голгетерот на Атлетико Мадрид и неговата сопруга Ерика Чоперена ја објавија оваа прекрасна вест, но медиумите и навивачите веднаш забележаа дека нешто „не е во ред“.
Набрзо следеа шеги за францускиот фудбалер.
Каде „погреши“ овој пат?
Имено, ќерката Шај се роди на 15 јуни, и тоа е прв пат во нивното семејство бебе да не се роди на 8 април.
Претходно ќерката Миа (родена 2016 година), синот Амаро (2019 година) и втората ќерка Алба (2021 година) се родени на истиот датум 8 април.
Антоан Гризман напиша на своите социјални мрежи:
„На 15 јуни се роди Шај, делчето што недостасува од нашата сложувалка.“
Интересно е што Антоан и неговата сопруга Ерика се венчаа на 15 јуни 2017 година.
Дали францускиот фудбалер овој пат го „таргетираше“ датумот на годишнината од бракот?