Регион
Хрватка си ги убила трите малолетни деца во Австралија
Австралискиот град Мелбурн го потресе во четвртокот страшна трагедија во која мајка со хрватски корени ги убила трите деца, а потоа и себе.
Телата на Кети Периновиќ и нејзините две ќерки Клер (7) и Ана (5) и синот Метју (5) биле пронајдени во нивниот дом во Туламарин, предградие на северот на Мелбурн. Телата ги пронашол нејзиниот сопруг Томислав (48). Повикал служби за итни случаи, полицијата го испрашувала, а потоа бил ослободен, пишува Индекс.
Заклучокот од прелиминарната полициска истрага е дека мајката ги убила трите деца, а потоа и самата. Австралиските медиуми пишуваат дека тоа го сторила со нож, но засега нема полициска потврда.
И, додека полицијата ги испитува деталните околности на случајот, соседите едвај се помируваат со трагедијата што го снајде Туламарин, предградие северно од Мелбурн.
На помалку од 24 часа пред шокантниот настан, 42-годишната Периновиќ им дала на своите соседи кеса со сливи.
Нејзиниот сосед Даниел Шембри и’ заблагодарил, и таа му рекла „збогум“, пренесува NCA Newswire. Периновиќ биле омилени меѓу соседите, а соседството во кое живееле било тивко.
Шембри вели дека бил во дворот на Периновиќ во средата попладне. Тој и’ заблагодарил на Кети за сливите, а потоа таа му возвратила на поздравот. Шембри раскажува дека само два дена претходно го слушнал џагорот на децата кои играле во базенот.
„Тие се забавуваа, слушавме врескање“, се присетува Шембри.
Семејната пријателка Мари Гроувс изјави дека последен пат ги видела Кети и децата во ноември.
„На крајот на ноември и’ реков да дојде на роденденската забава на ќерка ми со децата. Таа беше таму многу кратко, нејзините две постари ќерки беа многу слични на моите ќерки, тие разговараа и се смееја, тие беа убави деца. Тој ден ми се чинеше дека беше малку повлечена, што беше невообичаено. Можеби тоа беше знак?“, рече Гроувс.
Таа вели дека не го познавала добро нејзиниот сопруг Томислав затоа што тој работел цело време.
Еден родител, кој се вратил од патување во средата околу четири часот наутро, за Хералд Сан изјавил дека ги видел Периновиќ како заминуваат кај сосед по име Фреди. Ништо не му изгледало чудно во тој момент.
Понатаму, една млада мајка, која живее во близина, за Хералд Сан изјавила дека во четвртокот наутро, кога се враќала од утринското кафе, слушнала исклучително силен извик од улицата Бургес, улицата каде што имаат куќа Периновиќ. Таа сега е убедена дека станува збор за Периновиќ. Околу половина час подоцна, се сеќава таа, слушнала сирени.
Оградата пред куќата каде се случила страшната трагедија сега е расфрлена со писма, цртежи, играчки, цвеќиња и свеќи од родители и деца од соседството.
Еден сосед ја опишал Кети Периновиќ како пријателска и пристојна личност, некој што секогаш се поздравувал.
„Скршен сум, се случи толку близу до мојот дом, овие луѓе минуваа време во мојата куќа“, рече еден сосед и додаде: „Моите деца ги сакаа нивните. Што треба да им кажам на моите деца сега?”
Некои соседи за австралиски 7NEWS изјавија дека Кети не била своја минатите месеци. Се повлекла за време на карантинот наметнат поради коронавирусот и страдала од депресија. Но, засега, ова се само шпекулации за кои нема официјална потврда, пишува Индекс.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Бахамите го признаа Косово
Бахамите официјално ја признаа Република Косово како независна и суверена држава, соопшти косовската претседателка Вјоса Османи.
Османи го потпишала договорoт на Бахамите со премиерот Филип Брејв Дејвис. На социјалната мрежа „Икс“ беше објавено заедничко соопштение во кое се наведува дека двете земји воспоставиле дипломатски односи, кои стапуваат на сила со денот на потпишување на заедничкото комунике, во согласност со меѓународното право и Виенската конвенција за дипломатски односи од 1961 година.
Bahamas recognizes the Republic of Kosovo as a sovereign and independent state! 🇽🇰 🇧🇸
We just signed our bilateral agreement with Prime Minister @honphilipedavis. On behalf of the people of Kosovo, I extend my sincere gratitude for this decision of historic significance!
Full… pic.twitter.com/a9LLtW2BW7
— Vjosa Osmani (@VjosaOsmaniPRKS) December 19, 2025
Во соопштението се наведува дека Бахамите и Косово ја потврдиле посветеноста на целите и принципите на Повелбата на Обединетите нации и изразиле намера да развиваат соработка во области од заемен интерес, како што се трговијата, туризмот, образованието, културата, технологијата и јавниот сектор.
Двете земји изразиле очекување за воспоставување топло и продуктивно партнерство.
Годинава, независноста на Косово ја признаа и Сирија, Судан и Кенија.
depositphotos
Регион
Путин првпат зборуваше за НИС: Верувам дека Белград ќе ги исполни своите обврски
Рускиот претседател Владимир Путин повеќе од две децении одржува годишна прес-конференција, на која ги презентира своите политички ставови и анализи на јавноста во Русија и во странство.
За време на конференцијата, новинар од Србија го потсети рускиот претседател дека Нафтената индустрија на Србија (НИС), заедничко вложување меѓу Русија и Србија, ги трпи последиците од западните санкции. Тој го праша Путин како ја коментира оваа ситуација?
„Што се однесува до НИС, притисокот од западните санкции продолжува, а ова е показател за политичка моќ. Москва претпоставува дека Белград ќе ги исполни своите обврски, а двете земји ќе спроведат многубројни други проекти“, рече Путин не сакајќи да се продлабочува на оваа тема.
Претходно денес, рускиот претседател изјави за „Спутник“ дека знае што се случува со компанијата НИС и дека се надева оти ќе се најде заедничко решение.
„Знаеме што се случува со компанијата НИС. Имаме меѓудржавен договор и претпоставуваме дека пријателското српско раководство ќе го земе ова предвид. Имаме идеја за насоката во која сакаме да се движиме заедно. Работиме на тоа и се надевам дека ќе го најдеме потребното решение“, рече рускиот претседател.
Тој исто така рече дека без оглед на надворешната аспирација за подобрување на односите, притисокот со санкции ќе продолжи како начин за покажување сила, пренесува „Раша тудеј“.
„Москва претпоставува дека Белград ќе ги исполни своите обврски и дека Русија и Србија ќе спроведат многубројни други заеднички проекти“, рече тој.
НИС е под санкции на САД од почетокот на октомври поради мнозинската руска сопственост, што значително го комплицира работењето на една од најважните компании за функционирање на целата српска економија.
Рускиот „Газпромнефт“ е мнозински сопственик на НИС, а рускиот претседател рече дека земјата инвестирала повеќе од три милијарди долари во компанијата.
фото/депозитфотос
Регион
E-пошта со безбедносни закани во училиштата во Словенија: учениците итно евакуирани
Неколку основни и средни училишта низ Словенија денес добија е-пошта со безбедносни закани, а некои беа евакуирани како мерка на претпазливост, објави полицијата.
Главната полициска управа на Љубљана изјави дека реагирала веднаш по приемот на заканувачки пораки, собрала информации и ги спровела сите потребни мерки за да ја осигура безбедноста на учениците и персоналот, објави СТА.
Досега собраните податоци укажуваат дека станува збор за генерички закани, без конкретна оперативна опасност.
Полицијата процени дека ситуацијата носи мал ризик и дека нема потреба од дополнителен аларм.
Министерот за образование беше информиран за инцидентот, пишуваат медиумите.
Фото: депозитфотос

