Црна хроника
Зголемен бројот кражби во автомобили низ Скопје
Расте бројот на кражби од автомобили на подрачјето на Скопје, при што во текот на 2009, споредбено со претходната година, бројот на кражбите пораснал за 6,3 отсто
Во првите шест месеци од 2010 г. бројот на кражби изнесува 1.243. Најчесто се крадат паричници, женски ташни, преносни компјутери.Најзагрозени општини се Битпазар, Карпош, Центар и Чаир и за таа цел одделението за превенција при СВР Скопје од денеска ја започна кампањата “Јас го заклучив мојот автомобил, а вие?“„Нашата цел е граѓаните да превземат мерки на самозаштита и да не станат жртви на кражби во моторни возила“, изјави Розелита Дојчиновска, самостоен инспектор од одделението за превенција при СВР Скопје.Полициските службеници во среда на паркингот спроти хотелот Холидеј Ин ги запираа возачите и им делеа сенки за сонце за автомобили со пораки за самозаштита.Една од пораките е “Не оставај вредни предмети во твојот автомобил“, “Заклучувај ги вратите и прозорите кога ќе го напуштиш автомобилот и за кратко“ и “Кражбите на твојот и на туѓиот автомобил пријави ги на 192“.Проектот ќе трае цело лето во сите општини низ Скопје, а финансиски е поддржан од мисијата на ОБСЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена од Гази Баба пријавила насилен напад од сопругот, му се заканувал и на син ѝ
Во полицијата е пријавено дека 47-годишна жена била физички нападната во семејниот дом на подрачјето на Гази Баба.
Според пријавата, на 8 октомври 2025 година нејзиниот сопруг А.С. употребил тврди предмети при нападот, а потоа упатувал закани со остар предмет кон неа и кон нејзиниот син.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Уапсен гостиварец, возел со брзина од 174 километри на час
Полицијата уапси гостиварец кој возел со 174 километри на час, на автопатот Гостивар – Тетово.
Вчера во 15:45 часот на автопатот Гостивар-Тетово, кај наплатната рампа Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода С.А. (35) од Гостивар.
При контрола на сообраќајот со радар, утврдено е дека тој управувал „ауди“ со гостиварски регистарски ознаки со брзина од 174 километри на час во населено место, каде што максималната дозволена брзина е ограничена на 80 километри на час.
Црна хроника
Пронајдени пет мигранти од Египет кај Гевгелија, уапсено едно лице
Полицијата уапси едно лице за криумчарење мигранти кај Гевгелија каде биле пронајдени пет лица од Египет.
Вчера во 20:30 часот на место викано „Нова петла“ во Гевгелија, полициски службеници го лишија од слобода Р.Р.(28) од с.Копаница, скопско.
При преглед во возилото „пежо“ со гостиварски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени пет лица мигранти од Египет.
Мигрантите се спроведени во Прифатно – транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија, а по целосно документирање на случајот, против Р.Р. ќе биде поднесена соодветна пријава.

