Спорт
Солскјер: Беше прекрасно да ги замолчиш навивачите на „Енфилд“
Оле Гунар Солскјер ги предупреди своите играчи да не стануваат премногу самоуверени откако се искачија на првото место во Премиер лигата пред денешното гостување на „Енфилд“ во битка на двата првопласирани тима.
Пред точно една година, Мо Салах и Виргил ван Дајк постигнаа голови за 2:0 победа на Ливерпул над Јунајтед за да се одвојат 16 поени пред лутите ривали, но оваа сезона ситуацијата е поинаква.
„Пресвртот е дел од напорната работа на сите во клубот, играчите, навивачите, придружниот состав. Имаше многу работа за да стигнеме тука, но не треба да бидеме самоуверени. Ако се качиш на Килиманџаро или Монт Еверест и седнеш да се опуштиш горе, што се случува? Ќе замрзнеш и ќе умреш. Затоа сега мораме да туркаме напред и да не застанеме. Има промена на менталитетот на момците, кои веруваат дека можеме да оствариме големи работи“, вели Солскјер.
Во 11-те години како фудбалер на Јунајтед, тој имаше шанса да одигра многу мечеви против Ливерпул и знае што значи тој меч.
„Го обожавав тој меч. Големите мечеви беа најважни, иако во многу од нив не стартував, туку почнував на клупата. Играв кога Диего Форлан постигна два гола на ‘Енфилд’, бев на клупата кога Гери Палистер исто така даде два гола со глава. Кога имаше фанови и кога можеше да ги замолчиш и гостинските навивачи беа погласни, тоа беше одлично чувство. Сега, нема да имаме фанови за да ги замолчиме, така што одиме поинаку“, објаснува Солскјер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Просинечки го презеде Киргистан
Роберт Просинечки официјално ја презеде фудбалската репрезентација на Киргистан, потврди Фудбалскиот сојуз на таа земја.
Искусниот хрватски стручњак потпиша едногодишен договор, со можност за продолжување за уште една сезона, додека секоја понатамошна соработка, потенцијално за уште три години, ќе зависи од резултатите од Азискиот куп во 2027 година.
Претседателот на Сојузот, Камчибек Ташијев, истакна дека преговорите поминале брзо и без поголеми тешкотии. Според неговите зборови, се очекува Просинечки да донесе нова енергија, да го подигне нивото на игра и да ја подобри организацијата на репрезентацијата.
Киргистан моментално е рангиран на 104-то место на ранг-листата на ФИФА. Во квалификациите за Светското првенство во 2026 година, репрезентацијата заврши во третата фаза, заземајќи го петтото место во групата А со осум бода, зад Иран, Узбекистан, ОАЕ и Катар беа подобри.
Просинечки ја презема репрезентацијата откако беше без ангажман од септември, кога доби отказ во Црна Гора. Во својата тренерска кариера, тој има искуство и на клупите на репрезентациите на Азербејџан и Босна и Херцеговина.
Спорт
Погачар е најдобар во Словенија, Дончиќ на третото место
Велосипедистот Тадеј Погачар и натпреварувачката во спортско качување Јана Гарнбрет беа прогласени за најдобри спортисти на Словенија во 2025 година.
Погачар и Гарнбрет ја освоија наградата на Друштвото на спортски новинари на Словенија по трет пат по ред, а свечената церемонија се одржа во „Цанкарјев дом“, во Љубљана.
Гарнбрет (26), двократна олимписка шампионка во комбинација, освои два златни медали на Светското првенство во Сеул оваа година, во дисциплините болдер и лид.
Второто место во конкуренција на најдобри спортистки на Словенија го освои скијачката скокачка Ника Превц, додека третото место ѝ припадна на атлетичарката Тина Шутеј, која настапува во скок со стап, објави Словенечката новинска агенција (СТА).
Погачар ја доби наградата за најдобар спортист благодарение на неговата четврта победа на престижната трка Тур де Франс, а успеа и да го одбрани златниот медал во друмско возење на Светското првенство во Кигали.
Второто место му припадна на скијачкиот скокач Домен Превац, а кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Лука Дончиќ, заврши на третото место.
Фудбалскиот клуб Целје беше избран за најдобар машки тим, кој оваа година стигна до историското четвртфинале на Конференциската лига, додека наградата во женска конкуренција ја освоија одбојкарките на Словенија, кои стигнаа до осминафиналето во својот прв настап на Светското првенство.
Машката екипа во скијачки скокови (Ловро Кос, Домен Превц, Анже Ланишек, Тими Зајц) беше избрана за најдобар поединечен тим на годината, кој ја одбрани титулата светски шампион во скијачки скокови во Трондхајм.
Foto/ depositphotos
Спорт
Анри: Имав проблеми со Венгер и Пеп, но никогаш во јавноста не го открив тоа
Главна приказна во англискиот фудбал е аферата со Мохамед Салах и Ливерпул. Брилијантниот крилен напаѓач, еден од најдобрите играчи во последната деценија, е огорчен што не игра во првиот тим додека Ливерпул е во длабока криза. Откако беше на клупата трет натпревар по ред, тој изјави пред камерите дека тренерот Арне Слот „го фрлил под автобус“.
Коментарот на Салах предизвика голема контроверзност во Англија. Дел од јавноста е на негова страна, а дел смета дека не требало јавно да .
Ливерпул го казни Салах со тоа што беше со тимот на гостувањето кај Интер во Лигата на шампионите, кое „црвените“ го добија со 1:0.
Случувањата во Ливерпул беа главна тема на емисијата „Голазо“ на „Си-би-ес Спортс“ за Лигата на шампионите.
Легендарниот француски фудбалер Тиери Анри рече: „Имав проблеми со Венгер и Гвардиола… Дали зборував јавно за тоа? Никогаш! Без оглед на тоа што се случува во клубот, вие го заштитувате клубот – вашите соиграчи, тренерот, персоналот. Не ги покажувате во јавност „валканите алишта“, особено кога клубот поминува низ тешки времиња.“
Ливерпул, викендов ќе игра против Брајтон во првенството во сабота, а Слот рече дека Салах нема да биде во составот ниту за тој натпревар.
Foto/ depositphotos

