Македонија
Вкупно 685 лице се лекуваат од коронавирус во болниците низ земјата

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 685. Има околу 616 празни болнички кревети во ковид центрите.
По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, на инфективните оддели во главниот град се лекуваат 287 лица.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 36 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 31 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 20 пациенти, во Велес се лекуваат 34 болни, а во Куманово 59 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 40 пациенти, во Прилеп 49 во ковид центарот во Гостивар 15, а во Струга 24 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 29 пациенти, во Кочани 8 во Кичево 15, Кавадарци 22, во Гевгелија 7 лица, а во Дебар 9 позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.
Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.
Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Мицкоски во дводневна посета на Лондон на Самитот за Западен Балкан

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, заедно со владина делегација ќе присуствува на Самитот за Западен Балкан, кој оваа година се одржува во Лондон, Велика Британија.
Од Владата соопштија дека Мицкоски, заедно со вицепремиерот Александар Николоски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, министерката за финансии Гордана Кочоска Димитриеска, како и министерот за евроинтеграција Орхан Муртезани ќе учествуваат на голем број состаноци во состав на Берлинскиот процес.
„На маргините на самитот, а и во рамки на посетата на Обединетото Кралство, предвидени се голем број на билатерални средби, за што навремено ќе ја информираме јавноста. При посетата на Обединетото Кралство, владината делегација ќе оствари повеќе економски работни средби кои ќе преставуваат економски исчекор за меѓусебната соработка“, велат од Владата.
Македонија
Мојсоска: 3.000 гласа вредни како 30.000, нашата борба можеби е тешка, но е праведна

Скоро 3.000 гласа вредни како 30.000, со овие зборови Јована Мојсоска, актуелен пратеник и кандидатка за градоначалник на Струга, им се заблагодари на своите сограѓани за поддршката на локалните избори. Во објава на социјалните мрежи, Мојсоска порача дека секој глас добиен за Левица е „чист како солза“, без поткуп, уцени или закани, туку даден од искрена желба за подобро утре.
„Мои стружани и стружанки, фала ви од срце за секој глас и поддршка, секој наш глас е чист како солза, без поткуп, уцени и закани – туку од искрена желба за промена и подобро утре. Тие чесни луѓе кои го ставаат јавниот пред личниот интерес се хероите на нашето време! Позитивниот прием кој го осетив изминатиов месец е само показател дека стружани имаат желба за промена и дека нашата борба допрва претстои“, истакнува Мојсоска.
Таа најави дека заедно со советникот Климе Карамитре ќе се борат за интересите на сите граѓани, со цел да се спречат, како што вели „лукративните пазари на бизнис партиите“.
Особено ја радуваат, додава, резултатите во градот, каде што на шест избирачки места, во училиштата „Ибрахим Темо“ и „Јосип Броз Тито“, Левица освоила прво место по број на гласови.
„Ме радуват и драстично зголемениот раст на поддршката во Подгорци, Октиси и Лабуништа – што покажвит дека времето на Левица во Струга допрва доаѓа“, додава таа.
Мојсоска завршува со порака: „Фала ви од срце убај луѓе – нашата борба можеби е тешка, но е праведна!“.
Македонија
Најголема победа во првиот круг има Јане Мицевски во Сопиште со освоени 80,2% од гласовите, вети нов резервоар за вода

Кандидатот за градоначалник на Сопиште од ВМРО-ДПМНЕ, Јане Мицевски, извојува најголема победа во првиот круг на овие локални избори со освоени 80,2% од гласовите на жителите со право на глас. Од запишаните 5.483 гласачи во оваа општина, на гласање излегоа 2.937 жители, а за него гласаа 2.524.
Тој на жителите на Сопиште им вети нов резервоар за вода, како еден од посериозните проекти на кои ќе работи во претстојниот мандат покрај многуте проекти за подобрување на инфраструктурата, спортот, образованието, безбедноста, транспортот и културата на кои рече дека активно ќе работи.
Мицевски на овие избори доби втор мандат од жителите на Сопиште. Тој и досега беше градоначалник на Сопиште. И во 2021 година во првиот круг беше избран за градоначалник со освоени 67,96% од гласовите кога за него гласаа 2.161 жител на општината.
Зад Мицевски со освоени 79,73% од гласовите е победата на Александар Георгиевски од ВМРО-ДПМНЕ во Илинден, кој исто така на овие избори доби втор мандат од граѓаните. Од вкупно запишани 14.908 гласачи, на гласање излегоа 7.746, а за него гласаа 6.386 граѓани.
И на претходните избори во 2021 година кога го доби првиот градоначалнички мандат, Георгиевски беше избран во првиот круг со освоени 54,75% од гласовите кога за него гласаа 4..861 жител на Илинден.
Меѓу тројцата градоначалници кои извојуваа најголема победа во првиот круг на овие избори е и Борче Митевски од ВМРО-ДПМНЕ, кој во Петровец доби петти мандат со освоени 77,43% или 3.493гласа. Во оваа општина се запишани 8.144 избирачи, а на гласање излегоа 4.410.
Убедлива победа има и Иван Јорданов од ВМРО-ДПМНЕ во Штип со освоени 76,74% од гласовите со што доби втор, последователен мандат.
Со 74% од гласовите победа во прв круг и втор мандат освои и Славе Андонов од ВМРО-ДПМНЕ во Василево.
Со убедлива победа трет мандат на овие избори освои Митко Јанчев кој доби 73,89% од гласовите, следуваат Марко Колев со освоени 73,34% од гласовите во Велес, Тодорче Николовски во Кратово со 73,2%, Киро Нацков во Градско со 71,92% од гласовите, Ристо Манчев во Босилово со 70,12 % од гласовите, а останатите градоначалници добија поддршка помала од 70% од гласовите.
Процентуално најголема поддршка вчера доби кандидатот на Алијанса за Албанците во Врапчиште, Исен Шабани. Тој според податоците од Државната изборна комисија доби 88,13 % од гласовите, но гласањето мора да се повтори поради мал одѕив на изборите На гласање излегле 24,41% од запишаните граѓани со право глас место една третина колку што пропишува Изборниот законик.
Во првиот круг избрани се градоначалници во 43 општини,а во останатите, како и во Град Скопје градоначалник ќе се бира во втор круг, на втори ноември.