Топ
25-годишен прилепчанец загина за време на лов
Дваесет и петгодишен прилепчанец бил застрелан во атарот на мариовското селото Витолиште, додека со пријателите бил на лов на диви свињи во Мариово.
Тој бил погоден со ловечка пушка од друго лице кое било во групата, информираат од полицијата.
Настанот се случил околу 11 часот, а неколку часа подоцна Итната медицинска помош констатирала дека им подлегнал на повредите.
По наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Популарноста на Америка опаѓа во светот, додека на Русија и Кина расте, покажува истражување
Популарноста на Америка како глобална сила опаѓа ширум светот, особено во земјите со мнозинско муслиманско население, додека на Русија и Кина расте, според Индексот за перцепција на демократијата за 2024 година.
Анализирајќи околу 63.000 испитаници од 53 земји, индексот ги сумира ставовите кон демократијата, геополитиката и играчите на глобалната моќ.
Политико известува дека меѓународната репутација на Америка е нападната од почетокот на 2023 година, особено во муслиманските земји каде што непоколебливата поддршка на Вашингтон за Израел во неговата војна во Газа се покажа како интензивно раздор.
Сега кон трендот се приклучува и Европа, тврди политичкиот магазин.
„За прв пат од почетокот на мандатот на администрацијата на Бајден, многу западноевропски земји се вратија на нето негативната перцепција за САД. Овој пораст и пад, од негативни ставови кон позитивни [и] назад кон негативни ставови, е особено изразен во Германија, Австрија, Ирска, Белгија и Швајцарија“, рече Фредерик ДеВо, постар истражувач за истражувачката компанија Латана, која го состави индексот.
Во меѓувреме, позитивните перцепции за Кина во Азија, Северна Африка, Блискиот Исток и Латинска Америка продолжуваат да растат, доведувајќи ја глобалната перцепција на Пекинг до нето позитивна, и покрај континуираниот европски скептицизам.
Македонија
Започна вториот круг од претседателските и парламентарните избори
Во Македонија утрово започна вториот круг од претседателските и парламентарните избори.
Избирачките места, од кои вкупно 3.480, беа отворени во седум часот, а ќе бидат затворени во 19 часот.
Во вториот круг од претседателските избори граѓаните ќе одлучуваат меѓу Гордана Силјановска Давкова и актуелниот претседател Стeвo Пандеровски.
На парламентарните избори, граѓаните ќе можат да избираат помеѓу 17-те изборни листи, меѓу кои коалицијата „За европска иднина“ предводена од СДСМ, коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, коалицијата „Храбро за Македонија“ предводена од ГРОМ, партијата Левица, коалицијата „Европски Фронт“ предводена од ДУИ, коалицијата „Вреди“, движењето ЗНАМ, партиите Родина, Македонска Ера Трета, Демократи, Единствена Македонија, Нова Алтернатива, Аваја, Твоја, Десна, Работничката партија, како и за групата избирачи Џула Челику.
Свет
Одложено судењето на Трамп за тајните документи, датум за продолжување не е утврден
Федералниот суд во Флорида го одложи, без да одреди датум за продолжување, почетокот на судскиот процес против поранешниот американски претседател Доналд Трамп поради несовесно постапување со документи класифицирани како тајни.
Тоа е едно од четирите процеси што се водат против Трамп, а требаше да започне на 20 мај, но федералниот суд оцени дека тој рок е неодржлив поради бројните претходни претставки поднесени до судот.
Ајлин Кенон, судијката назначена од поранешниот претседател, не одреди нов датум.
На републиканскиот претседателски кандидат во моментов му се суди во Њујорк за сомнителни исплати пред претседателските избори во 2016 година.
Во судскиот процес против него во Флорида, Трамп е обвинет, заедно со двајца лични секретари, дека однеле доверливи документи во приватна резиденција во Мар-а-Лаго по напуштањето на Белата куќа во јануари 2021 година.
Според обвинението, Трамп со чувањето на овие документи ја загрозил националната безбедност. Меѓу нив имало и воени планови како и информации за нуклеарно оружје, кои во согласност со законот требало да ги врати во Националниот архив.
Тој беше обвинет и за обид за уништување докази. Најсериозните обвиненија може да му донесат затворска казна од десет години.
Неговите адвокати направија се за да се одложи судењето.